Jas koga bi bila Bog bi gi vratila site mrtvi dole na zemjata da se vidat so svoite najbliski barem na eden den !
Би им дала на луѓето вистинска слободна волја, што повеќе работи навистина да зависат од нив. Искоренети сите болести (и физички и психички), и од секое делче на Земјава искоренета сиромаштијата што се коси со пристоен живот и на која деца се осудени од раѓање. Би ги одзела од човечкиот ум и речник сите бесмислени поделби и раздор, како и секаква идеја за насилство и војни.
Сето зло да исчезне, да нема војни, да нема страдања на невини луѓе, правдата да биде кај секој еден задоволена, да нема сиромаштија, да нема тешки и/или неизлечливи болести, луѓето повеќе да се сакаат и почитуваат меѓу себе, за секој еден да има еднакви можности и слобода за се во животот да си оствари, кај никој да не недостасуваат основните потреби за живот, би ги отстранила сите оние кои сакаат да одземат или наштетат на нечиј живот (убијци, педофили, крадци итн.) да нема загадување на природата ни на копно ни во вода, да бидат заштитени животните што се загрозени, и сл.
Кога би била Бог, би им всадила многу љубов и добрина во срцата на луѓето, сета лошотија, злоба и завист да ги снема...
Би ја уништила сета технологија поточно би го сопрела развитокот на технологијата заедно со тие "паметни" луѓе научници.
Не сакам да бидам Господ. Искрено. Ама еве да кажеме дека сум. Првин СИТЕ терористи од Земјинава топка ќе ги истребам.Ама сите до еден макар под дрво и камен се скриле. Би ги излечила тешко болните. Би ги обновила исушените почви, би создала услови за живот таму каде нема.
Сите луѓе би добиле неограничени парични средства. Уништување на секоја можна влада во светот. Воспоставување на глобало општествено уредување(сите под иста капа) со точно и прецизно пропишани закони(да не забега некој). Воспоставување забрана за производство на цигари, алкохол и било која дрога. Градење обравозни центри и болници.
Би им дала поголема моќ на животните и не би дозволила луѓето да ги повредуваат. Би направила да нема толку болести. Богатството би го разделила на сите еднаво.
Би направил да не постои болка и би направил така да си ја пронајдам сродната душа со сите позитивни душевни особини во некој женски лик кој физички неверојатно ми се допаѓа,а со кој во реалноста не би имал храброст да и кажам дека ја сакам,дека ми се допаѓа..
На сите што немаат дечиња, би им дала барем по едно детенце . И да нема болен човек помлад од 80 години.
Неплодност нема да постои. Најпрво ќе направам секоја жена да има отворена утроба, да раѓа онолку пати колку што сака! Човек нека се разболи, ама и да се излечи. Смртоносните болести ќе ги покосам. Ете тоа!