Обожавам да читам. Во мојата библиотека најчесто има трилери, авантуристички, историски и психолошки книги. Не обожавам премногу лесна женска литература.
Кога имам време си читкам пред спиење... Имам многу домашна неможам се да постигнам... Сега, јас ја читам Њујоршка Трилогија, на првиот дел сум... Интересна книга е, детективска
Обожавам книги. Штета е голема што на факултет неможеме да полагаме книги какви што сакаме да читаме. Ма се 10ки ќе имав Инаку читам книги доста, се што ми паѓа на очи го читам за помалку од два дена, едноставно додека не ја прочитам книгата ниту гледам телевизија ниту пак правам некоја друга занимација
Читамн многу книги, но имам еден проблем, сите книги од библиотекатаги прочитав и сеа с купувам оваа недела купив5 ... Претпоследна ја читав „Внимавај што посакуваш можеби ќе ти се исполни“ и некои др „ЈУлија - Ен Фортие“, „Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едвардс“ „“Крила - Даниела стил“ луна ... и некои други Сакам да читам се :?)
Периодочно е тоа кај мене и се зависи од слободното време и волјата кои ги имам! Додека бев на факултет во рок од 4 години прочитав само една до две книги , а имам периоди како овој последниот кога постојано зафаќам нешто да читам, завршувам една и веднаш започнувам со друга книга! Немам сопствена библиотека и да си кажам искрено скржава сум кога се во прашење книги, не ми се оделуваат пари за книги и затоа најчесто позајмувам од моја блиска која само ги купува книгите и заборава да ги чита Како и да е, се снаоѓам некако и си читкам секогаш кога имам слободно време на располагање!
Читам доста и сакам да читам љубовни романи, трилер, некои со мистерии. Последно ја читав Деловна Придружба-Џенет Ејнџел стварно ми се допадна многу,па ја препорачувам
си читкам редовно. сега на саемов се изнакупив си ја подновив мојава домашна библиотека, и баш се радувам уште не сум стигнала да дочитам се. последно ми беше Шангај бејби - веј хуј...се навлеков на купохоличарка си ги земав сите делови, ја читам секогаш кога сакам да се нсамеам и опуштам...препорачувам! посебно за летниов период!
Eве да ја замолам Pеин, ако може да става линкчиња вака од книги, дал на Mакедонски, дал на Cрпски, не е битно, не е битно ни од кој Aвтор, зашто има мрзливи луѓе. што ги мрзи да се зачленат во библиотека Tи ставај што најдеш јас да си симнувам да си читам
Обожавам да читам. Секогаш наоѓам нешто за читање. Највеќе сакам историски фикции, ама читам се обично. Само не ги можам ич ефтините американски романчиња љубовни (читам и љубовни само да не бидат ептен без везе ко Краеви и Почетоци од Нора Робертс). Си земав интересна трилогија од саем за животот на Александар Македонски раскажано од негова преспектива, ама има време додека дојде на ред. Уште многу книги има време додека дојдат на ред. Ја земав Јулија од Матица пред некое време, можеш да ми кажеш импресии?
Без книги не можам да си го замислам животот!! Најповеќе читам психолошки романи, епска фантазија, научна фантастика, хорор, параспихологија и мистерии
Читам речиси секој ден. Сакам да читам се - од лесни љубовни, семејни драми до трилери, чик литература, психологија, филозофија и се разбира класици. Некако сега не ми се по кејф тие лесните романчиња, па во последно време го читам Херман Хесе (Демијан, Степскиот волк, Сидарта, Росхалде). Исто така навлегов во филозофскиот правец егзистенцијализам - Жан Пол Сартр (Тегобност), Албер Ками (Паѓањето, Странецот) итн. Последно што прочитав беше Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд, прекрасна книга во која може да најдете извонредни мисли во изобилство.
Секакви книги читам, од најразлични жанрови, честопати насловот ме привлекува и до сега ме нема прелажано "Вероника реши да умре", "Моќта на љубовта" , "Рајот може да почека,но може ли тој", "Книга за жената", "Калуѓерот што го продаде своето ферари" ....
Постојано читам некоја книга... и да немам време пред легнување една глава ќе прочитам Највеќе сакам хорор книги љубовни и мистерии Најголем впечаток досега ми имаат оставено КУТИЈА ВО ОБЛИК НА СРЦЕ, ЗАЕДНО, БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ , КУЈНА И СЕДЕУМ ДЕНА ЗА ВЕЧНОСТ
Си читам редовно,читам различни жанрови,психолошки,љубовни роман,чик литература а најомилени ми се книгите на никола спарк
Читам редовно и гледам да опфатам што поразлични видови на книги. Меѓу омилените ми се на Даниела Стил и Агата Кристи, а сакам љубовни, малку психолошки и мистерија. Кога сакам да си одморам глава и да се релаксирам без многу размислување, читам чик-литература со некоја весела и интригантна тема.