Сум сретнала многу до сега од книгите со лош превод.. Последата таква ја купив на саемот на книгата во Битола, насловот е " Седум најголеми грешки што ги прават родителие" - Џон Ц. Фрил и Линда Д. Фрил. Издавачка куќа - Панили.. Ќефот со кој ја купив ми придонесе за големото разочарување кое веројатно требаше да го очекувам со оглед на цената на книгата (200 јадни денари). Преводот е лош главно затоа што фразите на англиски се скоро буквално преведувани на македонски, па читајќи ја книгата автоматски сфаќаш како била напишана на оригиналниот јазик. Конечно, со оваа книга се освестив дека подобро е да купиш една книга со поскапа цена отколку две со лош превод за истите пари.. Едноставно квантитетот не вреди во оваа работа.
Може и да имам спомнато НО „Јустина или незгодите на доблеста“ од Маркиз де Сад, од „Конгресен Сервисен Центар“ е катастрофално преведена, ме фаќаше таква смеа од читањето додека требаше да биде трагично, се' поради тој лош превод. Не сакам да ја оцрнувам издавачката куќа која ги преведе исто и “Дракула“ од Брам Стокер и “Загубениот Рај“ од Милтон кои беа маестрално пренесени на хартијата.
Книгата Лолита од Владимир Нобоков е исто така катастрофално преведена. Подобро ја разбрав кога ја читав на англиски него на македонски.
Кога оваа ја сметаш за лоша, прочитај ја Јустина! Ќе се газиш од смеење од што е трагично лоша... Лолита ми беше океј.
Луѓе што е со преводиве на книгите? Има ли лектори? Си преведуваат вработените. Дајте кажувајте кои книги да не се купуваат или кои издавачки куќи имаат лоши преводи. Ме интересира како сте задоволно од Арс Ламина т.е. Литература.мк мн чудно преведени наслови имаат. Како стојат со преводот?
Пред некое време конечно завршив со читање на ,,Крик во ноќта'' од Мери Хигинс Кларк, преведна од Матица. Искрено да кажам, такви граматички грешки јас не сум видела ни по интернет сајтовите. Не можев да се фокусирам на приказната поради грешките во буквално секоја реченица. пр. чуство, сеуште, сВати, незнаеше... Станува збор за основни граматички грешки, не е нешто што треба да се потсетиш дали се пишува со мала или со голема буква. Да напоменам дека често читам преведени книги од Матица и немам сретнато до сега вакви грешки.
Леле последниве 2 години имам приметено многу грешки во книгите преведени од Матица не само правопис туку и некои зборови што не знам ни дали и во дијалектите се споменуваат и навистина деконцентрираат. Дури во некои книги се забележува буквален гугл транслејт превод. Ми текнува дека порано имаа многу добар превод. Не знам зошто воопшто наведуваат лектор.
Ова не е лош превод, но е сосем ново ниво на литературен вандализам според мене. Го споделувам тука зашто не знам каде на друго место, а навистина ме интересира дали некој друг наишол на нешто слично. Купив една книга од Матица Темната страна на генијот - Душевните растројства на познатите личности. Ми падна чудно што на корицата на книгата никаде не го пишува името на авторот. Го најдов името на авторот во книгата: Деа Фортунато. Сакав да ја додадам книгата на Goodreads, но не можев да ја најдам на англиски јазик. Почнав да ја барам на Гугл, никакви резултати на англиски. Оригиналното име на делото беше напишано: Tea Fortunato - Il Lato Osovro Del Genio. Сега Деа одеднаш стана Теа и не само тоа, туку на трето место беше напишана Деа Фортанато. Додека насловот, мислев дека оригиналот е на италијански, но osovro нема никакво значење на италијански, а ниту на ниеден друг јазик од тоа што можев да најдам. Obscuro од друга страна е темно на италијански, па си реков можеби е грешка и треба да пишува obscuro. Ајде ја побарав со сите варијации на името и на насловот (точен згрешен) на италијански, на англиски, ама не најдов апсолутно никакви резултати. На крај побарав на српски и ми излезе една книга Tragedija genija : duševni poremećaji znamenitih ljudi, си реков добро ја најдов, ама авторот беше погрешен Vladimir Stanojević. Првото нешто што си го помислив е дека е случајност, слична книга и продолжива да си ја барам Деа, Теа или како и да се вика. Откакко не најдов ништо ми текна на српската книга. Насловот е премногу сличен и некако ми изгледаше како преголема случајност. Ја побарав пак и почнав добро да ја разгледувам, сижето на книгата беше исто како таа од Матица. Српскава книга била напишана во педесетите години, побарав да најдам кога првпат била издадена книгата од матица, но на првата страница пишуваше: Прво издание 2019. Не знаев дали ова се однесува на првото издание на книгата или на преводот. Почнав да ја разгледувам подобро книгата од Матица. Во неа имаше предговор што беше потпишан од авторот (без име, само авторот) и Белград 1959 година. Сега Италијанкава одеднаш се најде во Белград. Зедов друга книга од Матица (превод) и почнав да ги споредувам. Освен што недостигаа еден куп информации во Темната страна на генијот, недостигаше и копирајт. Сите информации што ги има за копирајт во другите книги ги немаше во оваа. Како што напишав претходно сижето на српската книга и ова на Деа/Та беа исти. Или ја ископирала книгата или нешто друго се случува тука. Луѓе дали полудувам или Матица за да избегнат плаќање авторски права почнаа да преведуваат книги, да ги тргаат имињата на авторите и да ги заменуваат со измислени имиња. Дали некој има наидено на нешто вакво досега? Ве молам одговорете многу ме интересира.
Во последно време Матица се океј и со преводи и со избор на книги. Порано беа катастрофа, посебно во однос на преводот. А за ова што си го пишала, искрено прв пат слушам. Можеби ако го споделиш истото во една од групите на фејсбук наменети за читателите, ќе добиеш повеќе информации и мислења.
Книгохоличари се врвот на катастрофален превод. Прекрасни книги, но искасапени со преводот. Ми се погодија 3 за брзо време да ги читам, 2 од нив се ужасни. Во "Убавите девојки танцуваат" покрај 100000 грешкички, во повеќе од почовина книга преведувале анкЦиозност. Сега ја читам "Фрагменти од слики" и приказната е навистина интересна ама со преводов ми доаѓа да ја оставам. Фрази буквално преведувани, без да се разбере контекстот. Не си ја сфатиле сериозно работата воопшто. На гугл подобар превод ќе имаше.