Можам да кажам дека читам многу, понекогаш се заборавам во книгата. Обично читам книги со криминалистичка содржина, мистерии...
Досега немам ниту една прочитано(добро освен лектирите) вчера почнав една книга да ја читам ,,Без Страв'' ја проочитав до пола и денеска ја дочитав убава книга
Многу сакам да читам,ама секако слободна литература. Од тие за во школо ни една не ми е читана кога читам се занесувам во книгата,дури и нашколо кога имавме некој досаден час јас си ја вадам книгата си читкам и најмирна сите си лудуваат,си беснеат мене ни глас не ми се слуша. Не преферирам нешто посебно,читам се доколку е интересна. Ма и некој досадни што ми се сум ги читала. Само да се чита Најспокојна сум кога читам
Најмногу ми се допаѓаат на Пауло Коелјо.Омилен ми е ,,Алхемичарот“.Овој роман го прочитав во еден ден.Го прочитав кога бев рпва година средно,тогаш многу читав,а сега кога ќе почнам да читам,никогаш не можам да прочитам некој роман до крај.Други романи што ги имам прочитано од него:,,Вероника реши да умре“, ,,Брида“, ,,На брегот на реката Педра седнав и плачев“(и овој роман многу ми се допадна), и ,,Петтата гора“. Имам прочитано и многу руски класици,скоро се од Достоевски и неколку романи од Толстој.,,Записи од мртвиот дом“ ми беше интересна.Од Достоевски има и една книга се вика ,,Кратка проза“ така мислам дека беше,не сум сигурна дека одамна ми се читани.Во неа имаше приказни и сите ми беа интересни. А од Толстој ги имам прочитано:,,Детство“, ,,Момчештво“, ,,Младост“-всушност тоа е трилогија, а други што ги имам прочитано:,,Војна и мир“, ,,Ана Каренина“ , ,,Смртта на Иван Илич“ и ,,Воскресение“.Најмногу ми се допадна трилогијата. Друг роман што го имам прочитано од руски писател е ,,Лолита“ од Владимир Набоков.
Слабо читање книги,слабо. Последно летири од средна што сум читала и пред година дена ја читав од Пауло Коељо-11 минути. Јас сум од оние што ке седнат ке изгледаат и по 2-3 филма,а нема да земат книга да прочитаат
Џули Џејмс има интеρесни дела Сузан Елизабет Филипс пρедобρо пишува и Гијом Мисо пρеκρасни дела но потρебна е голема κонцентρација поρади неговиот стил на пишување
Читав многу дури не ми снема време, па сега немам отворено книга едни добри 6 месеци Читам се што ќе ми фати око, дома ги имам сите дела од Гијом Мисо.. Интересен стил има човекот. Не дека можеш да научиш којзнае што од книгите ама добри се, одржуваат внимамние. Сакам да ги прочитам сите класици што сум ги пропуштила (а има поприлично многу), само не знам дали ќе успеам... Ми фали нешто квалитетно, ама никако да најдам прилика да појдам до библиотека. Ајде, ќе биде за скоро, се надевам
Едноставно не можам да се одделам од книгата.Книгата ми е како најдобар другар,не ме разочарува.Па посебно книгите од Николас Спаркс.Ќе го даваат филмот Бележникот на МТВ1 денес вечер,па си реков ај да го гледам,а книгата ја немам прочитано.Викаат преубава е.Па да,се што никнува од Спаркс не може ништо друго да биди освен преубаво.И така се запнав за него,па ја читам Порака во шише.Планирам да ја читам Безбедно засолниште од Даниела Стил,ме заинтересира таа книга бидејќи ќе го даваат тој филм на ТВ и си реков море и книгата ќе ја читам.Во текот на минатото лето прочитав 10 книги,па сега сакам оваа година да го срушам рекордот,барем 11.Порака во шише ми е 9та книга по ред,при крај сум со неа и утре ќе ја враќам во градската библиотека.Преферирам повеќе историски,криминалистички и љубовни романи. Можеби имам спомнато во темава претходно,ама ако кога се работи за книги,ама ако,ама ако...
Читам постојано, дома, пред спиење, на пат, на паузите од факултет, во тоалет и читам она што ќе ми привлече внимание или ќе ми дојде при рака.Најчесто криминалистика, потоа мистерии со мала доза на натприродно, сакам и љубовни романи, но не патетично љубовни, понекогаш читам и чик литература, имам некоја голема љубов кон трагични краеви, не сакам книги за солење памет и некои ептен тешки класици кои напнуваат.Го сакам Харуки поради тоа што во неговите книги има мистерија, трагична љубов и онаа меланхолија, болка преточена во зборови, се што сакам во едно дело.Маркес поради неговото сликовито и опширно раскажување, Зафон поради предобрите приказни и прекрасно изградените ликови...
И јас ги преферирам љубовните романи, или псохолошките. Ми се допаѓаат секаков вид на книги освен ако не се некои историски во прастаро време затоа што јас и историјата баш и не си живееме... Инаку според мене добра книга, без разлика на темата и жанрот, е онаа која преовладува со богат речник, игри со зборови. Ми се допаѓаат книги во кои се гледа дека писателот има талент а не е само некој што седнал да пишува. Не е само приказната битна.
Јас за книгите сум многу пребирлива.Филмови преферирам лајт комедии и романси,но книгата мора да биде креативно напишана,со добра обработка на ликовите и со издржана приказна,затоа најмногу ми лежат трилери и психолошки романи. Не можам да одберам некои омилени автори,бидејќи не им се сите книги привлечни за читање Како талентирани писатели можам да ги издвојам Гијом Мисо,Зафон и Маркез. За срцекршителни романи почесното место му го давам на Николас Спаркс,навистина одлично ги доловува емоциите.
Најдобрите книги кои што некогаш сум ги прочитала: - Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон - Пеколни планови - Сидни Шелдон - Остров во пеколот - Паскал Гилевски - Љубовта на мојот живот - Мари Луис Фишер - Полн круг - Даниела Стил
Која е подобра книга за моја 16 годишна возраст? -Бидете свој психотерапевт Џенет Рејнвотер -Злосторство и казна Достоевски
Мајка ми чита многу, па по неа и јас уште од мала. Што читам се менува на периоди, периодов на пример сум опседната по дистописки романи, ги завршив Fahrenheit 451, 1984 и сега ја читам Brave new world. Немам предрасуди за ништо, би прочитала било што ако ме заинтересира, без разлика на критиките. Омилен автор ми е Маркез, ги сакам Џејн Остин, Виктор Иго и Буковски, што се потполно различни еден од друг. На плажа или кога сакам да се опуштам со лесна книга, обично ја читам Софи Кинсела, и ги имам прочитано сите книги. Како помала имав еден огромен период кога читав историска фикција, па класици, зашто сакав да си го збогатам знаењето. Паралелно со Brave new world ја читам и Sharp Objects од Џилиан Флин. И да, главно читам на англиски, зашто читам на киндл и така ги наоѓам книгите, а и повеќе избор има, понекогаш сакам да ја прочитам книгата само што ќе излезе
Дали знае некој каде можам да ја најдам книгата на Пауло Коелјо, Прељубник во Битола, дали знае некој?