1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога Исус би дошол денес

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 13 мај 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Занимливо би било, кога би знаеле што би правеле кога Исус би дошол кај вас и како личност би останала некое време за дружење:?:

    Пред да го пуштиш внатре кај тебе дома, дали прво ќе се пресоблечете во други алишта, дали ќе ја ставите библијата на видно место, дали ќе го пуштиш веднаш да влезе....кога би бил неколку дена кај тебе, дали би го запознал со твоите пријатели, дали ќе се однесуваш како по обичај или ќе си го смениш однесувањето и речникот.....Дали би ти било мило што дошол кај тебе или ќе издивнеш кога ќе си отиде:!:..дали твојот живот ќе продолжи со исто темпо како досега или нешто ќе се промени:?:

    Ајде да видиме кој што би правел???
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кога би ја имала таа прекрасна волшебна можност да имам средба очи во очи со Исус, знам дека поред чудниот страв што и сега ми го обзема целото мое битие од помислата само, знам со сигурност дека ќе бидам исполнета со маѓична љубов, прекрасна топлина...:l:
    Веднаш би го пуштила внатере, не ќе се срамам од нередот на мојата куќа..повеќе ќе се срамам од нередот во мојата душа:$

    Чудна работа, најголемите верници се плашат од можна средба со Исус...никаде ги нема на темава:?:


    прво прашање, поред стотиците што би му ги поставила на Исус, ќе биде како не создал толку перфектни, математички прецизни, идеални како роботи:?:
     
    На Rama, Kolumbo и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Би го пуштила внатре секако, би го угостила со се што имам и можам да си дозволам.Би била љубезна, добра и искрена.Ќе му кажам се што ми лежи на душа, ќе бидам пресреќна ако Синот Божји влезе во мојот дом секако.После таа средба би се чувствувала уште по исполнето, и уште повеќе би верувала во Бога.
     
    На Rama, hermosa, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, точен одговор...значи ако те праша Исус нешто во врска со библијата, нема да се обрукаш, се си знаеш нели...јас одма згрешив(facepalm)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Бабо Радо, лидер си за инвентивни теми :)
    Навидум обични за блиц муабет, ама секогаш со длабочина за размислување.
    Прво кога прочитав, помислив на очекуваното најавено второ исусово доаѓање кое е најавено како исусов суд и логично е да влева страв, безгрешен не е никој а како тргнало човештвово кога би дошол денес верувам би бил разочаран и би рекол - за кого ли јас бев испратен да го дадам својот живот, зар ништо не научивте од првото мое појавување....

    Пред 6 години кога работев во салон со клиенти, дојде еден дечко, со впечатливо долга коса, тетоважи со Исус и крстови. а рацете, слабичок, со светнати очи и почна да ми зборува дека тој е од Бога испратен и е лично самиот Исус ..:^) Претпоставувате, следеше интервенција од обезбедувачите и муабети после него како нафиксан се шета човекот и за лечење дека е и сл.Случката ме подзамисли - што ако навистина е тој? Кој ќе го препознае вистинскиот? Во времето кога Исус живеел и тогашните жители му се смееле и и ете што му направија а камо ли во денешно време, одма етикетираат наркоман, лудак и сл. Неколку денови кога ќе им напоменев на колешките - а што ако тој ја зборуваше вистината - ми се смееја во лице.
    Како и да е, колку и да ви е смешно - јас ја имав можеби средбата со него - и му наплатив сметка, го сослушав внимателно, и во ниеден момент не помислив наркоман, луд или слично туку засекогаш останувам со она скокотливо чувство - можеби Можеби го видов.

    п.с. Исус секогаш се наоѓа пред твојот праг - само за да го пуштиш треба да го отвориш срцето - тој таму живее :l:
     
    На kuc, FridaKahlo, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не знам... Како ќе знам дека е вистина Исус? Ќе знам ли автоматски, кога ќе го видам? Или?
     
    На КикиМаус, Читател, Scott Weiland и 4 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Кога на првото доаѓање бил толку лут и натажен од тоа што го видел, сега да нѐ затекне, да беше обичен човек, би се пропил. Дотаму е светов значи, катастрофа.
     
    На Rama, realGirl, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    кога би дошол,искрено прво би се изненадила зошто кај мене и би се исплашила што мисли за мене,одма би си ги избројала сите гревови и лоши дела на памет..инаку мислам дека треба да се пази заповедтта која Он ни ја даде,да се љубиме сите зошто тоа е верата и нејзината сила,со љубов ,убави мисли,дела.Многу би сакала да го видам лично,иако сум само еден обичен грешник би го третирала убаво и не би се правела нешто што не сум ,ќе му понудам храна ,престој во мојот дом и така
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Прво Исус (ако постои) кога би дошол на земјата одма би се вратил назад кога би ја видел сета злоба во светот ! Ке виде дека со светов гаволот владее ...
    Доколку постои , би имала долг разговор со него ... И би требало мн работи да ми ги објасни...
     
    На elimkd, baba Rada, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За да знаеме што би направил Исус кога би дошол по втор пат, треба да знаеме што рекол и што направил кога дошол прв пат. Тоа е исто како у филмовите: за да ти е појасен вториот дел, мора прво да го изгледаш првиот дел. Исус у првиот дел јасно кажал како да го познаеме и при второто доаѓање.
     
