Многу сакам да читам, како анти стрес терапија ми е. Сакам да читам тешки и комшлицирани книги, нешто налик руските класици кои ги читам одново, и одново, и одново... Посебно Достоевски, специјална пасија ми е тој шизофреник...
Обожавам да читам .. Кога ќе седнам да читам книга, знам да се изгубам на дооолг период не можам да кажам што посебно сакам, најверојатно белетристика .. ама сепак, секоја добра книга е добредојдена кај мене па дури и стара, добра класика како Достоевски
Од секогаш сум сакала да читам, како мала една лектира не изоставав дури тие што ми се допаѓаа ги читав по два пати. Па љубовта кон книгата продолжи да ме следи и на поголема возраст, сега обожавам да читам трилери, психологија и љубовни романи, па во некои ситуации кога сакам да се опуштам читам и по нешто од чик литературата.
Јас мноогу сакам да читам,иначе најмногу читам фантастика,авантура и романса.Најмногу ги сакам книгите од Николас Спаркс и Горјан Петревски.
Многу читам, тоа ми е бегство до реалност. Иначе, читам се, освен книги од рангот на "50 нијанси на сиво"
Обожавам да читам книги ама не од секаков жанр. Најчесто читам белетристика бидејќи онака ме релаксираат од стручната литература за на факултет што ми е. Ми се допаѓаат скоро сите книги од Аманда Квик, има доста добар сенс за дескрипција на нештата настаните се сместени во 19ти век а незнам зошто многу сум заинтересирана за тој период. Ми се допаѓаат исто така двете книги од Александра Потер „Која е таа девојка“ и „Мојот господин совршен“ што воедно ми се и последните што ги имам прочитано. Доста имагинативен и несекојдневен стил на пишување.
Читам доста многу,и би ви ја препорачала игрите на гладните сите три дела преубави се,а може и чокохоличарки на диета(слично на сексот и градот)
читам премногу книги и тоа од сите жанрови но најомилени ми се книгите поврзани за масонството, за египртските тајни и слично. Некој кој е љубител на ваков тип на книги би им ја препорачала - Пирамида - од Том Мартин , и се разбира сите книги од Ден Браун
Читам книги, многу. Тоа е мојата најголема релаксација. Јас им се чудам на луѓето кои неможат да најдат време, уствари не сакаат....за да прочитаат барем едно дело во годината. Жанровски може да кажам дека читам се`. Секоја книга носи свои убавини.
Не да читам, платава во Матица ја остаив уште на први, 9 на број, лесни романчиња за читање, досега смачкав 2, третата е почната. Голем фан сум на Ден Браун и ги имам сите книги и прочитано и ги имам во својата библиотека. Додека не излезе нова се зареков да не читам ништо друго освен лајтерица романчиња, во моментов такви се врткаат на репертоар, одвреме навреме понекое трилерче ама во секој случај мора нешто да се чита иначе не можам да заспијам
Сакам да читам интересно ми е, се внесувам во читањето. Мм вика цела плата ја трошиш на книги, после тоа книги да јадеш Кога ќе си го направиме спратчето уште некој месец обавезно во трпезарија си правам домашна библиотека. Сакам белетристика да читам најмногу чик-литература не знам зошто, но убаво ми е да си читкам такви некој како љубовни романчиња.
Читам многу во слободно време,ме смирувва.А најмногу читам романи (љубовни,семејни) и чик-литература.
Читам буквално се што ми дојде при рака. Моментално сум на 358-мата од Десеттиот случај-Џозеф Телер.Издание на Матица.Прекрасен трилер.Уште малку и ќе видиме дали прочуената Самара ќе ја обвинат за убиството на сопругот милионер. И еве при крај сум,мислам уште седумдесеттина страници имам а сеуште не сум сигурна дали е убиецот или не.Мошне неизвесна и интересна.Супер подарок за правници! Инаку во последно време сум ептен по трилерите.Инаку преферирам романси,чик-литература,психолошки а понекогаш и тинејџерски.Ама најмногу психолошките http://kupikniga.mk/AdminNew/App_Themes ... %D0%B8.jpg
Читам и тоа многу. Оваа навика сум ја стекнала уште од мала. Сите лектири ми биле прочитани... Нешто што во последниве години го преферирам да го читам се книги кои можат да ме опуштат и да не ме заморуваат многу. Никогаш не ме привлекувала научната фантастика, така да може некогаш сум прочитала нешто ама не ми останало во сеќавање. Во последниов период решив да се посветам на љубовта...и таквите книги сега ќе бидат добредојдени
Читам многу, купувам книги, но кога не сум при пари тркнувам до библиотека, така да на секои 5-6 дена имам нова книга пред себе. Читам се од руски класици до чик-литература, иако вторава најмногу ми одговара во периоди кога имам многу обврски и кога читањето сакам да ми биде релаксација после напорниот ден.
Читам книги и читам се тинејџерски..Се релаксирам кога читам и незнам како да си направам свој свет и додека ја читам таа книга како во тој свет да живеам (знам дека ви звуче чудно )