Хахаха..Да можам да бидам невидлива барем 15 минути ке начекам сите да се дома,ќе го згаснам светлото и ќе запалам свеќа за да ги извадам од памет сите
Љубопитно ми е што зборуваат луѓето за мене кога не сум присутна, па можеби тоа би го направила ако сум невидлива. Каде се продаваше тој прашокот од Том и Џери?
малку се 15 минути.. да се малку повеќе..хмммм.... би слушнала што зборуваат блиските за мене кога јас не сум тука.. малку шпиунажа кај мажулето мое чисто да видам каде се шмуца и со кого, ќе ограбам некоја банка или златара за да си ги осигурам децата по полесен пат и уште ептенннн зезнати работи.
Би правела се што ќе ми падне на памет, ама главно би шпионирала, имам мнооогу мерак за тоа, љубопитна сум многу ако видам некој како се шета низ град да почнам да го следам кај оди и да одам на сите места каде што оди тој некој.. ухх, колку ми е мераккк Инаку би се качила бесплатно во авион за Лондон, Париз или Њу Јорк.. Главно би правела нелегални и неморални работи
Би се качила во авион за Њу Јорк или Лондон. Или пак ке го отворам дневникот и сите оценки ке си ги попрам особено физика и математика .
интересно ова јас да сум невидлива па сигурно би земала многу пари од банка па така нема да гледам многу сто се маЧат за пари
Идам прво у банка.Парите у торба-низ врата. Следна станица-некој мјузик шоп. Гитарите- АШ ! Па ќе зеам да си пошпиунирам малку некои луѓе После.Се качувам у авион за Л.А. Енд гоун форевр !
Прво нешто што помислив кога го видов насловот беше дека би одела кај сите да видам што прават, да слушнам што зборуваат, ама 2 секунди подоцна.. Не сакам да сум невидлива, и без тоа слушам и дознавам работи доста гнасни и злобни, а имајќи во предвид колку е светов гнил, во смисол народот колку е никаков, ма ич не сакам да им ги знам гнасните мисли. Арно ми е и вака, видлива. Фала, чао пријатно
Значи прво мислев кога би била невидлива 15 мин. би сакала да го прошетам светов. А бре луѓе немојте тоа, прво во банка- зграпчи ги парите и да те нема, потоа ајде во трговските центри сите убава и скапа облека и накит, ајде потоа во училиште далавери со оценките на другите хаха. А подоцна со парите кога ке ми исчезне невидливоста ајде прошетка низ светот.
Ќе ги посетам сите од горното , долното и погорното и подолното маало...Ама да се разбереме нема д аги шпионирам Ќе му ги испразнам фрижидерите И ќе се најaдам
Јас кога би била невидлива првото што ќе го направам правец до банка и едно дебело купче пари ќе си земам. После тоа би отишла кај некои луѓе да видам што зборат и што мислат за мене. И на крај кај симпатијата да го бакнам (барем во образ) и толку мислам дека тие 15 минути би завршиле.
ех, кога би била невидлива... Ќе го прошетам светов, ќе видам што другите мислат за мене, абе се ќе си направам..
,,,,,, ,,,,,,,уф како би било убавооооо.... доволни ми се 2 саати...да бидам до него/моето либе,да гледам што прави,да го гледам како спие,како дише.......друго се си имам и не би се мешала на друго место...