Читам кога имам слободно време, повеќе летен период. Сакам љубовни и чик литература така полесни за читање и што не те оставаат додека ги дочиташ омилен ми е Николас Спаркс..
Читам интензивно преку целата година, но најмногу за време на летото, бидејќи тогаш имам најмногу слободно време и можам да се посветам на книгите. Обожавам секакви видови на книги, а меѓу омилените ми се психолошките, политичките трилери, романсите, криминалистичките романи и белетристиката. Книгата е поучна работа и те учи на животот. Преку неа ќе созрееш психички и ќе сфатиш што се има околу тебе што дотогаш не си можел да го видиш. Непроценливо богатство кое не може да го поседуваш ако не читаш. Било каква книга може да биде добра за мозокот и неговото развивање. Сепак учиме додека сме живи, а тој што плука по книгата никогаш нема да созрее, никогаш нема да разбере колку е книгата неопходна во секојдневниот живот на тинејџерите и возрасните луѓе.
Обожавам книги и постојано читам. Сакам книги со романтична содржина, но и психолошки книги. Најчесто ги избирам според моменталното расположение и ги ценам мислењата на луѓето кои се начитани. Книгата е навистина прекрасно искуство и најдобар воспитувач, како и учител. Секаков карактер се надоградува со книгата...
До пред извесно време книга не сакав да видам. Не дека не сум сакала да читам. Толку ми дозволуваше времето. Е сега откако завршив со факултет, работа се нема, лето исто така, па се фрлив на читање. Сакам книги со љубовна содржина.Нешто во стилот на Николас Спаркс. Моментално дома имам преку десеттина љубовни романчиња кои чекаат на ред и едвај чекам да ги прочитам
Премногу ги закакав незнам што ми стана во последно .. немам сега нова да читам ги исчитав ови што ги имав -.- Пиреј почнав пак да ја читам ама тажна е планирам да си купам некој . Романтичарскиве дела некако ми се посебни имаат некаква содржина скитник по нови простори те води поето такви читам демек се пронаѓам.Ама читам секакви која што ја имам било каква да е ке ја прочитам И нормално следи критичарскиот дел од мене .-.
Книги читам кога имам слободно време, сега овој летен период доста често. Николас Спаркс и неговиот стил на пишување најмногу го сакам, дефинитивно.
Порано читав, сега со месеци ништо не сум прочитала, ама здравје ке одам да си земам нешто за читање овие денови
Најмногу на свет.Сеа дека работам у Матица,секојдневно исполнета сум со книги.Моментално сеуште ја читам `Керката на чуварот на спомените` од Ким Едвардс.
Обожавам да читам книги Омилени ми се Сибирка,Пиерета,Децата на капетанот Грант,Нина девојчето од Шестата Месечина(има 4 ДЕЛА)...
Најчесто читам книги кои имаат психолошка содржина како ајде да ти раскажам од Хорхе Букај итн...А најомилена книга ми е Малиот Принц, која се обработува како лектира во четврто одделение, а всушност како преработка на факултет, ако се сфати филозофијата во таа книга тогаш лесно ќе се разбере и филозофијата на целиот живот.
Додека трае учебната година не читам воопшто затоа што имам преееемногу за учење затоа во лето читам постојано. Сакам да ги читам книгите на Ден Браун како и криминалистички најмногу ја читам Агата Кристи
Јас на лето читам по 10 книги,си читам кога сум послободна и така Преферирам историски,а можи и љубовни и нешто од типот на Толстој,Достоевски,Чехов...
Незнам за вас,али јас обожавам англиски книги Англискиот јазик го знам многу многу добро,дека англиски учам од како знам за себе И кога и да можам читам книги на англиски,или ги купувам (мада се малце скапи 500 денари па нагоре),или земам од библиотека.Едноставно,ако имам нејасни зборови речникот е до мене Најчесто читам Paulo Coelho,Nicholas Sparks..обично некои интересни романчиња,а некогаш знам и да земам нешто со фантазија,или пак некои тинејџерски
Уште од мала сакав да читам книги. Но во 6то одд за прв пат се зачленив во градцката библиотека (дотогаш книгите ги земав само од училишната) одтогаш читањето ми станаа омилено хоби. Читав во толкава мера што татко ми дури и ми забрани да одам во библиотека еден период. Порано обожавав романи со фантастична содржина, всушност "Хари Потер" од Џ.К.Роулинг ми беше омилена книга. Книгата има седум дела а јас буквално секој дел посебно го имам препрочитано најмалку 5 пати. Ги обожувам книгите во кои главни протагонисти се принцези како на пример "Дневникот на принцезата" од Мег Кебот и "Малата принцеза" од Франсес Хоџсон Бернет. Сега најмногу читам љубовни романи и романи со психолошка содржина.
Душо, за таков читател, би требало да знаеш дека е - градската библиотека, оттогаш, и каде се ставаат запирки. Ова со совет дека треба да се посвети внимание и на јазикот, не само на содржината. Не е злонамерно. На темата - читам секој ден, за жал или среќа, најчесто стручна литература, а многу сакам филозофија и мистика. За разлика од економсија и право секој ден, убаво ми доаѓа навечер нешто кое не ми е стручно и ќе ме опушти.
Многу читам,уште од мала. Сакам криминалистички романи,психолошки трилери,мистерии и фантастични книги. Не ми се допаѓаат љубовните ,филозофските,историските книги-не ми се интересни.
Најмногу книги прочитав летово.Прочитав 10 книги. Секогаш сум читала по 5-6 во текот на летото.Сега помалце седам на интернет и интезивно читам. Пред 2 дена ја завршив-> Враќање Дома - Даниела Стил.