На темите за брачни ситуации прочитав неколку постови каде што имаме физички и психички малтретирани жени кои сепак решиле да дадат втора шанса (а можеби и трета, седма, 48-ма) на насилниците. Имајќи предвид и неколку случаи ИРЛ од поблиска и подалечна родбина последниве години во кои беше присутно насилство, не можам да сфатам како е можно тотални манијаци да добиваат шанса по шанса, со месеци и години. Тоа само ги мотивира да останат морони бидејќи што и да прават, колку и да бидат насилни и навредливи, знаат дека нивното срамно поведение нема да резултира со последици. Кога бев свршен, пред трагедијата, не можев да замислам влакно да падне на мојата љубов а не пак јас лично да ја малтретирам, некој да зуцнеше збор против неа имаше да јаде тоа што не е за јадење...тој концепт толку ми е стран што немам објаснување, знам дека се случува ама не можам да си објаснам како е можно. Обично се вели дека постои глума пред брак, но не знам, зарем постојат професионални глумци кои 24/7, 365 се in character па подоцна излегува на површина реалноста? Тука се и постарите особи на овие простори кои шират мудроштини од типот "со жена само строго, еднаш во образ и еднаш во чмар eheheh и твоја е до гроба" кои наместо да имаат некакво позитивно влијание на млади парови имаат ужасно дејство при што укажуваат на тоа дека жената (а во поретки случаи на насилство и мажот) треба да трпат пошто ете, тоа да ти бил бракот во реалност. Скроз ми е мистерија и нејасно како манијаците добиваат постојано шанси, како е тоа можно? И кои се red flags во зачетоците на една врска или брак на кои жената (а поретко и мажот) треба да внимаваат бидејќи тоа со тек на време се развива во насилство. Превенцијата е најдобар начин да се избегнат проблеми, од психичко насилство па се до црна хроника. Ако некој/а има идеја зошто постои втора или 50-та шанса за насилници, би било добро да се прочита, i`m lost for words
Најлесно е кога си куцкаме на тастатура.Ама...Во реалноста не е баш така лесно.Зошто остануваат со насилници не ми е јасно,ама верувам психологијата и тоа го објаснува,зошто жртвата ќути и трпи. Многу жртви пријавиле насилство,и се случува секој пат истото.Ги држат во станица 24 саати,некогаш ги пуштаат и после информативен разговор,и жртвата е оставена сама на себе пак.Тогаш се покајува што воопшто пријавила.Едноставно кај нас институциите не чинат,како и многу работи во државата. Се сеќавам на два случаи во Србија каде двете жртви пријавуваа нон стоп насилство ама ништо не се превзема.Едната девојка ја уби во социјалното од каде мажот го земаше и враќаше детето.Го уби и детето.На паркинг додека ја брцаше милион пати никој не помогна. Вториот случај беше жена што беше згрижена во штитенички куќи,ја чекаше на улица,во сред бел ден.И и нанесе исто многу убоди жената почина. Ако не убие насилникот често се случува жртвата да му пресуди ради долга тортура,веќе неможе да издржи и пука филмот.И така жртвата ќе си скапе во затвор. Најлесно ни е да кажеме пријави го остави го ама само жртвата си знае низ што поминува.
Од женски аспект е обично вака: Ова го имам пишано во темата за брак по неверство. Целосно истово важи во секој случај кога се дава нова шанса, без разлика како дошло до тоа.
Па ок, ова е форум како виртуелна платформа и се служи куцање и маус Поентата е да се најде начин за превенција, би сакал темава да послужи на тој начин што жени (па и мажи) би разменувале искуства кои се знаците дека една особа ќе прерасне во насилник, психички или физички не е важно. На тој начин, преку размена на мислења, искуства, животни приказни можеби рандом девојка или дечко кој чита тука би имал на увид ред флегс, пример две недели по старт на врска машкото се дере на девојката пошто го "гњавела" додека листал билтен од кладиона и се концентрирал на лифчето кое ќе му донесело 10К еура и слични ситуации кои на прв поглед делуваат банално, но секој почеток на проблем е банален. Нажалост ова го има и во најразвиените земји, па еден Јозеф Фрицл, аустрискиот манијак, силувач, киднапер и инцестофил имал добиено над 200 понуди за брак од жени во затворот! Разликата е што на запад сепак има поразвиена сејфти нет за жртвите на семејно насилство но статистиките кои ги видов беа уште полоши од источниве земји што ми беше необично чудно... Не знам, ако една работа е погрешна во психологијата на многу жени и понекој маж тоа е илузијата дека ќе го смират манијакот, дека ќе го променат со својата љубов па од морон ќе се претвори во питом и фин џентлмен кој ќе и јаде од рака на дотичната (или дотичниот), екстремно опасна заблуда, демек идиот е со сите наоколу ама со мене е праф маш.
