А да провериш во Академска книга на Даме Груев. Имаат секаква литература, стручна и белетристика, на англиски јазик. Еве ја нивната веб страна, можеш и директно да пребараш дали ги има книгите кои ги сакаш. http://www.akademskakniga.mk/
Читам премногу но сепак некогаш се завси до рапсоложението Инаку обожавам криминалистични од оние кои ги иам читано најголемм фпечаток ми оставиле ,,Двојничка" и ,,Исчезната без трага '' А сега ја читам ,,Голи во смрта исто така прекрасна
Cе читам,уствари имам читано од сите жанрови ама не поднесувам многу криминалистики,едноставно не се пронаогам во тој жанр а психолошките книги ми се омилени.
Јас сакам да читам се што е убаво и ми се допаѓа. Книгата е богатство, колку повеќе читаш толку повеќе го образуваш на речникот Не можам да кажам конкретен жанр на книга.
Јас сум зависник од книги. Сите околу мене повеќе сакаат да излегуваат, но јас сакам да најдам добра книга и да читам во вечерните часови. Книгата е едиствената работа која ме оддалечува од реалноста. Преферирам да читам психолошки, криминалистички трилери.
Ги сакам книгите особено некои добри романи,криминалистика и книги мои што ме мотивираат Читам кога имам слободно време.
Многу ретко за жал,обично кога одам на плажа,си бегам од телото преку мислите,за да не ме пече сонцето или кога ме мава несоница,па ме успива,и тоа обично се некои романтики,бајки и тако даље.А инаку треба да се има многу поголем респект према книгата,ти ги проширува хоризонтите и ораторската способност,како и мноогу други причини.
Обожавам да читам...едноставно така се исклучвам од светот и уживам во моќта на пишаниот збор Криминалистика сакам,Агата Кристи-немат нешто шо не сум прочитала,а и сакам книги со психолошка содржина,Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд ми остави добар впечатот,последно ја читав,предобра е.. Дајте предлог за добра книга..
Читам кога имам слободно време и читам се и сешто, од руски класици до чик литература, во зависност од расположение. Најмогу уживам во психолошки и криминалистички трилери, со добро осмислена содржина и ликови. Единствено поезија не знам да читам
Многу читам и сакам да читам. Порано сакав и читав романси. Но во последно време сакам да читам трилери. Предлог од мене за тие што сакаат трилери Шепнувачот и Владетел од сенка од Донато Каризи. Книгите се неверојатно добри.
Порано читав мноогу повеќе, последнава година - две послабо некако. Преку лето имам повеќе слободно време и тогаш читам се и сешто, што ми дојде при рака, тоа. Најмерачки ми е на плажа да читам, под некоја сенка, на удобна лежалка. Да се вратам на темава, најпрво преферирав чик литература, лимонатки за опуштање, а сега повеќе сакам трилер акции. Летово планирам да бидам поредовна во библиотека, плус имам неколку книги на подарок што чекаат да бидат прочитани. Се тоа после испитна.
И ја порано цитав секоја недела по една. Сеа више ме мрзи кој па да оди до библиотека па треба повторно да се зачленувам и ме мрзи више. Читав помише онака мистериозни или пак некои што не се реални, после тинејцерски, лубовни. Највише ми се допагаа на Никола Спаркс..
Многу сакам да читам книги. Едноставно денот не ми поминува без да прочитам неколку страници. Читам секакви, а најмногу сакам романси и акции.
Сакам книги од кои што ќе можам да научам многу нови работи за некој друг народ, непознати традиции, нешто од историјата. Исто така сакам мистерии, нешто што ќе ме држи во неизвесност до самиот крај. Ми оставија впечаток „Кринот од Нил“ и „Песната на Нил“ од Стефани Дреј. Ми се допаднаа многу. Сега ја читам „Мистеријата на синиот воз“ од Агата Кристи, според првите впечатоци од книгава, знам дека ќе ми биде убава и дека ќе ја прочитам во еден здив.
Сакам многу да читам, ама во последно време ме фаќа некоја мрза.Сепак кога ќе се внесам во некоја добра книга, тешко да ја оставам. Инаку најмногу преферирам љубовни, мистериозни.