Многу...уште од дете, тоа ми е релаксација и начин за ослободување на стрес. Го обожавам моментот кога си ја „филмуваш“ книгата при читањето..замислувајќи ги главните јунаци итн. Иначе читам се, само ич ама ич не читам книги од типот психологија на успехот и сл.
А што им фали на книгите од психологија,јас тие ги читам,да не се тие книги за малоумни или? стварно не ми е јасно,тој што чита книги чита све
Многу читам книги. Попустов го искористив во Матица, се подновив со 6-7 книги.Најчесто читам чик литература, но сакам и психолошки книги, а во последно време и трилери.
Во последно време често читам.И обично читам книги за млади и секоја интересна,е сеа за роденден си ја барам Белиот Кловн и точка
Обожавам да читам..книгите се дел од моето секојдневие...најмногу сакам мистерии и психолошки, а омилени ми се книгите од Сидни Шелдон...во последно време ми се допаѓаат и Даниела Стил и Гијом Мисо.
Сакам да читам. Убаво е да читаш како викаат нели и од книгите можеш многу да научиш. Книгите се нешто посебно, јас на пример секогаш се релаксирам кога читам, мислите ми се само во неа и читајќи се обидувам да го доживеам она за што се зборува во книгата исто како да сум таму. За тоа што го читам си создавам една слика и така ми е поитересно. Сакам книги во кои има авантура, мистерија, нешто посебно и несекојдневно, да биде возбудливо за со нетрпеливост да чекаш да прочиташ за да дознаеш што ќе се случи понатаму. Едноставно ги сакам книгите
Сакам да читам. Многу читав како мал. Влегов у пубертет и едниствена книга што ја фанав тие три години беше Перфекс. Оваа година интензивно почнав да читам крими-трилери и мистерии.
Многу читам книги...Ги обожуваам и дури имам и добиено диплома за тоа колку читам Мнооогу читам и дома ги имам пооооолно loveboooks
Не сум читала како помала.Никогаш не сум сакала да читам книга.Лектирите од училиште никогаш не ги читам.Но,како пораснав почнав да читам.Почнав од прилика пред 1-2 години.Исклучиво читам љубовни романи.Ви го препорачувам Николас Спаркс а исто така и Даниела Стил
Читам доста, но во последно време никако не можам да најдам време. Најчесто бирам некоја драма, нешто возбудливо и неизвесно до самиот крај, ретко читам љубовни романи. Едни од поомилените, Загубената ќерка од Дајен Чемберлен и Без збогување од Линвуд Баркли.
читам секако некоја што ми е мене интересна така инспирирана од самиот наслов..читам во слободно време.....најдобри ми се некои такви тинејџерски последно читав ’девојките се од сатурн а момчињата од јупитер‘ многу добра се работи за љубовта,врските како да се запознаете, како да постапите на првиот состанок и так ред други работии ви ја препорачувам бидејќи е таква за тинејџери следна сакам да ја прочитам купохоличарка мислам ја има во повеќе делови, што мислите вие?
Доста читам. Не се оставам без барем 2-3 книги дома. До пред две години читав крими приказни - на Агата Кристи сите дела и ги исчитав од библиотеката. После тој период читав книги од Стив Бери, Ден Браун и други автори кои пишуваат на слична тематика. Сега го читам секој наслов што ќе ме привлече. Чик литература најслабо читам, не знам зошто.
Додека имам обврски со школо не читам толку. Ама летоска по цели денови скоро. Кога ќе навлезам во книгите што ги читам незнам како да престанам да читам. Најмногу сакам љубовни книги.
Читам, и преферирам психолошки трилери, но знам да се опуштам и со љубовни романчиња а од неодамна почнав да читам и по нешто од стручна литература.
До 5-то читав, престанав.. Лектири одвреме навреме само А ниги сега почнав, втората книга сеуште ја читам Неможам да издвојам убави, дека сега само што почнав
Многу сакам да читам и повеќе преферирам психолошки книги, мистерија, нешто ново и интересно за читање. Ги сакам книгите од реализмот "Злосторство и казна"- Достоевски, "Чичко Горио"- Оноре де Балзак, а исто така посебен впечаток ми остави книгата "Американска трагедија"-Теодор Драјзер (ви ја препорачувам иако е малце пообемна). Го обожавам и Лав Толстој и неговата "Ана Каренина"..Прекрасно дело.