Најчесто насилниците се добри глумци, манипулатори и ради тоа секој пат добиваат нова шанса. "Нема да се повтори". "Дај ми уште една шанса нема да зажалиш". "Не сакав вака да испадне, ти ме испровоцира".
Кај нас мислам највеќе е проблемот што родителите од женскава страна ( особено тие постари со застарени мислења) не и даваат да се врати или не сакаат никаква помош да и пружаат во тие моменти. Често овие жртви се невработени или минимални примања, ја не сум чула тепана да е некоја со 80.000 плата ( може има ама маргинализирано). Пошто некоја со 10000 не може да си дозволи нов почеток, родителите не ја примаат назад и ќе се врати. Глејте ние тоа да го смениме со идните генрации...овие нашиве и сегашниве со " шо ќе рече станка" пиши пропало.
човек кога е во болна ситуација, не размислува,не гледа исправно. Тешко човек сам да се свести, ако нема надворешна помош, подршка и разбирање.
Но зошто, знаејќи веќе дека тоа се празни зборови, жртвата се решава да прости и даде нова шанса, којзнае која по ред? Така тетка ми, психо-физички малтретирана од тетин ми (дно од персона, тежок алкос, идиотчина тешка, насилник) се разведе тек кога овој делумно ја парализира со удар во кичмата. Настрана што ги тепаше и синовите цело време. За среќа се упокои пред извесно време како последица на алкохолизмот па ги ослободи сите од своето гадно присуство. На неколку наврати одамна, кога повлеков прашање со неа за развод ми кажуваше дека не сум знаел како е, дека не сум бил во брак па затоа не сум имал искуство...и што на крај пак се разведе и излезе како што и викав да направи, само со трајни последици по здравје. Штета........ Не можам да разберам родители кои немаат нагон да заштитат свое потомство, како тоа постојат особи кои оставаат нивна ќерка (поретко и син) да биде тепан и психички тормозен и да не оставаат простор за жртвата да има резервна опција, т.е. барем привремено да се засолни кај своите, додека повторно не застане на нозе. Не сфаќам и не сфаќам. Да се ставаат мислењата на комшии, роџаци, познаници и остали сеирџии пред здравјето на сопствено дете, како е можно тоа. Затоа и сакам да видиме на темава како да се направи можност за превенција, кои се знаците во раната фаза на врска па и брак кои укажуваат дека се работи за насилна личност. Од она што знам, често тоа е алкохолот. Особи кои се мирни ко буба коа се трезни ако се напијат веднаш стануваат агресивни. Други се ментално не баш најстабилни кои и на најмало недоразбирање почнуваат со драње или пак со цинични примедби со цел да се омаловажи партер/ката. Трето е непочитување на мислењето на другата страна во врската, климање со глава и терање по свое по секоја цел. Ако другата страна повлече прашање околу тоа, манијакот почнува со дерење и закани. Сите овие ствари се јасни знаци дека особата ќе ескалира во насилник, физички или психички сеедно. Многу се потценува психичкото насилство, можеби поради тоа што не остава физички траги по телото.
Што ќе каже народ. "Децава на Васка без татко живеат, му ги зема, нема да знаат за татко што е, трпела насилство па што, жена е ќе трпи, сама си го бара."
Најнесфатлива причина зошто се дава втора шанса на насилник ми е: останав поради децата Не ми е јасно како е подобро за детето да расте во такво дисфункционално семејство, секојдневно да биде сведок на физичко и психичко насилство, па и тоа да биде жртва отколку да живее само со мајката која би била разведена. Колку што знам малолетните деца после развод судот ги дава на мајката, поправете ако грешам. Најверојатно треба да има дом и да е вработена, што е првата пречка зошто не бараат развод. Како што е напишано во еден од постовите, финансиската состојба на голем дел од нив и не е баш задоволителна или пак не ни работат. Се знае кој ќе го чува детето, жената никако не смее да оди на работа и да се меша со други луѓе, па уште ако зема поголема плата...пу пу не дај боже, кај може жената да е подобро платена од сопругот, тоа е понижување на неговата машкост. Потоа тука се и срамот и грижата што ќе кажат другите и она што ми е најголемо разочарување е отсуството на поддршка од родителите и роднините. Ако нема каде да оди жртвата ќе биде приморана да седи со насилникот, пошто сите знаеме колку се грижи државата за нив. Друга причина се и заканите дека ќе ги убијат или ќе им ги земат децата. Едноставно се оставени сами на себе кога немаат никаква помош. Од друга страна е и психолошката состојба, вербата дека ќе се сменат работите па и слепата заљубеност. Насилниците се и добри манипулатори, вината ќе ја префрлат на жените - ако нема топол ручек нормално е да урла мажот зошто сам не е способен едно јајце да испржи. Жената мора достојно да го пречека мажот после работа иако цел ден работи и трча по децата, таа никогаш не може да е уморна. Ми се повраќа од вакви мамини синчиња Кои се црвените знамиња? Има многу, има и посебна тема за red flags во врските. Било каков начин на агресија, губење контрола, посесивност, ненормална љубомора, забрани за работа и дружење, омаловажување, уцени, неверство итн итн се црвени знаменца, листата е предолга за жал. Накратко, секоја постапка и однесување на партнерот нè прави несреќни во врска па и во брак е знак дека нешто не е во ред. Кога човек е вистински вљубен тој се грижи за саканата и повеќе од себе. Ништо ама баш ништо не е оправдување за насилство, еднаш насилник секогаш насилник.
