Pocituvani,ima li nekoj sto bara smetkovoditel vo Skopje?Jas sum ovlasten smetkovoditel i baram rabota.Pozdrav☺
Најисплатливо е да започнеш приватно како ТП, ако си регистрационен агент можеш и сама да си основаш фирма, ако не си, тогаш кај адвокат, ќе имаш како од шала 20 000 денари нето, само од 5 фирми, за се е задолжително сметководител, искористи го тоа, за друг ќе работиш за 30 000 и ќе ти го користи само потписот и печатот, а вака за месец дена со малку напор можеш комотно да најдеш 10 фирми по 4 000 ден (минимум) ете ги 40 000 ден./месечно. Сепак ти посакувам среќа што и да одбереш. Ако се одлучиш да отвориш фирма пиши ми во порака за подетално да ти објаснам.
Здраво девојки. Имам една дилема во однос на одлука за бирање на работно место. Во моментов имам прилика да работам како сметководител во една сметководствена фирма. Две недели да видам што како па здравје боже после да ме осигураат како практикант 3 месеци преку биро (да земам плата од 9000 денари) па после да земам минимална плата. После од како ќе има стаж од 1 година да земам лиценца па да земам можеби повеќе пари. Од една страна работната атмосфера не е лоша и прјатно се осеќам и работата ме исполнува. Од друга страна пред да ја најдам оваа работа најдов врски за во фабрика каде што работата ќе се одвива во смени и ќе имам поголема плата. Сепак ако се одлучам за сметководство треба да вложам време и пари.