би била божица и би живеела така како божица,нема да се замарам за ништо зошто наредниот ден повторно ќе биде пак исто и така за џабе сум се трудела
Хм, здравје пред се-би изградила и би ги реновирала болниците насекаде во светот.. би направила многу зеленило и природа.. Би направила правда каде што треба, и би ги наранила гладните за подолг период, онолку колку заслужуваат.. Би и го дала делот на Македонија она што и припага од Грција (не размислувам политички туку некои форумџики ме потсетија ) Би подарила повеке љубов и би го искоренила лошото од лугето, колку е можно повеке.. И битна работа да врне снег у скопјево И да остане
Хммм... Прво би разгледала какви можности има за заработка на пари.Би слушала муабети на бизнисмени за да можам да успеам.И секако како и секое човечко битие ќе проверам кој што збори за мене
Би направила секаде да преовладува љубов,слога,и мир наместо злаоба,себичност,војни...би ги направила среќни сите,би направила сите под еднакво да имаат а не некој премногу а пак некој на улица да нема за јадење и то
Хмммммм би било интересно Хихихи. Па прво би ги излечила сите болни и би ги вдомила сите бездомници,вклучувајќи ги и животните на улиците.Би ги вработила сите +18,не фрлам богатство од небо за седење дома.Би ги школувала сите деца.Би забранила миграции за да заживеат сите делови од светот.Би ги опсипала сите луѓе со љубов,човечност и разбирање.И на крај би направила нешто малку за мене-еден принц по мерка и вкус. Ете тоа би било тоа. П.С. Би го направила тоа така да биде непроменливо,за да не биде трудот за џабе.
Сите кои не ја почуствувале среќата ќе направам да ја почуствуваат,сите болести да исчезнат и сите луге да имаат свој дом и топлина да бидат опкружени со љубов ете тоа би го направила но за жал не сум Бог !!!
Да би била Бог само за еден ден би направила за човештвото да не постојат поимите лага, изневерување, болка, тага, страдање, убиство, криминал, себичност, сржавост, озборување... Би направила сите вечно да живееме и болести да не постојат, така да нема по никој да жалиме. Поимите МРЗА и ДОСАДА нема никогаш да постојат. Би направила се да биде розово и убаво, како на сон. Би направила парите да не постојат и секој да прави што ќе си сака. Да нема глуп на светот па кога би оделе на училиште целиот материјал да се учи како добро утро. Би направила целиот живот да биде една добра забава, сите да имаат прошетано цел свет и да бидат исполнети. Секоја зацртана ствар и желба да си ги исполнат само да трепнат. Животот да си го поминуваат по кафичи, дискотеки, со своите сакани а бе со што и со кој ќе посакаат. Политика и такви ми ти ствари нема да има. Ах ама бујна фантазија имам. Таквиот живот би бил здодевен ама и за тоа решив досадата да не постои .. а бе ајде хухух
Имам цел список со непотребни луѓе на планетава, прво би ги пратила во пеколот, да види светов малку мир .
Јас кога би била бог би направила многу работи...еве на пример би направила сите да се сакаати да нема омрази, караници, тепачки, убивства, никаков криминал,потоа на земјата да има мир, слога, љубов, радост среќа, пари за сите еднакво...да нема дескриминација по раса, вера, етничка припадност, боја на кожата, полот..... да нема природни катастрофи и уште многу многу други работи...но за жал тоа е невозможно
Hmm.. mozhebi kje izgleda sebichno, ali koga e vekje na eden den, barem kje si go napraam toj den najubav za samata sebe zasho ipak na kogo i da mu pomognesh sledniot den kje ischezne i za dzabe.. Inaku za mene bi si kupila ferari i dobro kje go izvozam (se razbira so dechko mi) .. bi otishla na najubavite mesta u svetov za koj shto u realnost mozham da gi sanjam (isto so decko mi) hahah, barem kje go pametime cel zhivot toj den! [mod-kirilica:2rufqzv2][/mod-kirilica:2rufqzv2]
па кога се работи за еден ден сигурно не би стигнала да направам толку мн работи во толку малку време би им нанесила бол на оние кои заслужиле , кои се однесувале себично и лицемерно кон мене,и оние кои ми свртиле грб кога најмногу ми биле потребни.Би им се заблагодарила на моите родители, кои се трудат да ми обезбедат се шо ми е потребно и кои би дале живот за мене,со нешто кои тие го сметаат за значајно во нивниот живот а го немаат ...на моето братче би му дала грам мозок...се шегувам.. би го направила и за него истотото тоа што би го направила и за моите родители... да сумирам...за моето семејство и за оние кои биле искрени и добри кон мене би направила се и сешто да бидат срекни,но за оние кои барем еднаш ме повредиле и не се обиделе да ја поправат грешката иако гледаат дека ме уништуваат со тоа...би направила се за да сфатат како е кога некој друг му го прави тоа нив малку злобно,али тоа е
не би сакала да бидам бог,само сакав да имам крила и да летам слободно низ животот,без страв.тогаш ќе си го направев животот само мој.
Ке ги убијам сите луѓе и инсекти. Животните и растенијата да си останат и некои инсекти како бубамара , пеперутка и тн.
Ке си направам сестра која од секогаш сум ја посакувала Ќе им овозможам поубав живот на моите и брат ми За мене и дечко ми, би ги остварила сите наши планови Сите добри луге на светов да бидат најсреќни, а лошите да бидат тој ден казнети и затворени дома И пред да се вратам во реалноста, само би ги замолила Ангелите да не чуваат од лошо!
Ке ја укинам менструација за жените-.- ахаха се шалам Би поделила секој еднакво да се радува, да тагува, да биде богат, сиромашен, добар физички изглед.Никој да не биде исмејуван, да нема предрасуди.
Би ги избркала од работа сите партиски ,неспособни и дегенерични „кадри“ и би дозволила да се афирмираат оние кои имаат „кликер“ , искуство и вроден талент. Би ги детектирала сите убијци , педофили и силеџии и би направила да исчезнат. Би направила сите што посакуваат бебиња да добијат ,а сите што нетреба да умрат да оздрават. И уште многу нешта ,ама ..........
пааааа хмм...да нема училишта! би им помогнала на ситее..штто им треба помош.Никој да не биде исмејуван, да нема предрасуди
би им подарила на сите еден единствен подарок ,а тоа е љубов, безмерна љубов и се ке си дојде на свое место