Навистина не можам да ги разберам нашите издавачки куќи и нивниот начин на работа- преводите се катастрофа, а книгите буквално искасапени од кратење на делови од оригиналот. И потоа зошто читам стари книги со тврди корици, е зошто де? Не сакам да спомнам за која книга се работи, затоа што изреволтирана го правев муабетот и во живо- но се работи за превод од издавачката куќа Гурѓа. Книгата во оригинално издание како што јас ја читав има 450 страни, а нивното преведено издание со ист почеток и ист крај има 160 . Се прашувам што е искасапено, ма не, што е масакрирано? Како можат така да прават? Ептен бев изреволтирана кога го видов ова, ептен.
Па скоро сите книги на Ѓурга се такви, затоа и се толку евтини. Јас одамна не купувам од таму. Се нервирам периодов некако немам време за читање, па ми фали. Читнувам на нога по некоја страна или додека сум во автобус...
Па читам книги прилично многу. Дома,во автобус,кога одам да се релаксирам негде за викенд. Ме нервираат мислењата од типот како можеш да се релаксираш со книга или како не ти е досадно да читаш. Не ги разбирам луѓето што имаат одбивност кон книги,ама сепак незнаат што губат. Порано,односно пред 3,4 години преферирав да читам некои љубовни романи и некоја чик литература. Сега неможам да ги смислам.Онака како што созревам ми се менува вкусот и барам нешто повеќе од книгата,од само некоја трагична љубов или мислења од типот шопингот лечи се. Ете,за ова лето си поставив цел и почнав со руските класици.Почнав со Достоевски и уживам да го читам. Исто ми се допаѓа стилот на Херман Хесе,Буковски и ред други. Посебно ми се издвојува еден македонски писател кој го открив неодамна,Паскал Гилевски. Дава толку добар опис на Македонија за времето под турско ропство,има прекрасен начин да ја прикаже љубовта,страста што вљубените ја чувствуваат меѓу себе.
Летово ми тргна со книгите повече од било кога.Си се изначитав. Највеќе ги сакам психолошките книги или оние од кои може да се извлече голема поука.
сакам интересни и духовити четива,многу ги сакам сите делови на купохоличарката од Cофи Kинсела,и ви ги препорачувам "The Secret Dreamworld of a Shopaholic" (2000) also published as "Confessions of a Shopaholic" (2001) "Shopaholic Abroad" (2002) also published as "Shopaholic Takes Manhattan"(2001) "Shopaholic Ties The Knot" (2002) "Shopaholic & Sister" (2004) "Shopaholic & Baby" (2007) "Mini Shopaholic" (2010) голем поздрав и многу бакнежи,ве сакам
До пред некој месец ги прочитав сите книги од чик лит. што ги имав дома. Искрено, веќе како да почнувам да губам желба за таков тип на книги. Според мене, некако, немаат што повеќе да понудат отколку она старото, шопинг и се е во ред, и оние романси во кои не се случува ништо интересно. Во овој период сум преокупирана со читање на делата и лектирите за во втора година средно, и некои автори пријатно ме изненадуваат. Исто така, сакам да читам бестселери ан англиски јазик со фантастична содржина, како што се Самрак и Вампирски Дневници. Поздрав
И јас наидов на истиот проблем што многу ме изреволтира. Имам купено најмалку десетина книги во нивно издание и „Синови и љубовници“ од Д.Х. Лоренс ја купив цела на англиски по истата цена што ја продаваат и Ѓурѓа, а нивното издание е само 176 страни, додека оригиналот е 510. Кога културно јавно ги прашав преку нивната фејсбук страница зошто така ги кратат изданијата на книгите тие ме нападнаа, ми рекоа дека треба да научам многу работи во животот, како и да го ценам пишаниот збор, а скратените книги биле најмногу десетина. ХАХАХАХА, смешно нели? Ако јас не го ценев пишаниот збор немаше да сакам да прочитам целосна, а не прераскажана верзија на некој роман. Гледам дека не сум единствената изреволтирана од оваа издавачка куќа на која поважен и квантитетот од квалитетот на нивните изданија. Исто така морам да напоменам дека значително им е скратена и „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин, како и останаите кои ги имам купено. Од десетина купени книги од нивната издавачка куќа колкава е веројатноста да сум ги погодила баш тие десет што тие ги скратиле во преводот?
Обожавам да читам книги особено во лето,а омилени ми се љубовните романчиња...А инаку сакам секакви книги да читам
Многу сакам да читам книги, омилени ми се книгите со психолошка, криминалистичка и фантастична содржина.
Книги ептен сакам да читам. Најмногу ме привлекуваат криминалистички дела, дела во кои има многу мистерија и загатки. Од писателиве најмногу ги читам Агата Кристи(која според мене ги има најдобрите криминалистички роамни), Паоло Коелјо, Синди Шелдон, Ден Браун, Даниела Стил и уште многу други
Обожавам книги.Идам во библиотека на 7-10 дена и си земам по 3 сите ме научија а посебно една кога ќе ме види идам само преобрнува со очите Сакам трилери и романтика, авантури и нова литература. КаКо подобри книги што сум ги прочитала ке ги издвојам: Ако го дочекам утрото-Сидни Шелдон, Точка на кулминација-Памела Клер, Дигитална тврдина-Ден Браун Дневникот на Сузан за Николас(не се сеќавам од кого беше), Алхемичарот, но сепак Нечиста крв ми е незаменлива не знам што има во таа книга што толку ме привлекува 100 пати ја имам прочитано, ја знам напамет
читач сум од 4 години..мирисот на библиотека и стари книги ми буди уникатно неописливо чувство!читам се што е квалитетно,има содржина и добра приказна од која учам нешто.. мразам амеркански глупи психологии и оние со купохоличарката што ги "читаат" сите што сакаат да имаат украс во соба.. руските класици особено ана каренина и мајка ми се незаменливи,хесе ми остава силен впечаток,сите книги кои ми доближуваат некоја подалечна цивилизација и култура,психологии...последно што читав е трилогијата милениум и сеуште сум под импресии..
Ова лето почнав да читам книги. Досега имам прочитано 5 книги. Повеќето се тинејџерски а имаше една за животот. Порано не ни помислував за читање на книги ама ова лето сфатив дека многу е добро да се читаат
Сакам многу да читам, ама поради обврски преку година само летото ми е така слободно и можам да прочитам неколку книгички. А највеќе така преферирам некој вистински приказни Ако има некој предлог за некоја добра вистинска приказна нека пише Поздрав
Ако сакаш вистинска книга со вистинити приказни читај го Светото Писмо почнувајќи од Новиот Завет, Достоевски од писателите според мене е најдобар, а Светото Писмо дефинитивно ми е на прво место најубаво нешто за читање посебно Новиот Завет поздрав.
Сакам да читам меѓутоа немам баш време за тоа. Во текот на школската година ќе натрупаат со материјал да не можам ни 8 саати да ги отспијам како што треба. А и професор еден по македонски што имам, денес кажува која книга за утре да се обработува. Не им е ли јасно дека некој навистина сака да чита книги Па така приморана сум да препишувам содржини и на распусти да ги читам ако ме заинтересира некоја. Едвај ги чекам распустите заради книга некоја да читнам.