Читам прилично доста книги...Ако неколку денови не читам книга, се осеќам празно Ме интересираат секакви книги, но најинтересни ми се оние со некоја животна поука, љубовни романчиња,криминалистички или па чик литература (која во последно време не ми е баш интересна, бидејќи сите книги ми се некако слични)
читам доста книги,сакам да читам,ем што ми го збогатува речникот на изразување,ем се и опуштам,се релакрсирам,уживам едноставно .немам нешто конкретно што преферирам да читам, се што ке ми се препорача или се што ке ми фати око на прв поглед или буквално речено од психологија до еротски романи се си читам
Читам читам и тоа како. Секаков вид на книги но највеќе психолошки. Ви ја препорачувам Се плашиш ли од темница.. Или дали ме чекаш од Гијом Мисо .. и потоа исто од него. Исто преубава е Ќе ви се плукам на гробовите... многу убава книга но малце е напната така да ретко кој може да ја прочита сепак вреди.
Кога имам време се трудам да се опуштам со некоја добра книга. Почнав со читање на криминалистика па преминав на љубовни, а сега преферирам мистерии, трилери и сл.( најверојатно со текот на годините и менував жанрови) Најголем впечаток ми оставил Зафон и ги обожавам сите негови книги..
И јас ја сакам француската литература.Читам многу.Месечно најмалку 3 книги.Имам таква професија и многу ми помага читањето.Ми тече мислата, брзо пишувам, речита сум.А и пишувам поезија.Се промовирам на различни сајтови, бидејки сега со интернетот се се може.И Пауло Коелјо ми се допаѓа како пишува, релаксира, а од поетите Пабло Неруда - незаменлив романтичар.
Јас скоро почнав да читам книги и имам намера да продолжам со полна пареа!Ги засакувам книгите. Моментално ја читам „За кого бијат камбаните-Ернест Хемингвеј“ и сум прикрај,уште 70 страни.Стварно добра книга.
Јас најмногу читам за летен распуст. Освен книгите за на училиште сакам да читам љубовни романи и трилери. Посебно ги обожавам љубовните ако има некакви сплетки или ако љубовта им е забранета
Читам многу, трошам пари на книги многу. Читам се што ќе ми дојде при рака, од историски романи, семејни драми, до психолошки романи, трилери, руска, француска, шпанска, секаква литература, белетристика, СЕ! Единствено нешто што неможам да читам се љубовни романи од калибарот на Никола Спаркс и компанија, едноставно не ми го привлекуваат вниманието заедно со книгите од типот на прирачници за тоа како да размислувате позитивно, или како до поголем успех, или нешто во тој стил. И во обичните романи ги има истите пораки, суптилно скриени и проткаени низ приказните и дејствиата. Моментално омилен писател ми е Карлос Руиз Зафон, мајстор за раскажување. Кога ги читам неговите романи буквално можам да се префрлам во тој свет и да се соживеам со приказните на ликовите да се исклучам од реалноста, да си пожиевам барем за момент во тие магични светови што толку добро ги има креирано. И на второ место се Ирвин Д. Јалом и Достоевски,затоа што психологијата ми е слаба точка
Читам колку што можам, обожавам да читам ама времето и обврските не ми дозволуваат толку колку што сакам. Сакам да читам класици ама сепак ретко ги читам. Потешки се за читање, па ги земам кога имам подолго слободно време. Не ми се за секојдневно опуштање Руските, многу јасно, ги ставам на прво место. И комплет цел реализам. Вака за секој ден читам трилери, посебно сакам психолошки трилери. Сакам научна фактастика, сакам драми, посебно историските драми. И јас како и Анабел несакам љубовни романи ниту оние "прирачниците" што ги спомна. Тоа ми се чисти глупости. Незнам зашто ги викаат книги, тоа ми е мене ништо повеќе од списание.
Јас многу сакам да читам,и постојано читам.Најмногу сакам да читам романи (авантуристички и љубовни).Едноставно обожавам да читам книги....
