1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги - колку читате и што преферирате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 27 ноември 2009.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Илјада неверојатни сонца е преубава, и навистина не се остава, прво јас, па мајка ми, се чита за помалку од два дена ;)

    Читам многу и манијачно, не ја оставам книгата додека не ја завршам. Искрено ми е жал што Пауло Коелјо стана така глобално популарен, па сега на некој начин служи за потсмев :worried: па очигледно и самиот се изопачи од славата, па последните книгички и не се нешто посебно. На пр. Захир буквално ме побудале (во негативна смисла на зборот, едноставно промашена книга), за разлика од Алхемичарот, која и покрај се ми е една од поомилените дела.

    Невеста во Борџии е книга која буквално ме остави без здив и на саемот конечно ја имаше и Јас, Мона Лиза од истиот автор (Џин Калогридис). Жената навистина многу истражува и се труди, значи покрај убаво изграден стил на пишување, книгите се "зачинети" и со историски факти и животни вистини. ;)

    Покрај омилените автори, тука ми симнувам капа на Харуки Мураками - Јужно од границата, западно од сонцето, Норвешка шума и Спутник љубов. Преубаво.

    И нормално, што би бил животот без некоја лимонада - Шопингохоличарка, Фактор Бивши, Шминкерка и Озборувачка. Па и тоа си треба, на мозокот му треба релаксација. ;)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    За Илјада неверојатни сонца не знам што да кажам. Ме остави без зборови книгата. Преубаво срцепарателно дело што мислам дека секој треба да го прочита.
    Ја прочитав и од Сидни Шелдон Ништо не трае вечно и се знае дека неговите книги секогаш го задржуваат вниманието до крај.
    Сега ја почнав Под мермерно небо, па ќе пишам впечатоци.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав Под мермерно небо и можам само да кажам дека сум воодушевена од книгата и не згрешив при изборот. Топло ја препорачувам.
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Во овие денови во раце ми е КАкао на Мишел КАн, вака за почеток доста интригантна, дел вистински настани, историја, а љубовните делови се неизбежни. До крај, како ќе ми задржи внимание...
     
  5. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Хммм - моја тема ;) читам речиси секаков вид литература но најмногу ги сакам романите со семејни содржини како "Ќерката на чуварот на спомените" која е одличнно дело - бестселер напишан по вистинита приказна... сигурна сум дека ќе ви се допадне. Покрај неа топло препорачани од моја страна се "Папата Јована", "Дервишот и смртта", "Злосторство и казна" и "Крвна врска" :)
     
  6. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    И јас сум некако разочарана од Ангелот Џони, мн повеќе очекував од неа. некако све набрзина се дешева, лесно предвидлива, напишана колку да има уште една +... А ако си љубител на нејзини романи прочитај ја Исчезнат, супер е.
    Иначе ја ја прочитав, Затоа што тељубам од Гијом Мисо, и ја препорачувам на сите, прекрасна книга! Сега ја чита Девојката со тетоважа на змеј и Парфем, па ќе видиме импресии ;)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    :y: Преубава книга, интересна, со посебно возбудлив пресврт на крајот . ;)

    Моментално ја читам Денот на пчелите од Томас Санчез и ја привршувам Страв од летање (Ерика Јонг).... И двете се одлични :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Сум ја прочитала исчезнат и каде каде е подобра од ангелот џони. А ја прочитав Која е таа девојка од Александра Потер и кој сака лесни и забавни книги за читање дефинитивно ќе му се погоди. Лета времето со книгава :)
     
  9. bitch091

    bitch091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Citam sekogas koga imam vreme.Moi omileni knigi i knigi koi bi vi gi preporacala se : Samrak i Mlada mesecina od Stefani Maer , P.S Te sakam od Sesilija Ahern , Norveska Suma Haruki Murakami .
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Од Роуз Тремејн ја прочитав Бојата на златото, ама некако очекував повеќе од авторкава. Музика и Тишина беше прекрасна, ама оваа книга малку ме разочара.
    Сопругата на дипломатот не можев да ја оставам. Ја прочитав во еден здив.
    Денес си ги земав Колачиња за појадок, Алиби, Жени и љубовници, Три жени и Јас, Мона Лиза. Веќе почнав да ја читам Три жени и сега за сега ми е интересна :)
     