1. ЦСР кај е? 2. Комшиите за помош каде се? 3. Роднините, блиските "од детство" пријатели, менталитетот каде се? Ај прво ова да го решиме во државата, па ќе видите како нема да се пружа втора шанса. Многу сум се изнагледала како завршуваат ваквите случаеви и ќе се воздржам од коментирање.
Овие со деца, ај ќе речеш во незгодна ситуација се, немаат избор некои, иако никако не ги оправдувам. Но, познавам една која без деца, набргу се разведе од мажот оти ја тепал и малтретирал, а сега гледам пак слики заедно. Се запрепастив. Што ги врзува тие жени да му се вратат на насилникот? Како ќе можат да "водат љубов" со личност која им ја сјебувала психата, па и да се одлучат со таква личност на чекор семејство. Макар и насилството никогаш да не се повтори, што е редок случај, тоа е неопростливо бре.
Втора и осумдесет и втора шанса... Мое гледиште е следново: Живееме сеуште во заостанато општество каде што жената е принудена да трпи и ќути затоа што најчесто нема излез. На пример родителите на жената не и оставаат дел од наследството (сѐ оставаат на синот) и со тоа таа нема сигурност, поткрепа, позадина за да го напушти скотот што ја малтретира. Кај родителите не може да се врати затоа што тие и викаат си го сакаше си го зема сега назад нема, што ќе речат комшиите (а и братот наследил па неќе сестрата да му се меша). Жената во тие случаеви најчесто е или невработена или со ниски примања па не може да се тргне и да живее под кирија или да купи стан, нема доволно средства да ги издржува децата и е принудена да трпи малтретирање за да не трпи на улица како бездомник.
Не сум чула ни со 30.000 денари плата некоја да е тепана. Сум размислувала за ова. Таквата жена која се изборила во вакво општество да стигне до некоја позиција, бара почит, внимание, добростоечки и стабилен човек, а не паѓа на празни муабети за заљубеност кои ќе ги снема по месец дена и ќе почне тепањето. Жена која стапила во брак, млада, со неоформен карактер, без работа и образование многу лесно паѓа во замка и е подложна на манипулирање.
Тоа што не си чула, не значи дека не постојат и такви. Жртви на семејно насилство има од сите возрасти, бранши, нации, религии, степен на образование --------------------------- И не. Не е виновна жртвата оти се враќа. Де прочитајте го линкот што го споделив. Психологијата на жртвата е специфична.
Еве на пример тетка ми. Како млада со две деца, образована жена, на ептен висока позиција, поголема плата од 30000, секаква поддршка од родителите (дури едно време сакаа куќа да и изградат) и таа одлучи да дава шанси -не знам колку пати по ред. А беше претепувана, по болници лежеше заради него (Сега на старост од нервози сите можни болести и се појавија, дури и до психијатрија стигна). Сите знаеа за нејзината состојба (и на работа и целото семејството), сите и пружија помош, таа сепак одлучи да остане со него. Само во нејзините очи тој беше добар сопруг и татко, иако ја правеше модра од глава до петици. И ден денес не е разведена само што тој е веќе стар и му текна дека она ќе го финансира, а он ќе оди ќе пие по кафанине. Не секогаш образованието и околината можат да помогнат во ваквите ситуации. Понекогаш треба и самите да влијаеме и да го промениме животот. На нејзе и беше се дадено на тацна, ама она си одбра ваков живот. И стварно не можам да ја разберам причината зашто е со него, и не не е заради децата. Децата сега дури не сметаат и дека имаат татко.