Бубале, човеков најверојатно бил со сериозни психички проблеми. Со сета почит кон тебе како верник и како личност, хумано е и поштувам што не си го исмеала - ама на такви луѓе им треба стручна помош, а не доверба во нивните делузии.
Незнам кого исмеваат неверниците, мене, Исус или темава!? Грешат душа дури и на форум...а јас и од насловот на оваа тема се полнам со убави чувства
Би го натерал да плати, пред да го примам. Без увреда. Смештај не е ефтина работа. Тешки времиња се. Би го натерал да ги нахрани сите што веќе можеме но ради профит не сакаме. Би го натерал да ги исправи сите зла, иако јин/јанг добро/лошо, дуалност у глобала е ок. Би го натерал да избрише целокупната историја на религиите и да ни светне ко во Мен ин Блек со тоа и на него да забравиме. Нов лист, можеби човештвото има шанса.. Да можеби звучам цинички/саркастично не ми замерајте. Имам многу против религија, пар пати напоменав дека немам ништо против религиозни луѓе, ако сте прочитале нешто од моите мислења. -редактирано за прашање -Би го прашал што правеше во пештерата 3 дена, дали му замера на Јуда, и дали имаше на ум Игра на Тронови и Power Metal и остали фантазии ке екстраполираме од Стариот Завет. -Би го прашал дали што мисли за Мелисандре исто. -редактирано да напоменам дека не сум трезен поради вистина барање во чаша каберне сувињон.
Не го видов пак после тоа никогаш. Дојде, му наплатив сметка, ми кажа кој е и го избација обезбедувачите Па не му го запишав бројот, нит име му запамтив, пиихх @Someonespecial знам мила, и мојов пост се однесува на парафразирано објаснување на она дека веќе сум доживеала ситуација да ми поминат низ ум прашања и одговори на оваа тема. И како верник, крајниот параграф мислам доловува што сметам за темава - секој од нас може да се сретне со Исус кога и да посака, само да верува силно во него и тој е тука, во секој од нас Btw : https://daily.mk/vesti/sredba-isus-porno-akterka-stana-posvetena-hristijankavideo-4
Разочарана од овие неколку мислења и додека размислувам за целата таа глума за божиќните и велигденските празници, за тој народ кој во цел свет слави(а што всушност слават)..размислувам за овој секојдневен живот со маки, со борба против злото надвор и тоа што го носиме во себе...Ако Исус дојде, дали ќе пронајде воопшто вера на земјата? Ако згаснала верата, ќе згаснат молитвите...ќе зачекориме во темнината во која ќе го изгубиме животниот пат
Многу би била скептик. При толку прекрасни и продуховени луѓе баш мене да ме избере. Затоа, жедните да се напојат, гладните да се нахранат , безнадежните да се утешат. Да не се чека на моментот туку на благороден начин да се искористи
бидејќи поединечно не би дошол ,Тој не сака сите еднакво,па ако не е во ред мислам не е во склад со темата ,видеата се за неговото второ доаѓање и знаците
Кога би чекорел повторно Исус на земјава а ние знаеме кој е и што е, од лицемерие ќе си замине побргу од планираното. И ќе повраќа во секој дом што влегол. Да, лицемерие
Знам што би правела, знам..ах, камо да ја имам таа можност...Би паднала пред него на колена и би молела да ги избрише сите детски очиња што плачат, да ги утеши сите родителски тажни препатени души, би го молела да ни го покаже правиот пат каде што нема зло....и за многу други работи...
Исус кога би се вратил не би бил нафиксан или наркоман .. чоекот би завршил у затвор ... гледај Инаку не се трошете да размислувате што би правеле ако дојде кај вас на врата . пошо нема да дојде .. еве и зошто. П.С. After two thousand years, how many generations were wrong saying that Jesus would return in their lifetime? RUN
Дечки сите вие што сте искрено разочарани и си велите дека Исус не би дошол кај вас,бидејќи нели сте грешници,а Бога ми,ова важи и за оние другите кои го исмеваат во темава Исус рекол:На небесата има поголема радост за еден грешник кој се покаил,одколку за 1000 праведници(вака нешто беше ). Ова за да ве мотивирам малку,не дека верувам дека би дошол лично кај некој од нас дома. Но,кога би дошол кај мене,би била прерадосна,би го угостила,би му се извинувала за сите гревови и блудства,за сите намерни и не-намерни грешки,би го молела за прошка и така
Ваљда ќе одам скришно до вц и ќе пријавам во некоја институција да дојдат да го соберат и ќе се правам дека верувам дека е Исус додека не го приберат, а во случај демек да ми докаже дека е лично тој, да претвори стап во змија или вода во крв што ти јас знам тогаш ќе прашам прво како сме настанале, како изгледа татко му, како сме се размножиле кога Адам и Ева имале два сина и такви некои ситни работи што ме мачат, како оди тоа со гревовите, што има после смртта, да ме упати малце подобро да ми објасни, па ќе го испратам и којзнае може ќе напишам книга со демек мои лични сфаќања и теории за животот и религијата, ќе го замолам за некоја услуга ко вратка што сум била добар домаќин и може ќе си го направам подобро времето што ми останало за живот