Доста често сум замислувала а можеби и некој од вас си замислувале...што би направиле кога би биле невидливи барем 15 минути.... .. Еве да почнам јас прва...кога би била невидлива би ја украдила цела скапа и убава облека од најскапиот бутик...
Кога би биле невидливи Кога би била невидлива би го набљудувала симпатијата што прави кога е по дома, би преминувала граници, патувала секаде и дознавала тајни
Кога би биле невидливи Малку се 15 мин бе ..Али ај колку-толку..Уфф шо се би направила ле-ле Мислам дека тие 15 мин ке бидат незаборавни!
Кога би биле невидливи Би ги посетила оние луѓе во кои се сомневам, баш да видам што мислат и зборуваат за мене.
Кога би биле невидливи аууууууу една од моите најголеми фантазии покрај фантазијата за временска машина, многу сакам барем на еден ден да бидам невидлива, тогаш најпрво би отишла правац у Холивуд и у куќата на Џони Деп за да почувствувам како е да си до таков убавец, да го видам одблизу, исто така би посетила уште неколку славни глумци и пеачи.
Кога би биле невидливи Па богами некогаш и те како сакам да сум невидлива и никој да не ме гледа. Имаш озбилно сила да ме направиш невидлива? Ќе ти платам еј! Ама ајде, кога веќе имам 15 минути најверојатно би ги фаќала за Спојлер к*р манијачки сите згодни дечки со полни шлицови А на некои би им отишла доброволно и би им ги крцнала Спојлер тоа ќесичките чај што им висат За арно за убаво, за успомена и дуго Осечање, мое и нивно, пријатно и непријатно
Кога би биле невидливи Фино лепо ќе отшетам до банката, ќе се пикнам во сефот, ќе се натоварам и ќе излезам. 15-тина минутки ми се доволни.
Кога би биле невидливи Понекогаш стварно посакувам да сум невидлива. Само што 15 минути ми се ептен малку за да ги остварам моите планови. Ама кога веќе би имала само 15 минути на располагање, би влегла во најскапиот бутик и би си земала се што ќе посакам.
Кога би биле невидливи Епа вака. Конечно тема во која најпотполно си се пронаѓам. И пак: Епа вака. Ова ми е долгогодишна(можам да речам од роџење) и со силен интензитет желба, која и покрај фактот дека е неостварлива јас си сонувам дека еден ден, можеби и во наредниот живот ќе ми се оствари. Еми вака(Еми не го говора за име, туку на дијАлект ) Кога би била невидлива, би патувала сегде низ светот без карта, би ширела мир и би ја имала љубовта на мојот живот. СТОП! Фалш! Сечи ! Да не се лажеме, море,мореее, да бев невидлива што пакост ќе бешее-е-е.Би правела лошотии, би истепала неколку квачки што ми се моткаат у животот, би џапнала по некој Викторија Сикрет парфем, би ограбила некое банче(оту моето банче значит Банка ) You know what? I'm невидлива.. Спојлер Енд нау, Ај ем хајдинг бихајнд јоур бек Спојлер БУ!
Кога би биле невидливи Сакам да имам способност да бидам невидлива кога не можам да избегнам луѓе кои сакам да ги избегнам и фино си станувам невидлива и не ме замара никој би сакала дупликат од наметката на Хари Потер . А не би да бидам невидлива за противправно стекнување со корист на сметка на други - финансиска ли или друг вид или њушкање или манијачење по некого за да извлечам заклучоци за неговите постапки и активности не е мој стил, а и кармата е опасна и функционира по третиот на чиче Њутн па не би сакала јас да ја свртам кон себеси бидејќи кој не седи мадро, носи модро, а мене оваа нијанса и не ми стои на тенов .
Кога би биле невидливи абее 15 минути малку се ке неможам да стигнам до кај што сакам не пак да направам нешто ,но кога би била за повеѓе време би направила се живо и диво што ке ми дојде в` памет ,а тоа не е ни најмалку добро
Кога би биле невидливи Абе дечки, немојте да крадете, вие сте невидливи но не и стварите шо ќе ги крадете - ќе ве фати милиција тренира строгочу, па не ќе да буде све како ви хочете! (ја па се засекирав, ко да ќе се деси ) Мене па сеуште ми идат перверзни идејчиња у глава. Како ли би било да се има секс со невидлив?! Е тоа би го направила, - изненаѓење, и ќе налегнам едно пиле да не знае што го снашло. Има да се чуди! А стварно има да се чуди!
Кога би биле невидливи ИИИИИИИ ако јас сум невидлива прво што би направила би им отшла на сите што ми направие лошо во животот, и така од памет ќе ги вадам со поместување предмети, па пали гаси сјалици, звонење на врата, абе до бардовци ќе ги донесам. Знам дека е лошо ама ЈБГ си заслужиле бе !!!!
Кога би биле невидливи Да бидам невидливами било желба само во некои моменти од животот кога сум сакала да побегнам од луѓето околу. Најчесто тоа биле денови кога дури и да излезам од дома, дури и да сум во Софија замината и шетам по улици по кои никогаш не шетам е, се некој ќе се најде што ме познава и ќе викне по мене. Така да било само заради таа причина. Не би да крадам јас ако сум невидлива, не би да кршам кичми без да знаат од кај таа болка в полојна ги стегнала, не би да им го скријам даљинското, знам што беља е кога ќе ми пропадне во троседот и го барам ауу беља е голема цццц али би да се качам у некој автобус, токму пари не ми требаат, ама ќе мора и куферот побогу да ми е невидлив и да кинисам јас на долг пат, за кој потоа и авион ќе ми треба да стигнам до едно местенце и да се пишам веднаш ко азилант.. политички бегуњац од режимот на видливите. ццц и те како видливите. Маа глупости. Не ми текнува попаметно.Али тоа е тоа што си сакам да заминам негде а да не дадам пари за карта до таму, пошто ги немам да не ми требаат визи, зелени карти и чуда.
Кога би биле невидливи колку сум смотана .. кога прочитав "ај ем хајдинг бихајнд јоур бек" ко луда се вртам назад и гледам наоколу да се вратам на темата .. доколку би била невидлива за 15 минути би ограбила тоа комерцијалното банче у центар
Кога би биле невидливи Кога би била невидлива секако не само 15 минути туку колку што сакам би шетала по светот по најубавите места, би спиела во најлуксузните хотели и вили и шотија ги знам. И на сиромашните би им се искрадувала како некој дедо Мраз и би им носела работи што им требаат, а јас би уживала во нивните насмевки и на фактот што на некој бар за миг сум му донела радост и среќа во животот. Ееее кога ќе видиш баш убава работа има дедо Мраз.
Кога би биле невидливи моите 15 невидливи минути кога ќе размислам среќна сум, не би ограбила ништо и не би манијачела никој, не би го ни посетила моето срце зошто знам дека не прави ништо интересно и не би трошела време ќе поминам до една особа баш ме интересира што прави и би и го загорчила животот. Понекогаш одмаздата е повредна од цело богатство Спојлер би ја повредила да пати цел живот а ако имам цел ден на располагање би го потрошила на шеткање правец аеродром и до некоја дестинација сепак поблиску за да имам време да се вратам или би се качила во вселенска ракета да ја видам вселената