Преферирам книги со заплети. Кундера, Памук . Ги сакам По, Гогољ и Шекспир (ах Сонот на летната ноќ). Исто така многу ги сакам и романтичарите. Пред малку си ги средував книгите. На некои од нив сум напишала и по некои кратки впечатоци и така си гледаам и читам како на една сум напишала - Мојата прва купена книга. А книгата е Дневникот на мотоциклистот од ЧЕ . Незнам што сум мислела кога сум ја купила ама знам дека бев многу швркната тогаш. Забегана до даска. А на една друга, Вештините на љубењето има посвета, до мојата сестра, секогаш да ужива... АБе детиште што сум знаела јас тогаш.
Уффф колку ми беше убаво порано кога многу читав. И си водев педантна евиденција хронолошка на прочитани книги. Со се делата и лектирите ми се збираа по околу 50-60 на година. Уживав. Откако отидов на факс, освен стручна литература, друга тешко доаѓаше на ред. my bad, што и сега е така. не од причина стручна литература, овој пат и јас нз зошто. Не ми се допаѓаат книгите кои пропагираат како подобро да живееш и такви квази филозофии, барем мене лично. Сум ја прочитала Најголемиот трговец на светот и неколку нејзе слични, ама увидов оти тоа не е тоа. Сакам разноликост, сакам ликови, дејствија, настани, перипетии, паралели .... Последен врв на воодушевување ми беше Вештица- од Венко Андоновски А од порано, трилогијата од Перл БАк (Добра земја, Синови и РАстурен дом), Џејн Ејр (од една од сестрите Бронте беше чинам), Богот на малите нешта- Арундати Рој, Пауло Коељо- исто одамна изживеан период, барем кај мене, Дамата со камелии (за тие што не знаат ја има книга, не само филм ) од Александар Дима- синот (чинам беше).... и мноооогу други. Сите овие топло ви ги препорачувам.Стилски се различни а поврзаноста- не ги читаш- едноставно ги голташ
Не ми дозволи да редактирам па вака да дополнам... Би ги споменала и класиците од Достоевски, Балзак и Толстој Демијан од Хесе Сликата на Доријан Греј- Оскар Вајлд А во основно по 100 пати ги препрочитав Сибирка, Срце, Хајди, Големи и мали, МАлечката фадета, Двојната лота, Еднорогиот елен и Исти очи. Им ги препорачувам на сите основци.
Па додека се оди на училиште поретко дека немам многу слободно време, за време на распуст читам така некои теен романи
Читам многу,секогаш кога имам слободно време,едноставно обожавам да читам,тоа ми е релаксација...Читам разни жанрови,но најмногу ги сакам оние базирани на вистински животни приказни,љубовни и да секако класиците.."Клетници" од Виктор Иго ми остави голем впечаток,иако некои ќе кажат дека овој роман е досаден,сепак е многу вреден и има многу поуки во него..Потоа "Чичко Горио"-реалистичен роман..Би ги издвоила и книгите на Никола Спаркс..И една книга која ми остави голем впечаток-"Загубената ќерка" од Дајен Чемберлен,преинтересна книга..Има уште многу,но да не набројувам...
Случајно налетав на оваа тема,многу ми е мило што не има во голем број...читав многу,па речиси престанав, но во последниве 10-15 години секогаш имам нешто за читање при рака. Секако дека е работа на вкус, но дела од типот “калуѓерот што го продаде своето ферари“ можам да прочитам со тешка мака,бидејќи книгите ми служат за лично опуштање и бегство од реалноста. За да го напишам овој пост,ги прочитав сите ваши претходни коментари,со многу од вас имам гоооолема сличност во вкусот за избор на книги, но ќе ја додадам и мојата листа на омилени книги / писатели: - се од ден Браун(не сум ја прочитала уште Ангели и демони) - Лажна вереница-Аманда Квик(ја има и на Македонски, за жал преводот е очаен,затоа препорачувам да ја прочитате на Англиски или Српски) - Ќерката на чуварот на спомените-Ким Едвардс - Внимавај што посакуваш,можеби ќе ти се оствари-Александра Потер - Жената во црвено- ?не ми текнува авторот - Девојката со бисерна обетка- Трејси Шевалије - Папата Јована-Дона Вулфолк Крос - Гусар- Харолд Робинс - Теодора -Пол Велман и нешто што никако не смеете да пропуштите и топло ви препорачувам да прочитате “Рингишпил“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ.
Читам доста, годинава малце потфрлив, бидејки бев тазе студент. Но за летово сум опремена да си надолполнам!
Сакам да читам, за жал во скоро време немам прочитано некоја книга бидејќи немам многу време. Но затоа денес ќе одам да купам една книга Пред некој ден случајно во една книжарница ми падна во очи, насловот ме привлече. Се работеше за животот, како да успееме во работата, како полесно да се справиме со секојдневните обврски кои ги имаме...
Па не сум голем љубител на книги,но кга се работи за добра книга едноставно морам да земам да ја прочитам.Во принцип многу сакам да читам книги кои кријат мистерија и јас да ја одгатнувам таа мистерија. Некако тие книги ја будат љубопитноста и возбудливоста.Исто така сакам да читам и љубовни романи со некои необични,невообичаени љубовни приказни
Читам книги кога имам слободно време. Во летниот распуст најмногу. Преферирем криминалистички и романи.
Читам како луда. На нова, убава книга се радувам како мало дете! Едноставно читам секакви книги во зависност од расположението. Пред неколку дена завршив со „Ловци на глави“ вчера го гледав и филмот. Добри се и едното и другото! Препорачувам! http://sakamknigi.mk/index.php/trileri/trileri-akcii/item/40161-ловец-на-глави-ју-несбе
Сакам да читам, и гледам слободното време да го пополнам со читање на некоја книга,инаку најмногу сакам љубовни романси
Е јас сум од оние кои читаат книги како што пијат вода Читам повеќе отколку што можам финансиски да си дозволам да си купам, но да ми се живи и здрави сајтовите за симнување Сакам трилери, љубовни романси и секако по некогаш сакам и добри криминалистички.
Сакам да читам, но почнам, прочитам до пола и потоа ме мрзи па после кога пак ќе ми се чита морам од почеток да почнувам
Книгите, односно читањето книги е многу корисно хоби или занимација, затоа читам многу често. Моментално книга што ја читам е Госпоѓица од Иво Андриќ.
Сум прочитала многу книги и скоро сите од нив биле љубовни романи. Едноставно ги обожавам. Од книгите за во училиште ги читам само скратените верзии, не можам да се занимавам со здодевни книги какви што ни даваат. А, за љубовни прва сум )