Она што најмногу ме релаксира и ме одмара кога ќе земам некоја добра книга,од која нема да ми се преспие и која ке ме тера се повеќе и повеќе да читам да дознаам што се случува понатаму. Најмногу ги сакам криминалистичките,трилерите...мада и понекогаш знам да земам и чик литература или некоја романса...ова лето не успеав да прочитам многу книги,ама лани летоска го направив рекордот,успеав за 3 месеци да прочитам 46 книги од различни жанрови и нормално сите си ги запишував...моментално ја читам калуѓерот што го продаде своето ферари и сум задоволна,малце пробав нешто филозофско а и доста позитивна можам да кажам.Следна на ред е точка на кулминација,слушнав многу добри критики за оваа книга,па ќе видиме
Читам...... МНОГУ. Мислам премногу. Шминкерка (Андреа Семплс) ја прочитав за 2 дена... Најмногу преферирам не толку тешки книги, лесни за читање, дебели обавезно и големи Некои љубовни романчиња и тоа. Не нешто којзнае колку квалитетно. Читам за да се релаксирам.
читам цело време, секогаш имам се повеќе и повеќе книги кои ме чекаат. најмногу ги преферирам оние со религиозна и историска содржина. читам се и сешто од филозовски книги, до трилери, па и некои позабавни и модерни писатели да кажам. мразам чик литература и онаа за самопомагање. се друго може да ми задрже внимание.
книги читам во слободното време.Со нив постојано се надоградувам , а и помагаат уште повеќе во процесот на изразување. Преферирам книги со романтика, криминалистика, а во последно време книги во кои се искажува убавината и смислата на животот,дека не е се‘ во парите
Читам се на светов. Се што ке ми дојде до рака. Понекогаш и по 2 паралелно, некои ги препрочитувам...Малце сум луда по книги, и кога има саем се чувствувам како дете во слаткарница. Сакам да ги мирисам, да ги листам, да ги читам...порано кога имав време, читав автори, не само една книга. ке прочитам една книга од авторот и ке му ги земам сите книги од него и ги читав...Барем оние кои можев да постигнам, не можеш Балзак да го причиташ цел, или Толстој. Сега повеќе сакам книги кои се лесни за читање оти сум преморена од други работи. Сепак не читам книги како Султани, невестата или слично.
Читам кога сакам и колку сакам. Би можело да се каже дека сакам да читам. Би читала речиси се. Само т.н лимонади не би читала. Навистина ме нервираат возрасни луѓе чии едниствени прочитани книги се лектирите од основно. Главен виновник за тоа што јас сакам да читам е мама. Може да се каже дека цело слободно време го поминува во читање. Претерува, но добро де. Па не прави ништо лошо... Се сеќавам дека кога бев мала, мама ми носеше детски книги од библиотеката, тие што таа ги читала кога била мала. Мислам дека треба да и се заблагодарам на мама.
Искрена да бидам. Кога сум била мала домашниве не успеале да ми вкоренат навика да читам книги а не само лектири. ДА дека постојано ми зборувале и уште ми зборуваат дека треба да се чита книги мајка ми постојано се фалела колку книги прочитала на моја возраст. Но никогаш не посегнаа да реагираат на терен. Само на зборови, па тоа не влијаело многу кај мене и читањето на книги не е вкоренета навика како пример миењето на заби. Но ме стегна нешто глава во последно време сметам дека сум веќе доволно голема 14ипол години дека треба сериозно да почнам да читам барем по 2-3 книги месечно првенствено заради мене. Ќе се обидам сама да си ја вкоренам оваа навика бидејќи навистина сакам да се збогатувам во тој поглед.
Многу сакам да читам иако немам многу слободно време. Обожавам книги со историска содржина од земји за кои немам големи познавања па така поднаучувам по нешто.
Во последно време премногу читам книги..Одам во градска библиотека да земам книги за на училиште,и се враќам со некои други Сношти ја дочитав Последната песна од Николас Спаркс,и ја препорачувам на сите!Толку е трогателна и допира во срцата на сите читатели.Додека ги читав последните 100 страни не престанав да плачам.Ми стана омилена книга,која планирам по некое време повторно да ја прочитам.. Што се однесува до тоа што преферирам да читам..Најмногу читам љубовни,авантуристички,мистерија и така Додека книги со историска содржина кои имаат многу податоци несакам да видам.
Секогаш кога имам слободно време читам книги. Со мајка ми секоја недела си купуваме по некоја книга и и се радуваме како на мало дете кога ке му подариш играчка Најмногу ми лежат книги со психолошка содржина или квантна физика. Просто ги обожавам таквите книги
Читањето книги за мене е најголема релаксација. Повеќе сакам слободното време да го исполнам со читање книги отколку со гледање телевизија. Од најраната детска возраст читам книги и немам некој најомилен жанр - сите ми се омилени. Преку книгите се запознавам со луѓето и животот во различни временски периоди, со нивните обичаи и судбини... Како тинејџерка со една моја другарка се натпреварувавме која ке прочита повеќе книги за летниот распуст. Во тој период омилени ми беа големите светски класици, Перл Бак, Даниела Стил, Мир-Јам... Денес читам буквално се што ке ми дојде до рака - Гијом Мисо, Зафон, Ден Браун, Николас Спаркс, Куелјо... Обожавам со пријателките да дискутирам за содржината на некоја книга, а на сите млади им советувам да читаат што повеќе книги...
Мнуго сакам книги и мноу читам.. преферирам тинејџерско, нешто као Марта, Озборувачка, Слатки мали лажливки и сл
Многу сакам книги и секогаш во слободно време се трудам да прочитам нешто. Најмногу сакам комедии, мистерии и криминалистички книги, ама не сум љубител на ептен хорор и магии и такви чуда. Најмногу шо мразам се сапуници и драми, па затоа уште се срамам кога ке кажам дека “ептен бев заинтересирана“ да ја прочитам Кога Лисјата Паѓаат. Можда има добра порака серијата, ама книгата беше ептен спротивно. Ја затупеа. Исто така ви препорачувам да ја прочитате книга „Најбогатиот Човек На Светот“ (мислам дека така се викаше, не ме земајте за збор ) ама не ми текнува од кој писател е.
Читањето книга е моја најголема страст.Ги сакам книгите повеќе од филмовите дефинитивно и секогаш кога имам можност читам..Ги сакам љубовните романи,онака за преку лето или за ладење на мозокот.Ама се дешава да се впуштам во психоанализа на романите на Достоевски,Херман Хесе или на некој добар трилер на Шелдон,Ладлам,Браун
Кога професорката по англиски еднаш не’ прашуваше што сакате повеќе-филмови или книги? Сите зуцнаа филмови,јас реков книги..ама кој ме слушна Кога читам книга,како да сум пренасочена во друг свет,изолирана од сите проблеми и глупостите во општеството...тогаш се заљубувам во книгата и ја доживувам како да сум дел од неа...преферирам психолошки,криминалистички,комедични така нешто,помалку љубовни,најповеќе историски,и нешто од авантуристичките... :geek:
За разлика од повеќето мои врснички, мразам љубовни и тинејџерски книги. Најмногу читам мистерија, авантура, фантазија, акција и за животните и митските суштества.
Преферирам мистериозни книги но сепак најголем впечаток ми остаи книгата РИНГИШПИЛ - ЈЕЛЕНА БАЧИЌ АЛИМПИЌ,Неможам да ви опишам колку е убава...
Сакам да читам!! И жи сакам книгите кои се необични но сепак имаа добри совети во нив кои можеме да ги протолкуваме!