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707


    "Belata Masai" definitivno najubava kniga sto sum ja citala....
    inace sega pocnav da ja citam "Bakni me dodeka spijam" od linda hauard pa ke vidime impresii otakako ke ja procitam
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И јас ја имам Јас, Мона Лиза и едвај чекам да ја почнам! :clap: Па ќе си кажеме импресии.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    91
    Рејбоу јас само што ја прочитав жени и љубовници и не ми се допадна ама ич...многу замара и се едно исто се врти ама може ќе ти се допадне тебе незнам..јас не би ја препорачала.Сеа си ја зедов Последната конкубина и интересна ми се чини по почетокот па ќе видиме :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Леле јас си ја купив Последната конкубина пред некое време и навистина е прекрасна книгата. Ќе ти се допадне :)
     
  15. prolet0204

    prolet0204 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    здраво,јас многу сакам да читам ,дома имам малечка библиотека а колку книги сум прочитала незнам,многу ми оставиле впечаток а сега ви ја препорачувам-ЗАБОРАВЕТЕ ДЕКА СТЕ ИМАЛЕ ЌЕРКА од Санда Грегори.Сандра Грегори ни раскажуваза едно свое искушение кое за малку ќе ја скршело а ја спасиле нејзината храброст и издржливост и постојаната поддршка на нејзиното семејство.1993 таа била уапсена на аеродромот во Бангкок со 89 гр хероин.Ја носат во тамошниот затвор за жени (ја осудиле на 25 год)...ни го опишува затворскиот живот,па страдањето ,како морала да се бори со нечистотија ,злоупотреби од страна на самите затворенички,немање храна, психолошки притисок,навреди што ги трпела од сите итн.Успеала да се победи себеси и да издржи,излегла од затвор и почнала да се образува,се запишала на факултет...Ја препорачувам на тинејџери и родители,
     
  16. vanessa

    vanessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo!!Pred okolu eden mesec se pridruziv na forumov i ne sum ostavala mnogu komentari no sega mi treba pomos :( aj ako nekoj znae kako da go najadam deloto Skender Beg od Grigor Prlicev neka mi go ostavi linkot,poso veke podolgo vreme go baram celosno deloto na internet no nikako da go najdam....ili e prevedeno od nekoj dr avtor ili ima opsto napisano za skender beg...a toa ne e dovolno za mojata stroga profesorka po makedonski jazik!Blagodaram odnapred!!!
     
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Обожавам да читам, обожавам. Сите книги што мајка ми ги чита истите и јас ги имам прочитано јахаха
    Моментално ја читам Сагата од стефани маер Твајлајт. т.е последната книга и многу ми се допаѓа :) една од најомилените. При крај сум уште 10 страници. Може ли да ми препорачате некоја интересна а и убава. ;( :P :*
     
  18. prolet0204

    prolet0204 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    има многу убави книги и сите тие имаат некоја порака или можеме да пронајдеме некој дел од себе,се зависи од авторот како ја напишал,дали успеал да ни го ,,долови"тоа што го сакал.И секоја книга не се чита во секое време,односно секоја содржина различно се сфаќа на различна возраст.Има и некои што се безвременски како делата на МИРЈАМ или Џејн Ејр и др.Важно е да се сака да се чита.поздрав.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Јас, Мона Лиза дефинитивно си ја сместувам на листата со омилени книги. Џин Калогридис, после Невеста во Борџии, се докажа како прекрасна авторка.
    И три жени ја прочитав, ама не ми остави некој впечаток. Дејството си тече без многу осцилации.
     
  20. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Само што зедов да ја читам, а сега и со твојов пост ептен ми ја разбуричка љубопитноста.Ќе пишам коментар за некое време.