Јас би ти препорачала да почнеш со некои послесни,љубовни или тој стил.. еве на пример има три или четири делови од книги..ГО САКАМ едната е Париз, една Њујорк незнам кои други градови, но ппобарај во библиотека, ќе ти кажат, навистина се интересни И секако те оставаат во неизвесност, јас ги читав на два три пати..едноставно неможеш да ја оставиш книгата а д ан е прочитај што е следно
"Да се убие птицата подбивница" на Харпер Ли. Можеш да си ја порачаш од тука, а можеш да ја купиш и директно од Магор. Многу е лесна за читање, стилот е едноставен, но убав. Приказната е прекрасна, иако има јака порака, нема тешки филозофии за разбирање. Мене ми беше одлична, ме држеше во неизвесност, поготово при главните расплети.
Обично сакам да читам на македонски, психолошки и љубовни романи; ако некој од ликовите е психолошки забеган-полн погодок за мене. Несакам чик литература. Исто така скоро никогаш не ги купувам моментално најпродаваноте книги ако немаат некоја уметничка вредност. Ако се најпродавани во Америка не значи по дифолт дека вредат.
Има доста убави и интересни книги од автори. Сакам да читам психолошки романи, стручна белетристика, историски и народни приказни, потоа биографски и автобиографски содржини како и медицински книги. Како омилени автори би ги издвоила: Марија Луис Фишер, Дорис Лесинг, Мир-Јам и други.
Многу често читам книги и највеќе преферирам некои љубовни, роматнични, комични, онака лесни за читање...
Не сакам да се самокрунисам за читач ама доста читам. Бидејќи потекнувам од мало гратче последното нешто што ми се случи беше јавно да ми се исмее една " пријателка" кога враќајќи се од библиотека ми ја виде книгата во рака. Беше вчудоневидена како да видела марсовец на улица. Неможеше да се воздржи од смееење велејќи ми-" Што е ова? Книга? Леле бог да чува читаш? Значи за мене книгата е култура ретко кој ме сфаќа овде во моево место ама уживам во читањето детално ги анализирам книгите и учам од нив. Не сум бубалица ама дајте луѓе да ти смеат на сред улица зошто носиш книга во раката...Па зар до таму отидовме
Јас доста читам, и многу ме одмара читањето. Инаку сега последно што читам е последната книга од серијалот „Го сакам ...“, со наслов „Го сакам Лондон“ од писателката Линдзи Келк. Целиот серијал е урнебесен и многу ме расположува, затоа што во некои делови се препознавам самата себе во главната хероина Анџела Кларк. Срдечно им ја препорачувам на сите оние кои сакаат да читаат од овој жанр на книги односно љубовни комедии. Загарантирано уживање.
Многу сакам книги сакам романтични,љубовни,мистерии,трилери сега моментално ја читам оваа книга,уште сум на почетокот сега за сега многу е интересна и ме заинтересира побрзо да ја прочитам .Кога ќе ја завршам ќе ви ја раскажам.