неодамна ја прочитав ,,Странецот`` од Алберт Ками. Ми остави добар впечаток од причина што стилот на Ками многу се разликува од другите писатели што пишуваат книги со слична тема. Роман на апсурд Вреди да се прочита
Сакам да читам и читам се што ќе ми дојде при рака....Од секогаш сакам да имам своја мала библиотека во собата но ете морамда ги вратам книгите во библиотекитено за година до две и тоа ќе биде инако каде можам да читам онлајн на интернет некоја страна ако знае некој?
Читам доста, иако читам се и сешто вкусот ми се менува со годините. Во последно време читам раскзи, класици, историја и патеписи.
додека бев во средно секоја недела читав нова книга, сега од обврски на факултет ретко стигам, но се обидувам барем една книга во месец, два да прочитам, обожавам криминални, љубовни, историски книги.
Уште oд мaлa oбoжaвaв дa читaм. Мнoгу ме интересирaa книгите, oбoжaвaв дa јa пoсетувaм библиoтекaтa и книгите ги зaвршувaв зa двa-три денa. Тaкa беше дo пред еднa гoдинa. Незнaм oти, aмa не ми се читa некaкo. Ќе земaм книгa oд библиoтекa и тaкa ми стoи. Редoвнo ги читaв лектирите преку летoтo, a сегa и низ учебнaтa гoдинa ги oдбегнувaм... Инaче oмилен жaрн ми е мистеријa, a љубoвните прoбувaм дa ги избегнувaм.
Читам скоро се', освен поезија и раскази. Посебно уживам во класици, автобиографии, историски романи и криминалистички новели.
Знаете каде можам да ја најдам "Thoughtless - S.C. Stephens" на македонски, како е преведен насловот?
До пред 3 години абер немав од читање книги. Ама еден ден отидов во Матица си купив две трилер книги. И оттогаш редовно си читам кога имам време. Дома будала ме направија зошто фрлам пари на книги. Сега ми се релаксација со кафе до мене. Најмногу читам трилери и криминалистички. Еднаш и дадов шанса на чик литературата ама не е тоа тоа за мене
преферирам да читам психолошки, криминалистички или нешто со фантазија, али најмногу психолошки добро напишан роман. ми имаат оставено впечаток неколку книги, но најмногу 2 мали романи(сега за сега) едната е од Едгард Алан По 'Црвената смрт'' незнам дали кекој одовде ја има прочитано, но оној кој не може многу со крв и убијства да чита нека не ја ни отвара книгава а другата е од Агата Кристи ''големата четворка'' и двете се книгички со по 100 или 100 и нешто страни но супер ми се мене. а и општо што е напишано од агата кристи мене ми се допаѓа, бидејки мислам дека добро ги разработуба романите и најчесто се со криминалистичка содржина ааа и имаше една Никаде без ќерка ми, многу ми се допадна дури се расплакав на еден дел додека ја читав.... Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
Читањето ми ме нешто што никогаш не го изоставувам, па дури и кога имам премногу обврски, додека одмарам ке земам да прочитам некоја страна. Никогаш не прибирам книги, значи читам се и сешто. Обично практикувам книгите што ги читам да ги купувам, затоа што сакам да ги имам за себе. Моментално ја читам „А потоа“ - Гијом Мисо. Па до сега супер е.
Последна книга - '' Тајните на Флертот " од Македоските " играчи " - Александар М. Профи книгичка, секој што чита книги и што го интересираат тајните на флертот може да си ја прочита. Книгата не е прирачник за тоа како да однесеш жена во кревет или маж во кревет, али има објаснето баш убаво како иде процесот , и наменета е и за мажи и за жени. Во случајов тука преовладуваат жените, така да би било убаво кога сите би ги запазат вистинските вредности и би дознале како функционираат луѓето и во овој случај , субјектот флерт!
1. Психологија на успехот- Дејл Карнеги -Да се знае да се постапува со луѓето секако е една од најголемите тешкотии со кои се среќава деловниот човек. Токму во оваа книга ќе се запознаете со принципите за однесувањето со луѓето. 2.ПАМЕТНИ ЖЕНИ - ПОГРЕШНИ ИЗБОРИ - Д-Р КОРНЕЛ КОУЕН И Д-Р МЕЛВИН КИНДЕР -Оваа книга ви го нуди токму тој одговор. Зарем не се случува секогаш паметните жени да влетаат во врска која завршува разочарувачки за нив? ДА ДА! И тоа многу често! Сега ќе се прашате која е таа ПАМЕТНА жена на која ѝ се посветува книгава! И тоа ќе го разберете од тука! Имам читано повеќе книги од кои овие две ми се врв, колку и да ги читам повторно и повторно ќе ми бидат интересни. Ви ги препораувам на сите што ги немате прочитано особено од Дејл Карнеги, ќе ве насмери во животот на добар пат, како што го направи тоа на мене.. позз
За во Битола не знам, но можеш да ја порачаш од книжарницата Три. http://www.kniga.mk/pre-uba-most-preku-vechnosta.html
Говор на Тело - Алан Пис. Многу профи книга и се работи за говорот на телото. Комуникацијата се состои дури повеќе од 80% од говорот на телото, останатите 20% се вокалите, вербалниот начин и тоналитетот.
Често купувам книги, но мнгоу поретко белетристика, повеќе сакам да читам стручни од одредени области мене што ме интересираат како астрономија, психологија, општи енциклопедии, книги од областа на медицина, нешто во релација на спиритуалност, медитации, контрола на умот итн. итн. А ако читам белетристика најчесто тоа се новели со крими тематика или научна фантастика.
Најчесто читам психолошки, криминалистика, научно фантаснични...или пак се случува понекогаш во библиотека да заграбам книга по случаен избор и да се погоди убава.