порано дека немав многу обврски читав многу. Најмногу сакам историски (антика),со религиски содржини,научна фантастика, психолошки. Сега ја почнав Историја од Херодот
Денеска почнав да ја читам...се надевам дека и мене ќе ми се допадне Сите ми ја препорачуваат па ќе видиме...многу сум пребирлива и неможе да ми се најде крајот но сигурно ќе ми се допадне
Mene omilena kniga mi e ,,p.s I love you,, a isto taka ubavi knigi se ''princezata Sultana''(trite dela), ''papata Jovana'', ''Odluka'' i ''Nothebook'' od N.Sparks... i cetirite dela od Twilight(twilight,eclipse,new moon i breaking down),licno mene mnogu mi se dopadnaa
Сакам романтични и детективски романи не читам многу често ама ги читам редовно лектирите и по една или две книги во двата месеци онака по ќејф
Моментално ја дочитувам Живот после животот од Рејмнод Муди ( Life after life ),интересна кнга,со парапсихолошки феномени,со изјави од луѓе кои доживеале клиничка смрт,кажувам интересна,затоа што открива подрачје кое претставува мистерија.Претпоставувам може некому да разјасни работи,кои можеби ги знаел,видел,а не бил доволно информиран.Читам често историски,уметнички книги,некогаш и зависи од самата книга ако ми се допадне ја читам,меѓутоа ете ваков тип на книги со парапсихолошка тематика,првпат читам,иако има многу емисии кои можат да се надоврзат на темата од книгата.
„Внимавај што посакуваш“ од Александра Потер е баш книга за во овие тоооопли денови „Подарок“ од Даниела Стил „Вечерва и засекогаш“ незаменливата Нора Робертс Пријатно ме изненади книгата „Затоа што те љубам“ „Ќерката на мојата најдобра пријателка“ и „ Колачиња за појадок“
Сега ја читам Баудолино од Умберто Еко. Последна прочитана ми е Последниот чај од Винка Саздова, ама најдобра книга на цел свет е Името на розата, исто од Умберто Еко. Кој од вас го интересираат религијата, историјата, детективското, скриени историски факти- само земете ја, нема да се покаете. Ја има и како филм, со Шон Конери и Кристијан Слејтер, али книгата е мнооогу подобра.
Читам книги секакви само да не се `досадни` да можат уште на првите страници да го привлечат моето внимание Неможам да ги читам книгите од училиште,читам а како да не читам Сега моментално ја читам Љубов со Сесил интересен почеток Ќе ја набавам и Москва на солзите не им верува бидејќи гледам има пофалби за книгава И тоа
Приоритет ми е поезијата, но сакам да читам и љубовни романи, морничави теми или пак теми за животот на некоја фиктивна личност
Сакам се да читам- домашни, странски автори, поезија, проза само да е некое љубовно романче или нешто со античка митологија некои мистерии и романи со криминалистичка содржина. многу сакам да читам. За такви како мене www.sakamknigi.mk
А дали си ја читала „Пурпурен хибискус“? Кога го отворив твојот линк таа ми се појави. Прекрасна е...
Обожавам да читам, чисто поради забава, опуштање и релаксација. Секогаш ми е добродојден некој роман. Посебно ми се допаѓаат оние романи, во кои се раскажуваат приказни од 18, 19от век. Грациозноста, мистериозноста, сето тоа ме привлекува. Ми се допаѓаат и тие со надреалисични приказни, возбудливи. Феминистички приказни. Секакви. Обожавам да читам.