Сакам книги со добра содржина,со добра поука,па читам различни. Последно ја прочитав книгата "Се што премолчавме"-од Марк Леви и имам само позитивни критики. Вреди да се прочита
Meсецов се расчитав. Највеќе ме привлекуваат психолошки трилери. Сметам дека е залудно да читам некои љубовни романи од типот на Спаркс, Коељо, поефективно ми е да изгледам филм од 2 саати (ма да и тоа не го правам), отколку да потрошам 2 дена, на нешто веќе видено, слушнато, прочитано, клише. Паднати - Лорен Кејт; Тунел - Ернесто Сабато; Цвеќињата на злото - Шарл Бодлер; и моментално ја читам Шепнувачот - Донато Каризи. Тоа е за месецов, а мислам дека ќе имам време и за некоја мала книга, како Старецот и морето - Хемингвеј или Маската на црвената смрт - Едгар Алан По.
Секогаш се обидувам да најдам време за да читам книга затоа и се запишав во библиотека за да можам постојано да читам. Инаку сакам книги што ми го привлекуваат вниманието уште на почетокот, што се лесни за читање, што содржат некоја поука, па со тоа можам да кажам дека сакам различни стилови, било се психолошки, романтични.
Па многу често читам книги.Лектирите не ми се интересни воопшто,па затоа читам романи.Многу сакам да читам романи,поготово од Горјан Петрески.
Обожавам да читам. Се внесувам во сопствената имагинација. Читам секогаш кога имам време. Сакам книги кои имаат некоја скриена филозофска порака, ме оставаат со прашалници на крајот и долго после читањето мислам на нив.
И јас сум феминка која обожава да чита. Сакам книги, си имам по некоја омилена од секој жанр ... но, да бидам искрена, со моите 21 година не сум баш луда по психолошките, сепак мислам дека сеуште „не ми фаќа кликерот“ за тој тип, иако некогаш знам да земам да прочитам и таква Секоја книга, без разлика на жанрот и содржината, си има некоја своја убавина која може да не научи на нешто. Луѓе кои не прочитале ниту една книга во животот за свое задоволство не можат да се наречат интелектуалци, без разлика колку факултети завршиле (а има и такви доста, барем во мојата околина) Би сакала и повеќе да читам, но некогаш заради разни обврски (читај:Факултет и испити) не успевам ниту една да прочитам во текот на месецот. Си дадов ветување самата на себе дека без разлика какви обврски ќе имам од 01.01.2013 ќе читам најмалку по 2 книги месечно, така да ќе ме гледате често на овие теми
Читањето ми е опсесија Обожавам да читам, и не ми е јасно како денешната младина(со чест на исклучоци!) не сака да чита? Во што е проблемот луѓе? Дајте седнете прочитајте некоја книга и престанете веќе со тој фејсбук Книгите ми се некој вид бегство од реалноста,и преферирам крими романчиња од типот на Агата Кристи, чик-литература, психолошки романи, и сите други видови кои вклучуваат описи на личности,размислувања на ликовите и слично
Мноогу читам.Обожавам книги со добра содржина,со добра поука.Не е важно дали е психолошка,љубовна,драма,роман,било што,ама да има навстина добра книга.
Обожавам да читам книги....поготово некои од историски аспект,но доколку книгата е добра може да биде од секаков жанр.Со самото читање сметам дека човекот се оформува како личност во текот на целиот живот. Последна книга која што ја прочитав е "Калуѓерот што го продаде своето ферари" - Робин Шарма. Прекрасна книга и му ја препорачувам на секого. Читајте и оформувајте се! “Кога еднаш ќе ги изговорите, ни најбрзиот коњ веќе не може да ги стигне вашите зборови.” – Кинеска пословица
Одамна не сум седнала да прочитам некоја нормална книга што ќе ме погоди особено и што ќе ми остави длабок впечаток. Ова се должи и на преголемата зафатеност во школо, како и краткотрајната мрза што се јавува кај мене одвреме-навреме. Распустов го закажувам за читање, читање и читање. Освен делата и лектирите за во школо, ќе гледам да најдам време да прочитам и нешто послободно. Инаку приметувам во последно време - вкусот ми варира со расположението. Денес ми се допаѓа криминалистика, а срцепарателната романтика ми е апсурдна; а утре може веќе сосема спротивното. Дувни ветре развигорче сум.... Којзнае што ми е.
Јас ги обозувам книгите особено авантурите и романите! Му препорачувам на секој да чита книги затоа што човек мн може да научи од нив! позз до сите што сакаат да читаат книги!
Читам во слободното време а бидејќи имам доста слободно време значи дека и многу често читам книги .Онака ме тераат за момент да заборавам на се и да се смеам без да мислам на некои мали проблеми , да избегам со мислете таму каде што се одвиваат главните перипетија во таа книга. Инаку обожавам да читам чик литерутури , онака чисто за релаксација (што вели мајка ми да си го исперам мозокот ) Исто сакам и книги во кои се раскажуваат случки о д реалниот живот , а обично не читам книги со магии , вештери , вештерки , вампири и друго , а пак кога станува збор за серии гледам секакви и од реалниот живот а и оние што се нереалистични посебно оние со вампири и вештерки тогаш , прва сум а не знам зошто е тоа така
Мнооогу читам, секој ден.. СЕКОЈ ДЕН!!!!!!!!! Преферирам фантастика, акциони, мистерии.. Реалистиките не ми се по кејф..
ДА ЧИТАМ...ОСОБЕНО БИ ГИ ОДВОИЛА: КЕРКАТА НА МОЈАТА НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА,СИБИРКА (од детството),ВО ПРЕГРАТКА НА МЕСЕЧИНАТА И ИЛЈАДА НЕВЕРОЈАТНИ СОНЦА .
Редовно читам книги. Неможам да заспијам ако не читам! Читам различни жанрови...од историски,психолошки,љубовни романи. Омилени ми се сите книги од Пауло Коељо. Го обожавам човекот...
Многу сакам да читам,но за воља на вистината не секогаш можам да ги купувам.Еве сега има попусти,ке изнакупам па ке имам повеќе за читање.И така од попусти на попусти ...само да не се некои тажни патетични романчиња и немам проблем!