Кога би имале голема сума на пари, што би направиле?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Кога би имале голема сума на пари, што би направиле? Ме интересира како ќе ги искористите...
     
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    Дел од нив би ги донирала на децата во домови, унецеф, некоја кампања за заштита на животните и остатокот би го потрошила на себе :D + би купила авион :D :D
     
    На LittlePinky, Boka.A и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Кога би имала би ги донирала во домот за деца без родители,на луѓе кои се лечат од тешки болести рак итн.,на кои им е потребна огромна сума на пари,на секој што му е потребна помош,конкретно финансиска,но и онака би им помогнала,значи на секаков начин,без разлика дали се работи за пари или не.Воопшто не ме интересираат парите,па нити ги жалам,едноставно не ме привлекуваат парите,доколку имам голема сум на пари и да ги дадам,нема да ми биде криво,туку напротив,сакам и другите да имаат дом,храна,облека итн.Парите не се за чување,туку се за делење,за да се дадат некому.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Зависи колку голема е сумата на пари, ако е мноооогу голема би направила медицински град во Македонија, сите дечиња а и возрасни од Мк што се болни а лекувањето знае да кошта и по неколку стотици илјади евра ќе се лечат таму по најниски можни цени и плус ќе се развие медицинскиот туризам во земјава затоа што ќе бде поевтино отколку во Словенија, Германија или други земји. Тоа е мојот бизнис план :) и сите мои блиски роднини и пријатели би ги осгуралала финансиски. А јас би си направила една ќуќа и би си купила мазда2 за да си се возам низ градов, да не бидам пешак на долги релации :D и би направила стационар за бездомните животни и незннам уште што се не :)
     
  5. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    uf.....mnogu humanitarni devojki se pogodivte site :)

    ja bi si kupila stan-za da si go resam zivotnoto stanbeno prasanje, pa bi si kupila kola, pa bi setala mnogu...od havai do maldivi i popat bi si gi kupila site prtalcinja sto ke mi se zasvigaat :)
     
    На okcenzi, Makedoncence, xo.xo.gossip.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    bi si kupila kola i stan,mnoogu obleka i nakit,bi patuvala kaj sto ke mi dusa posaka i bi odbrala najubavi pokloni za najbliskite
     
    На Anely и red им се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Јас неможам да се пожалам дека не сум патувала, цела Европа ја имам посетено (освен скандинавскиот дел ) ,единствено би отишла во Русија, тоа ми е голема желба, благодарение на мама и тато имаме јас и сестра ми по еден стан , е кола немам ама кога ќе почнам да работам ќе си купам. Па затоа сакам доколку имам многу пари да направам нешто за општо добро, а алиштата барем денес не се скапи, а јас и не сакам многу да се расфрлам со пари за парталчиња, дури и дечко ми ми се чуди како може да излезам од Рамстор и ништо да не си купам. А срцето ми се пара кога ќе слушнам дека за некое детенце се собираат пари за да се лекува, најчесто кога ќе се соберат парите е веќе доцна а тие суми стигаат и до 250 000 евра. Бидејќи и јас еден ден сакам да бидам мајка, доколку имам голема сума пари, сакам да направам нешто првенствено за децата.
     
    На milinna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Би си купила плац, па би си направила куќа, едно топ автомобилче, ќе им ја оправам куќата на моите дома и откако ќе средам се тоа ќе си отидам на патување и ќе посетам се што од секогаш сум сакала да видам. И за ништо нема да се секирам :D
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    68
    хаха во право си нуринг86

    кога би добила голема сума на пари, прво и најосново, ќе се опремам со гардероба и обувки за 3 години што се вели :D после би си ја средила куќата комплетно, на брат ми ќе му купам стан за да не живее заедно со мајка ми и со татко ми, би си купила убава кола, и сеа доколку таа сума на пари е голема, секако ќе донирам и за сиромашните и болните, бидејќи да не се преценувам, не сум којзнае што хуманитарец, но доколку би имала многу пари, со радо срце ќе донирам пари :) ;)
     
