Знам дека не е убаво обичен смртник да си зема за право да размислува на овој начин,ама имам точна претстава што би направила - вистинска распределеност на храната како главна потреба за опстанок, бидејќи од се‘ најмногу ме погодува во време на толкав технолошки напредок да умираат луѓе во одредени делови од светов од прегладнетост. Баш пред некој ден слушав како Германија фрла со тони храна во ѓубре(не дека е единствена од развиените земји),а од друга страна кога ќе ми паднат на памет сите гладни дечиња од Африка,Азија и насекаде низ светот-ова мислам дека е нешто најнефер моментално на оваа наша родна планета.
Што не би прво би започналаа со отстранување на оние што ги мачат животните!!! после би ѓи уништила цигарите па би направила сите да бидеме на исто социјално нивоо и да имаме убаво место на живеење
Јас, би му одржала лекции на овој за менаџирање, правда и праведност, двонасочна улица ово-оно вака-така, во стилот, Боже ти си носителот на правдата, ама јас длабоко во себе, поточно, овој мојот мозок, со кој имам потешкотии да го контролирам вели дека правдата воркс боут вејс, пак, тој што ја креира и спроведува, исто така не е изземен од нејзиното дејство, односно и тој исто така, односно Ти, подлежиш на правилата, принципите, ИСПИТУВАЊАТА и Тој ден, би Те јас Тебе подготвила, всушност, за Оној ден, кога јас ќе дојдам кај Тебе. Суди и на душава, грешна е таа секако, како што е грешен и умов, кој размислува на сиве нешта, но, пак, дозволи ми и јас на Тебе да ти судам или барем да продискутираме очи в очи, face2face (ко што вели моето хефе на земниов свет), за се што Ти во овој смртен живот на мене, на моите, на пријателите и непријателите, на познатите и непознатите. Па, Те очекувам со нетрпение. Нека се слави вечно името твое. Амин! (тука ќе му дојде смајлито попче што чади)
прво пола натавници би ги пратила во пензија, ке прогласам распуст кој ке трае12 месеци и тоа ми се краткорочните цели...а во долгорочни ке ги збрисам сите смизли од овој свет, ке ги тргнам болестите, ке направам храна за сите во светот, ке се направам лепотица, и тоа
На сите би им подарила среќа,здравје,љубов,мир,спокојност Би направила да нема војни и љубовта да завладее со цел свет и исто така сите да имаат среќен живот!
епа прво ќе си направам на мене тоа што не ми се допаѓа, после да жиивеам во огромна куќа на 10 ката, да сум многу богата, билијардерка .. а после ко ќе средам за мене и моите блиски ќе тргнам да им помагам на сите сиромашни болни и слично.. и после ко ќе пак си станам јас поќе немат да сум unlucky
Би им исполнила по една добронамерна желба на сите луѓе во светот ...И да ,на Американциве би им ја одзела власта над се ,зошто само прават војни за да профитираат од нив ,полоши се и од Хитлер
Би им помогнала на луѓето да сфатат каква грешка прават со тоа што не се замараат со загадувањето, глобалното затоплување, изумирањето на одредени видови животни.
Би направила сите деца во светот да бидат живи, здрави и многу среќни - детски солзи да не постојат...Исто така би направила да исчезнат сите кобни болести...
уффффф......тоа е многу тешка работа, прво на сите кои посакуваат дечиња а се мачат со ИВФ би има дала, на оние кои се молат за здравје би им подарила здравје,на оние кои изгубиле некоја лјубов би им ја вратила, на оние кои бараат спокој би им го обезбедила ,на несрекните бракови би им дарила срека и лјубов, децинјата сто се мацат со болести одма би ги излечила.........многу работи се незнам дали ке стигнам се да направм за еден ден......
хммм би нашла лек за секоја болест ....би направила да има само сонце и совршена хармонија за живеење ...само позитивни мисли и работи да ни се случуваат....би ја направила македонија центар на светот ...би ги ставила жените да ги донесуваат најважните одлуки .....би и дала на секоја жена по една неограничена кредитна картица ....женските работи (перење , пеглање, миење садови ) би ги нагласила како машки ..... многу би направила искрено но се плашам ако тоа се случи во денешно време , 1 ден па и нема да ми биде баш доволен ......
Прво би си ги зголемила градите Второ би ги убила сите злобници, за сите добрици да живеат без проблеми Трето би ги уништила сите вируси, бактерии и неизлечиви болест Би ги укинала парите, се би имало во изобиле и во непресушении извори Четврто, тој секогаш би бил само мој Петто ништо од ова не е можно за еден ден, али обожавам да си фантазирам, фантазијата уште не уништила никого.
Би им ги земала парите на оние снобовине, што се расфлаат со нив мислејќи дека можат се‘ да купат. И тие пари би ги поделила на оние деца кои просат на улица, а нивните родителите под итно во установа за советување. Тие дволични, лицемерни, глупи, невоспитани ајт и тие во некоја установа! Абре ние добрите ке живееме како во рај!
би поделиила мир на секаде низ светот и би ја обновила природата таму каде што одамна изумрела. ми дојде преку глава од немири и препукувања меѓу народот а и овие катаклизми и недостаток на ресурси кои доведоа до сиромаштија ме исцрпија духовно.
Кога би била Бог на еден ден, би ги укинала сите религии без исклучок, свештени лица, Ватикан, што и да е. Со тоа мислам, дека би решила многу проблеми.