Би си собрала колку можам пари и имот, за стока од народ не вреди да се замарам. И онака сите ќе умреме. А, добро ќе ги убијам сите силувачи и педофили, и ќе се обидам некако тоа да го избришам од колективната свест или шо и да е.
Не мора да бидеш Бог за да го напраиш тоа краљице, и просечен македонски политичар може да го постигне горенаведеното
Би им кажал на тие што се полнат со пари врз основа на религија дека дојде денот кога сите пари треба на бога да му ги дадат. Само фацата да им ја видам.
Би направила луѓето да имаат повеќе грижа на совест и би направила да се повеќе свесни за своите постапки и да превземаат одговорност. Вака светот би бил подобро место за живеење
Ќе направам да нема насилства, убиства и омраза меѓу луѓето. Нема да има врски и мито за вработување, образование во секојдневниот живот... Сите ќе бидат еднакви пред законот и ќе има правда. Сакам да стнат свесни луѓето колку со своите постапки ја уништуваме земјата. Сите луѓе на светот би ги направила еднакво имотни и со еднакви приходи и примања. Секој да може да си допушти нешто на душичката. Сите животни ќе имаат домче, некој што ќе ги сака и полно меше. Старите и изнемоштени лица да ги поминуваат своите последни денови по своја желба за да бидат среќни. Смртта нема да боли. Ќе ги искоренам болестите за кои нема лек, рак, сида... А другите ќе ги направам послесни и безболни Секое дете ќњ има топол дом и родители кои што ќе го сакаат. Секој пар кој што сака да се оствари како родител, без проблем ќе го има тоа дете/деца. Нема да постојат змии Животните немаа да јадат луѓе и луѓето нема да јадат животни Жените и мажите ќе ги направам рамноправни во се па дури и во раѓање и добивање месечен циклус Бради и мустаќи имаме секако ние жените, само уште малку сила и снага да добиеме да не бидат они посилниот пол Уф, уште многу работи ама сега на ова ми текна само Само за ова нема да ми боде доволњн еден ден...
Мислењево заслужува повеќе внимание. Се што е набројано, е опфатено тука. Не би имало ни политичари ни попови што се богатат поради прост народ, не би имало деца оставени на улица ни животни третирани ко ѓубре, ни ѓубре расфрлано и ваков загаден воздух. За убиства, силувања, кражби, несовесни возачи муабет да не правиме.
Ќе го прегрнев таткоми,би го дала својот живот сега одма само да можев уште еднаш да го прегрнам и да му кажам колку го сакам . Ќе ги излечив сите луѓе болни од рак... Пари и слава на овај ненаситен народ никогаш нема да му бидат доста...
Прво ќе доделам повеќе време т.е. подолг живот, без да стареам и без да се разболувам, за мене и најблиските. После би направила да имам доволно пари за цел живот, да правам што сакам. И за крај- уште повеќе пари, ќе ми се најдат.
Би ја избришала цела омраза меѓу луѓето, би го елиминирала ракот и би ја дала способност на кучињата да зборат
bi im dala besmrtnost na site luge i zivotnite, svet bez bolesti, bez omraza , zloba i sebicnost, glad, siromastija site da se bidat srekni i bez problemi
Би ги исфрлила сите злобни и бездушни луѓе, би ги оставила само тие со добра душа и би помогнала на сите на кои им е потребна помош, за сите да бидат среќни