Преферирам Љубовни романчиња,по некоја авантура а најмногу сакам со криминалистика или нешто како ''Кодот на Да Винчи'' ''Ангели и Демони'' .
Сакам да читам и многу често читам читам секакви клниги ама најмногу сакам мисериозни , тинејџерски а и љубовни
Многу обожувам да читам. Читам најчесто трилери, психолошки романи, филозофски дела и секакви останати книги од областа на сите науки. Најмногу ги одбегнувам љубовните, бидејќи речиси сите завршуваат исто а и немаат нешто посебно што ќе ти остане во главата, да размислуваш за него, за тоа што би направил ти на местото на главниот лик. Инаку читам по околу 2-3 книги неделно, зачленета сум во библиотека, некогаш повеќе, некогаш помалку, зависи од тоа колку време ми останува бидејќи сум ученичка.
Љубовни романчиња обожувам осоебно оние на Николас Спаркс,Даниела Стил,Џемјс Петерсон,ги сакам и мистериозните книги на Линвуд Баркли,потоа голем дел книги од крими ремек-делата на Агата Кристи и едноставно читам се` што одзема здив и не ти дозволува да ја оставиш книгата се` додека не ја прочиташ последната страничка.Секако не преферирам научно-фантастични книги.
Бидејќи сум во почетокот на мојата ,,читачка кариера'', сеуште читам љубовни романи, иако немам премногу време за читање. Единствено за време на летен и зимски распуст читам по неколку книги за релаксирање. Исто така редовно ги читам делата за во училиште. Обожавам да читам книги и кога читам потполно се внесувам во нив. Но, сметам дека сеуште е рано да преминам на врвните писатели, затоа што нели прво треба да се поминат овие поедноставни типови на книги и тек потоа да читам покомплицирани книги, па дури и на друг јазик
Многу често читам книги и ви препорачувам на сите и вие да читате, бидејќи со тоа си го збогатувате вашиот вокабулар на зборување!
Зависи до периодот и што сум расположена да читам. Се случува да читам 2-3 книги месечно, а некогаш 2-3 книги за 5 месеци. Преферирам романчиња, трилери, историски книги.
Не читам толку колку што би сакала, ама ќе дојдат и моите 5мин кога ќе иам повеќе време и ќе си надокнадам Љубител сум на трилери во принцип, а имам алергија на психолошки анализи на живото/личноста/среќата...
читам книги различни во различен период од годината и во зависност од моето расположение и моменталната состојба. на одмор сакам лесни книги чик литература без некоја тежина онака релаксирано. имам периоди кога сакам драми, период кога сакам трилер, се зависи од периодот. исто така некогаш читам многу некогаш 3 месеци може една книга да не прочитам. мои препораки, сите од халед хосеини, посебно ИЛЈАДА НЕВЕРОЈАТНИ СОНЦА, потоа РИНГИШПИЛ, СЕНКА НА ВЕТРОТ и дефинитивно ЛОВЕЦ НА ЗМЕЈОВИ
Јас често читам книги и читам книги од различни тематики и некои од нив кои ми оставиле силен впечаток ( во позитивна смисла ) се Животза живот и Калугерот кој го продаде своето ферари
Читам се што ќе ми дојде при рака и секогаш кога можам. Мислам дека не би ми бил доволен цел живот за да ги прочитам сите книги што ги имам ставено на must read листата. Инаку сакам психологија, криминалистика, мистика, загатки, класици, чик литература... Единствено така не сакам научна фантастика. Искрено, кој не чита, губи многу.
Јас читам секогаш кога имам време, сакам добра книга. До пред извесен период читав само стручна литература, немав време за друга книга. Имав желба за убава книга, но некогаш и не се наоѓа време за се. Зедов пред некој ден една книга што ја имав дома, непрочитана и купена уште во дневните веснициве кога имаше некои акции со доплата. Почнав да ја читам онака лежарно, мислејќи дека книгава е квалитетна и интересна за читање, читам ама некако почнува некое внатрешно незадоволство, искажано преку нервоза од тоа што го читам, прочитав до некоја страна и веке знаев дека до тука беше. Поглупава книга во рака не сум држела. Беше тотална фантазија и без никаква реална смисла. Единствено не читам научна фантастика.
Порано читав се и сешто, а сега пребирам. Не сакам сешто да читам. Иако се вели дека не постои лоша книга. Од секоја можеш да научиш нешто. Јас лично преферирам езотерија. И во иднина ќе се трудам помалку да сум на интернет, а повеќе да си читам. Повеќе ме исполнува и ме прави побогата. Овој интернетов многумина не затупи. **************************************************************** Она што навистина ме иритира, се многуте правописни грешки во нашите преведени книги. Сега во книгата која ја последно си ја купив, (околу 200 стр. е) најдов преку 30 печатни грешки ! Не е премногу ?? Поради таа причина знам да купувам книги на срспски, хрватски, преводите се преодлични.
Читам многу да не речам премногу ! Инаку сакав да прашам можеби ова не е најсоодветното место ама неможев да најдам тема каде би можела да прашам. Дали некој знае во коа книжарница во скопје можам да ги најдам сите книги ( делови ) од Озборвачки ама на англиски бидеки многу се жалат од мк. Кој знае или има идеа ве молам во лп пишете. Благодарам Однапред
Моментално сум во некоја истражувачка фаза. Најчесто читам книги со факти, некои интересни појави, светски чуда и слично.