Ич не читам веќе неколк години, а сакам да прочитам некоја книга, но не знам ни која да изберам, два пати бев во новата библиотека во сити мол и пак ништо не купив
Обожавам да читам Се губам по 2 3 часа и се чувствувам како да сум таму додека читам Сакам да читам книги со некоја мистерија, секс, романси, трилери.. Се сакам да читам, секоја книга си има своја приказна и се учи од нив.. Многу животни лекции може да се научат од книгите, богатство се
Сакам да читам и се трудам да најдам време за читање дури и во деновите кога сум најзафатена. Обожавам да читам книги што ќе ме натераат да размислувам по читањето, па дури и да ми влијаат на психата, на начинот на мислење. За жал, во последно време ретко налетувам на нешто такво. Од жанрови, најмногу сакам трилери или некоја впечатлива љубовна приказна
Сакам да читам, само немам многу слободно време, последниве години читам многу помалку во споредба со порано. Читам највеќе трилери, мистерија, романси.