нема ништо подобро од тоа да го искористиш слободното време да прочиташ некоја добра книга...најинтересни ми се оние со испреплетени случувања и те тераат цело време да читаш за да го дознаеш крајот
тетками работи во книжара и стално ми кажува што е актуелно и интересно најново стигнато па така да читам за време на викенд... иначе најмногу сакам љубовни романи извинете што малце ќе бидам офф топик ама ако го прашам ова во другите теми најверојатно малкумина ако не и ич ќе го прочитаат ова за да ми одговорат... вчера средував албуми со слики и најдов пакет со писма, тие писма му ги пишувале на таткоми кога бил војска 1990 .. па имаат многу интересна содржина и ми даде инспирација тие писма и случувања во неговиот живот да ги преточам во книга.. исто интересни се писмата што му ги пуштала мајками додека го чекала и неговите другари кои биле исто во војска само на различни места во југославија... завршувањето со војската и повторното собирање на друштвото.. муабетот ми беше што мислите дали на луѓето би им било интересно да прочитаат таква книга? дали вие лично би прочитале книга со ваква содржина.. ве молам за искрен одговор
Зошто да не биде интересно Мелани. Ако си добар писател и знаеш да ги доловиш оние моменти кои би го восхитиле читателското срце, зошто да не биде интересно. Јас лично би прочитала нешто во тој стил. Но, треба да најдеш издавачака куќа, да го промовираш делото... Да има во библиотеките. За тоа се потребни и пари. Ако сакаш нешто и да заработиш, не знам, не е баш лесно. Тиражот на книгата за да биде читана и да стане популарна, треба да биде поголем... Ако биде поголем требаат и повеќе пари, нормално. А и процедурата да се издаде книга не знам баш точно какава е. Ајде да речиме дека ќе ја издадеш, како ќе ја промовираш ? Искрено, во моето училиште ( гимназија) имаше неколку не многу познати кои промовираа книги. Не знам дали некој имаше од учениците. Јас не ни знаев дека имало. Прочитав на фб од страниците кои сум член , а информираат за новостите за градот. Околу промовирањето мислам дека ќе биде потешко... Искрено би прочитала нешто во тој стил. Само кратката фабула звучи интересно.
Фала на искреното мислење .. јас многу се заинтересирав кога ги читав писмата и го замолив татко ми да ми раскаже се поопширно.. и кога ќе имам доволно информации со малку додадена моја фантазија мислам дека ќе биде интересно.. иначе за пари моите родители ќе ме спонзорираат вероварно, знам дека не треба малце туку малце одповеќе ама имаат они... а ако најдам спонзор уште поубаво... исто имам досега напишано љубовно романче само се думам дали воопшто овде да пробам нешто да издадам или да се стремам да го заинтересирам на некој од странство, некоја издавачка куќа надвор од државава...ме интересираа мислењата на феминките да видам дали воопшто на некого ќе го заинтересирам... ќе видиме јас почнав да пишам па ќе ве известам кога ќе бидам прикрај...
Еве лично јас како зависник од книги, би се препуштила на една таква книга и како совет или идеја би додала на сета таа приказна со воени содржини да се додаде некој /шмек/ некоја платноска љубов, или мајчина болка - нешто емотивно што го има скоро во секој роман, но војната и тоа како може појдовна точка за создавање на едно дело за почит. Тоа се драга Мелани нека биде на твојата фантазија. Инаку што се однесува за издавачката куќа би ти препорачала да соработуваш со некоја домашна издавачка куќа, ако ме прашаш зошто - Незнам Тоа што има кој да те спонзорира уште поубаво но запамети ти си најголем спонзор во случајов, колку повеќе напор толку повеќе успех. Мелани ти посакувам среќа,ако нешто дополнително те интересира, мислење или било што, тука сум. Поз
Предизвик за Фемина читачите Јас читам прилично многу, во секоја можна прилика, во секоја слободна минута. Месецот не ми поминува без 6-7 книги, а летно време кога одам на одмор и многу повеќе. Особет некои интересни книгички што не се оставаат, некоја романтична комедија или некој трилер кога ќе ме завлече Ако сакате да видите како се читаат 3 книги за една недела наместо за месец дена, ви препорачувам сега на саемот на книга на попуст да си ги купите двете нови од Џули Џејмс (Само најсекси маж кој постои и Нека подобриот) и трилерот Јас те сакам повеќе Илиииии трилогијата сега филмот што излезе: Игрите на гладните. Е тоа не се остава!
scream1 ти благодарам на мислењето, а тоа за платонската љубов горе напоменав за писмата мама што му ги пуштала на таткоми додека бил војска и раздалеченоста меѓу нив.. така да ќе го има и тоа, мене роман во кој нема некоја љубов ми е некако безвезен хеех