obicno citam beletristiku na engleskom jeziku бул.Даме Груев бр.5/1, 1000 Skopje-Akademska Kniga-Специјализирани продавницa за странска стручна литература на англиски јазик од врвни американски, британски и германски издавачи.
Не знам дали само така ми се чини, но читајќи ги вашите коментари, фрапирана сум од фактот дека денеска 80% од популацијата чита комерцијално ѓубре. Барем за мене можам да речам дека отсекогаш ме привлекувале книги кои имаат нешто историско во нив, некоја грациозна убавина која не избледува со текот на времето, класиците кои никого не оставаат рамнодушен и кои предизвикуваат вистинско доживување. Дури и откако ќе се заборават сите ликови и доживувања во книгите, сепак по нив ни останува длабоко треперење во душата исполнетo со антологиските убавини кои само класиците можат да ги понудат. Не се правам рецензент, но подобро е да си направите една реставрација на вашиот вкус и да обрнете внимание на книгите кои имаат уметничка вредност и сентенција, бидејќи на тој начин ќе се изградите во личности какви што треба да бидете. Поздрав и без навреда, но ''каки - маки'' инфантилните книги на Александра Потер, Кети Кели и слични bullshit.
Редовно читам кога немам обврски или кога немам за учење за на факултет. Обожавам да читам книги со мистерии од секоја област (историски, научно фантастични, политички), книги со епска фантазија и енциклопедии за историја, култура, митологија. По некогаш и стрипови читам ( Марти Мистерија и Дилан Дог ми се омилени).
Не читам многу книги, бидејќи многумина се досадни, а многумина толку интересни што те тераат да читаш. Единствена книга која би ја прелистала повторно е “Жива меѓу мртвите“. Одлична книга, не се покајав што ја купив, преферирам такви книги, вид реалност, грешки на љуѓето, поучни па макар и љубовни да се, бидејќи љубовни книги мразам..
Исклучиво воени.И кога сум имал намера да купам некоја секогаш тоа било книга од областа на воената филозофија.
Сакам книги од типот:Хари Потер, Игри на гладните, Девојката која ја бркаше месечината, книгите на Коста Петров, книгите на Николас Спаркс, книгите на Гијом Мисо, Еленор и Парк, Светот не е фабрика за исполнување желби... Сакам книги кој будат емоции во мене. Ако знаете такви книги пишете.
Обожавам книги, преферирам да читам секогаш и секаде.. Освен кога имам некоја голема обврска што ми бара време и концентрација. Не пребирам многу, секоја книга е убава на свој начин, може секоја подеднакво да ме исполни и од секоја нешто ново да научам. Во последно време најдов задоволство во криминалистички и трилери.
Обожавам да читам книги, особено некоја добра книга што сакам во еден здив да ја прочитам, книгите ме опуштаат и се чустувам како да сум во некој друг свет што ја заборавам сегашноста, книгите ми се мелем за душата. Секакви книги преферирам од драми, романси, фантастика, класици, па се до трилери буквално се.
Не би ми се допаднало ако напишам дека МНОГУ читам. Ама, читам. Сакам да читам и знам дека, процентуално гледано, припаѓам во категоријата на страствени читачи. Меѓутоа, едно нешто ме мачи. Имам некоја навика и страст да си купувам книги. Не знам, едноставно сакам нова книга, јас да сум првиот кој ќе ја фати и прочита. Има посебна магија мирисот на хартијата на нова книга... А и правењето на колекција од книги само по себе ми е предизвик. Често знам да позајмам и од библиотека, арно ама, имајќи во предвид каква пасија имам (од погоре споменатото) - сметам дека во Македонија цените на книгите се превисоки. Реално. Ние немаме таков стандард. Да живееме во некоја поразвиена земја, цените би биле смешни, знам... А и не дека не вреди за тие пари . Само што... 550 денари 400 за книга и не е баш така малку. Зборувам за тоа ако сакаш да си ја имаш секоја книга што ќе ја прочиташ во приватната библиотека, а не за тоа чат-пат да си купиш или да си ја купиш само онаа која знаеш дека ја сакаш и дека ти е омилена.
Чистам постојано, односно секој ден. Понекогаш кога некоја книга ми се допаѓа премногу, тоа е се што сакам да правам, да ја читам. Баталувам искачање, баталувам серии/филмови. Некои книги не ми даваат мира ако не ги исчитам одма. Во последните година дена претежно читам класици, односно книги кои се добро познати и се популарни со децении. Тук-таму убацувам по некој бестелер, зависи што ќе ми дојде при рака и дали содржината ќе ме привлече. Сакам и книги од типот на Lord of the rings. Не сум зачленета во библиотека, така да, претежно си купувам книги, понекогаш позајмувам од пријатели. За мене купувањето книги е дел од процесот на уживање на самите книги. Од "ловење" на книга низ рафтовите во книжарницата, до купување и поседување на истата, до започнување на читање и секако, завршување на книгата. Се случува често да купам книга и да ми стои на полица пола година, а понекогаш и повеќе. Ако купам книга, не значи дека сакам веднаш да ја прочитам. Сакам да имам избор (дома). Зависи од моментално расположение, понекогаш ќе купам книга и не се осеќам подготвена да ја прочитам, односно осеќам дека не е прав момент. Тоа е убавината на купените книги, со тек на време си создаваш своја библиотека и можеш да си одбереш што кога ќе прочиташ.
Чисти, чисти секој ден... И тоа е убаво )))) Се шегувам, не замерувај. Се согласувам со едно мислење од погоре дека е ТРАГЕДИЈА тоа што се читаат и купуваат преискомерцијализирани книги. За мене тоа не е ниту книга, не го рачунам за читање-читање. Нема тежина тоа, нема богатство!
Читам секогаш кога имам слободно време и кога можам да посветам доволно внимание на книгата која ја читам. Инаку сакам реалистични книги, дури можам да кажам дека преферирам книгата да биде напишана според вистинска случка. Исто така сакам книги што имаат некаква тежина, во смисла да можам да научам нешто за животот.
Првиот последен бакнеж- Али Харис НАЈомилена книга се отепав од плачење и една недела праев пауза значи вкрај ме тачна книгата ми требаше одмор.. Сакам секакви и читам секакви еротика, љубовни, трилери, психопатски (најдобар опис за виртуелна девојка и тајната на алхемичарот и снежана мора да умре и најсреќната девојка на светот(нека не ве залажува насловот психопатска е)) и сакам тажен крај.
Во последно време повеќе ми одат од ракав книгите со циничен хумор, психолошките и понекоја биографија која не се расплинува во непотребни детали.