Ај вака да те прашам, одиш ли на велигден во црква, фарбате ли дома јајца, кога ке се мажиш дали и во црква ќе го направиш тој чин??? сите слават божиќ, слават велигден ..А НЕСАКААТ НИ ДА ПОМИСЛАТ ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО КОГА ИСУС ЌЕ ИМ ДОЈДЕ НА ВРАТА...ех, народе народе....
Абе постојат различни табиети и ставови, може и шок ќе ти биде сега ова што ќе ти го кажам, ама има и луѓе со различни мислења од твоите... Немој да се напнуваш, мораш да искулираш малце Добро ајде да не бидеме непријателки во темава, кога ќе дојде Исус кај мене понизно ќе клекнам на колена и ќе го замолам да ми ги опрости гревовите. Ќе го замолам за мир во целиот свет, љубов место војни, цвеќиња место куршуми, секој со секој брат да биде, да нема злоба и завист меѓу луѓето, среќно и задоволно да живееме додека дојде време да му се придружиме него во светото место.
...замислете сега на Велигден баба Рада уште поспана го пие второто кафе, се туфка и мисли кога треба да го стави јагнешкото, и откако со сите се поздравила како вистински христијанин со “Христос Воскресе“ ѕвони некој на врата...и ѝ вели.. „Добар ден, ќе ве молам....баба Рада?...и потоа се слуша срамежливо... јас сум Исус!“... Излегува баба Рада и тој ѝ вели:„Одамна сакав де те сретнам бабо! Кога ќе помислам на тебе ми се враќа вербата во човештвото. Не е сѐ изгубено! А сега, ќе се кршиме со јајца? Башка, сакам да видам дали си ја погодила црвената нијанса!“...
Се разбира дека ќе ми биде мило доколку ме посети. Уживам во друштвото на познатите и моќните, а Исус е creme de la creme, целиот свет знае за него, за моќи да не почнувам. Нема да променам ништо во начинот на облекување или изразување, таман сум. Ништо значајно ниту во домот, нема потреба да се умилкувам поставувајќи ја Библијата на видно место, ако Исус постои, знае дека го почитувам. Ќе дебатираме и ќе се обидам да го убедам да стане поактивен и да се вмеша во случувањата, но сигурно нема да ме послуша зашто се што се случува е дел од планот. Да сум библиски лик од Новиот завет, бидејќи сум скептична и реалистична, мислам дека не би поверувала во божественоста на Исус. Од друга страна, јас добро разликувам праведници од измамници, препознавам карактери кои носат потенцијал во себе, па не сум најсигурна како точно би се однесувала во такво опкружување ... во недоумица сум. Претпоставувам дека не би се замарала премногу, како што и обично не се ни замарам, впрочем Но, кога би била на лице-место би знаела, вака...
Прво би му побарала прошка за се она лошо што сум направила. Потоа би му се заблагодарила за силата која што ми ја даде покрај сите лоши работи (лекции,тестови), бидејќи знам дека кога бев сама, тој "беше" до мене. И трето би го прашала ако може личностите кои што ги загубив а неможев да се збогувам да ги видам барем на кратко за да разрешам некои дилеми
Значи ако терористите пред умирање искрено си помислат ,,Боже, што ми требаше, те молам прости ми.", Бог повеќе ќе ги сака од мене, некој што не убил никој цел живот? Well there goes my motivation.
Ама зошто,кажи ми зошто мораш да се фатиш баш за некој ваков контроверзен дел на секој еден верник на форумов? Одговор на прашањево:Искрено,немам(јас само кажувам што пишува во Библијата),ама ако толку те интересира,ако ти дојде еден ден на гости Исус,прашај го него
Рама никаде не пиша сакање, туку дека радоста за еден покајан грешник е поголема. Бог ги сака сите подеднакво. А радоста за еден покајан грешник е поголема затоа што токму за тоа пострада Христос, за грешниците да се покајат, да поверуваат во Него и да имаат вечен живот.
Ме интересира дали темава е инспирирана од тие текстовите што едно време се препраќаа по фејсбук во стил Вечер еден патник ќе побара да престојува кај тебе дома. Ми побара да те известам и да те прашам дали ќе го примиш во твоето скромно упориште. Неговото име е ИСУС ХРИСТОС. Препарати го ова на 15 пријатели ако би му ги отворил вратите. Верувале или не, лично јас сум препратила ваков текст на 15 пријатели.
Имам и јас еден куп такви, а и поинакви(со разни текстови)праќано на многу пријатели...но тоа време кога немав интернет, беше навистина забавно..(а и шубе ќе ни беше ако не испратиме, само мислам дека по 8 писма беше) Инаку темава не ми е инспирирана од тоа, едноставно сакав секој да има можност јавно, на форум, да поразговара со Исус, да се помоли, да си ги посака желбите..Исус гледа и слуша и памети секој што ќе се исповеда овде
Само, чисто информативно, знам дека е оф-топик. Адам и Ева имале многу деца, не само два сина. Само Каин и Авел се оние кои се спомнуваат со име.
Инаку, кога би си ја замислила хипотетички ситуацијава тргајќи го настрана својот скептицизам, сериозно и без трошка исмевање/сарказам кажано - што би направила? Би зборела за сета онаа злоупотреба на христијанството, сето повредување туѓи чувства, сето банално преиспитување, ограничување и осуда за сè и сешто (наводно) во негово име и бидејќи е „спротивно“ на неговото учење, и тоа колку навистина некои кои се сметаат за најголеми верници „го љубат својот ближен“ и „не судат“
Не грижи се, Исус или ангел кога би дошол на земјата сигурно не би дошол со тетоважи на Исус по телото и со крстови. Тетовирањето на телото е забрането во Библијата, и според тоа сигурно би бил малку попристојно од тоа.
Бог исто ги сака сите луѓе, и најголемиот убиец и оној што ниту случајно убил инсект. Бог го мрази гревот во човекот.
Па Рама вели дека Бог повеќе се радувал на убиецот што се покајал, отколку на некој што не го ни направил гревот in the first place.
Не душо,не вели така Рама,ами Библијата Плус,поимот грешник е широк поим,под грешник не се подразбира само да си убиец,не знам од каде ова извртување Бог не рекол"Убивајте и покајте се,и јас ќе ве примам вас побрзо во Царството Небесно од невините" Туку рекол вака:"На небесата бива поголема радост за еден грешник кој се покајал,одколку за 1000 праведници" Едит:Зошто е таа радост поголема,убаво објаснување даде погоре @Bitter-Sweet да не се повторувам