    На daylight и hermosa им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Ќе му кaжaм декa ќе мoрa нa кaуч вo дневнa дa спие, бидејќи друг слoбoден кревет немaм.
     
    На Annora, Ena05, zalosna и 10 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Далеку си од прашањето душо, не навлегуваме во прашањето за неговото второ најавено доаѓање на земјата, туку што би направил Ти, како ПРАВ ВЕРНИК, кога би ти дошол кај тебе дома, пред порта:?:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Исус е насекаде околу нас. Правејќи добро на другите, правиме добро на Исус, нахранувајќи ги гладните, го храниме Исус, отворајќи ја вратата за гостите, ја отвораме вратата за Исус. И да, можеме да имаме средба со Него а да не сме свесни за тоа.
    И јас кога го видов насловот на темата, помислив дека станува збор за второто доаѓање на Исус на Земјата затоа што веќе знаеме дека кога Исус повторно ќе дојде, тоа ќе биде време за Големиот и Страшен суд. И тоа ќе биде голем настан за сите, ќе треперат и верниците и неверниците и нема да има време и простор за разговори и седенки.
    Помислата за средба со Исус ми предизвикува возбуда, страв и среќа. Пред мене ќе стои семоќното битие, а јас толку слаба, немоќна и грешна, што би можела да направам пред него освен со солзи да молам за прошка и за помилување.
     
    На Таа Сум, Rama, LadyInTheDark и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Еве како можеме да Го пречекаме Христа. Ама јас се плашам дека ќе бидам гостопримлив како русата госпоѓа. :(

    Од 27. минута е за пречекот Христов, ако не се отвори видеото на определеното време.
     
    На Таа Сум, Rama, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не верувам во дословна можност физички да се сретнеме денес со Исус бидејќи Неговото второ доаѓање (па макар и кога би било и кај некого дома) ќе се збидне во Духот. Но за атер на темава, еве вака...

    Би му рекол дека ми е драго што го гледам, срдечно и пријателски би го угостил како и секој добронамерен гостин. Би имал многу прашања да му поставам, можеби не толку на тема светот и векот колку во поглед на мојот личен духовен развој.

    Сето тоа под претпоставка кога би го препознал дека тоа е навистина тој.
    Пред околу 2000 години повеќето луѓе за жал не го препознале Христос кога одел по земјата како Исус од Назарет, згора на тоа го исмеале, отфрлиле, клеветеле и го убиле неговото физичко тело.

    - - -

    Во неколку книжевни и филмски дела замислена е средбата помеѓу Исус и современите луѓе. Би спомнал 3 кои сметам дека заслужуват внимание и дека не би биле далеку од вистината:

    - Големиот Инквизитор (1880) од Достоевски, всушност дел од книгата Браќа Карамазови, каде инквизицијата го затвара Исус и повторно го осудува на смрт велејќи дека Црквата нема потреба од него и дека таа му служи на духот на уништувањето, а не нему. На крај сепак инквизиторот го ослободува но заканувајќи му се на Исус никогаш повеќе да не се враќа.
    - Мистер Браун слегува од ридот (1965) од Питер Хауард - црнец, проститутка и свештеник се качуваат на ридот меѓу облаците за да го најдат Господ и му кажат за неправдите во светот долу. Исус прифаќа да се симне со нив, во почетокот луѓето не го препознаваат или пак се фасцинирани од него. Но на крај токму претставниците на црквата заклучуваат дека тој е опасен за општеството и прават заговор за да го отрујат. Филмот (постои и истоимена театарска претстава) е снимен многу едноставно, технички можеби е далеку од спектакуларен, но идејата и дијалозите се многу интересни и поттикнуваат на размислување.
    - What if God was One of Us (1995) од Ерик Базилиан а песната ја имаат изведувано разни изведувачи. За оние кои не разбираат англиски, песната отприлика оди вака во превод:

    „Господ да имаше име, кое би било тоа и дали би му го изговориле в лице кога би биле соочени со Него и славата сета Негова? Доколку би имале право само на едно прашање, кое би било тоа? Што ако Господ беше некој од нас, само странец во автобусот, обидувајќи се да стигне до дома, горе до Небото осамен? Кога Бог би имал лице, како тоа би изгледало, и дали би сакале да го видите - доколку „да се види„ воедно би значело и да се верува во нешта како Небесата, Исус и светците и сите пророци?„
    А рефренот оди: „И да, да! Господ е голем! Да, да! Господ е добар, да да да...„
     
    Последна измена: 14 мај 2018
    На Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Со "што ако Исус седи до тебе" тематика се бави и филмот "The Man from Earth". Indie филм, евтина продукција, интересни идеи.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ве читам и се' ми се чини, дека Исус, не би се сретнал со никој поединечно. Нема потреба.
     
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Би го однел у кафана,да и лепиме пари на певаљката.
     
    На Ena05, zalosna, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Доколку Исус би дошол кај мене би била радосна, исполнета дека дошол во мојот дом, а тоа 3начи љубов ,благосостојба, би се чуствувала во3вишена, би го примила би му ги кажала моите животни патишти, и добро и лошо едноставно би се олеснила а потоа би го чула неговото ѕборување со нетрпение.:)
     
    На Rama, shz и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Кој е дечково? I have many questions. :D
     
    На Scott Weiland и Someonespecial им се допаѓа ова.