Многу сакам психолошки книги. Сакам книги што можам да си се исплачам да ми стане полесно. Понекогаш ме фаќа мерак за криминалистички па ако имам пари си купувам и такви
Читам редовно.Префирирам психолошки, но не ми пречат ни љубовни само да не биде премногу класика.Омилена писателка/писател немам ама знам кои пишуваат добри книги.
Читам секогаш кога имам слободно време. Купувањето книги ми е малку скапо, а локалната библиотека не е најдобро снабдена, па најчесто данлоадирам е-книги и ги читам на англиски. Преферирам да читам на англиски, понекогаш и француски, некако на оргиналниот јазик книгите по ми имаат смисла. Најчесто читам мистерии и трилери, а понекогаш авантури или фантазии. Обожавам книги кои ме држат во неизвесност. Омилени автори ми се Dan Brown, Steve Berry и Pierre Lemaitre.
Видета вака...јас се имам изјаснато за то шо читам како читам,ама околината ја забележав и ќе кажам два три збора шо впечаток ми оставија неколку соученици од училиштето,а и воопшто. Стојат,чекаат...молат за книга да видат со очи да видат.Од читање пукала им се направија очите на луѓето.Денес секој е начитан...сите се начитани.Све знааат.Мозокот им тече од тимбата од знаење.Се туркаат во библиотеките за книга да земат.Ќе земат од некој форум раскажана книга и прочитана им е или ју туб брато е тука да се слушни нешто или филм ќе пулат за некоја книга.Очите им паднаа од читање.Крокодилски солзи ронат ако не ја надат посакуваната книга в библиотека.Не читаш книга?Пацер невиден си.Не си за во нашата банда.Каков ајфон,каков галакси,ако Зоки Поки ја немаш читано ти си денгубец.Дудук над дудуците.Каква гужва има во библиотеките на чекална дури некои омалаксани се,припаѓаат на земја се струполваат од бесвест.Молат за преку ред.Колнат како Џеврие,маваат погледи како лав кога ќе мерка антилопа.Сите све лав и лавици во душичките.Храбро излегуваме во паркот со книгата в раце,со теглите на очите и задлабочени во длабоките зборови на книгата.Читам како да не читам.Демек.Кои турканици,кои библиотеки,кои паркови...пуста пустелија е.Ако се најде по некои залутани германци,иначе слабо бизнисо.Дали да плачам или да се смеам?
@simonna.a супер со тоа иронијата и сарказмот, само те молам оставај празно место после интерпункциски знак. И тоа се учи од читање.
Читам онолку колку што ми дозволува времето и обврските. Никогаш не земам книга во раце доколку сум зафатена во самиот момент со претрупани обврски и мисли, бидејки сето "читање" уз брзина ми нема смисла и поим за нешто прочитано од срце. Умеам да читам секогаш кога сум сама и послободна, ме освежува и олабавува на магичен начин. Книгата и напишаниот суштински збор понекогаш се мојата животна опсесија. А толку многу се надоградуваме и учиме од нејзе .. Штета што во денешницава се поретко ја практикуваат оваа животна мисла, бидејки пропуштаат навистина многу. А да им ставиш в глава, неможеш нели?! Сепак секој со своето.. Практикувам да прочитам нешто од насока психологија и животните суштини, се пронаоѓам конкретно во нив, но некогаш знам да прочитам и љубовен роман, бар за мене претставуваат моќност.
Porano citav mnogu,a sega nisto,nemam vreme,ni K od kniga,ne se ni sekavam bas posledno sto sum procitala.Znam mnogu mise dopadna Kodot na DaVinci,mislam deka bese okolu 500ni strani,ja procitav za 2 dena so 2noki neprospieni,a i togas nemav obvrski,inaku mi se dopagaat zanrovi razlicni,samo najmalku filozovski i psiholoski.
Читам постојано, книга за книга. Дури не се ни сеќавам кога последен пат сум имала период без книга Макар и да немам време, пред спиење обавезно читам барем едно поглавје. Е сега, таквото читање не го сакам баш, зашто јас кога се занесам знам да останам и по цела ноќ без спиење Ме копка што ќе се случи, не можам туку така да ја оставам книгата, па никогаш не останувам на едно поглавје дневно. Во врска со тоа што читам, зависи од расположение. Имаше период кога многу сакав историски романи, сега некако ги прескокнувам. Трилери и мистерии ми се ultimate favorite, а одвреме навреме читам и по некоја потресителна драма. Чик лит ретко, можеби една до две книги годишно. Хумористични исто така ретко, зашто досега скоро и да не сум нашла книга што ќе ме насмее, повеќето биле со хумор што не ми е по вкус. Еротски чат пат, ама и тука не сум нашла книга што ќе биде надвор од сите шаблони и што нема да биде предвидливо клише. Книги по вистински приказни избегнувам, не знам зошто. Некако мислам дека ќе ми бидат досадни Сепак секогаш се одлучувам за fiction
Не читам многу, зошто и немам толку време. Ама сакам добри книги, оние окото што ќе ми ги фати. Виктор Иго со неговите "Клетници" ме има воодушевено. Таа книга два пати ја имам читано и не ми е досадна. "Ѕвонарот на Богородичната црква" исто така е прекрасна. Агата Кристи заедно со нејзиниот белгиски уникатен детектив, неповторливиот Херкул Поаро. Сите делови скоро ги имам прочитано, омилени ми се. Секоја книга со Поаро е посебна, единствена. Нашиот незаменлив Венко Андоновски, со неговата "Вештица". И, да не го заборавам, нашиот мултиталент Игор Џамбазов и неговите книги. Го обожавам човеков. Овие ми оставиле најголем впечаток. Секако, тука има уште многу добри книги што сум ги прочитала, како на пример "Алхемичарот" на Коелјо, etc. Кој не ги прочитал - фатете се за нив, предобри се
да ми ппрепорачате книга како за почетник...до сега не сум прочитала ниту една книга секогаш велам дека ме мрази дека не ми се чита но би сакала да почнам да читам книга која ќе ме држи во неизвеснот,да ме поттикнува да ја читам,предлог?
Преферирам постари книги. Се случува и некоја поново напишана книга да ми привлече око, но сепак читам класици најчесто.
Ви ја препорачувам "Шепнувачот" , за сите оние кои сакаат мистерии, криминологија, неизвесност. впрочем, омилена книфа ми е. Автор е Донато Каризи.