  10. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    не сакам ова да изгледа како изјава на некоја miss world, но навистина би дала пари во хуманитарни цели.Остатокот би го поделила со брат ми и сестра ми, па би започнала некој бизнис или ќе ги вложам во акции,а остатокот да си се подновам нешто.
    :* :inlove:
     
    На bebus-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    bi gi ostavila del vo banka ke se zgolemuva kamata a so ostanatiot del samo na sebe si ke si mislam
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    Дел би потрошила за школување во друга држава,а остатокот би го сочувала.
    Потоа кога би се вратила назад во МК би отворила своја сопствена фирма и на тој начин повторно би имала пари.Потоа со вредно работење би си купила се што посакувам. :)
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Прво и основно ќе ги поштедам моите и од трошкови и од бесконечно мачење и дел ќе си одвојам за да се школувам. Ќе си уплатам за возачка, ќе си купам кола, па би си купувала гардероба почесто него што купувам сега и би прошетала бар до Париз (животна желба ми е).
     
  14. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Ehh koga bi imala golema suma na pari prvo bi si kupila stan ili kuka za mene i edna ubava kola ovie dve raboti da gi obezbedam mi se najbitni i ako bi mi ostanale uste bi gi podarila na nekoj sto nema,a mu se potrebni na pr. na nekoj bolen covek za operacija ili sl. namesto da gi trosam za gluposti i taka :)
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Ќе си купам куќа голема и убава како на Мајкл Џордан со огромен базент и огромен двор ( најубава куќа има од сите ѕвезди) и на сестра ми ќе и купам една, и по еден Мерцедес за двете :) Ќе инвестирам во недвижнини и ќе изградам ланец на хотели низ цел свет :) Ќе си купам еден фудбалски клуб и ќе ги донесам нај јаките играчи и ќе бидеме први во Лига на шампиони :lol: Ќе трошам многу на патувања, цел свет ќе го прошетам, а најпрво ќе отидам 15 дена на одмор во Бали, Индонезија. :) Ќе основам моја хуманитарна фондација што ќе се грижи за оние на кои им треба помош ( за болни деца, деца без родители, за изградба на училишта и сл.) А на сестра ми ќе и отворам најлуксузен козметички салон ( тоа и е огромна желба). :)
     
  16. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Ке одам во Бора Бора на одмор :) :)
    Би си изнакупувала еден куп облека,накит,козметика и такви глупости,потоа ке си направам убава куќа,голема со базент,сауна,тениско игралиште итн. да не одам во детали :).....еден дел ке дадам на брат ми и на моите најблиски да си купат што сакат,друг дел оде во добротворни цели,потоа ке си отворам некој бизнис,и некоја пара ке си оставам во банка обавезно за црни денови :)
     
  17. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    100
    едноставно Би шетала, секаде низ светот... :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.827
    Паметно ќе ги трошам! :D
    Ќе си купам добар стан и супер ќе си го уредам,ќе си купам аутце,онака по лимузинско,госпожа да се правам и да пуштам гласна музика со спуштени прозорци на семафори! :D Ќе направам шопинг од 1000 евра,поише не мора,ќе ми дојде понатака пак желба,па што правиме после?!Ќе си уплатам за одмор од 20 дена во некои тропски предели и уште нешто прошетка по урбани средини кои и не ги љубам баш,поше сум дивљакуша и мојот избор паѓа у сламена колиба во некое племе,ама покрај рајска плажа.Остатокот ќе го орочам долгорочно во банка!

    А ако барате мис свет...и ако јас сум најбогатиот човек во свет,од моите 100 милијарди евра,5 ќе дадам во хумантирани цели,ама најсериозно.Не ги разбирам луѓето со многу пари...повеќе значи не се работи за заработувачката,туку за статусот...а луѓе умираат и гладуваат.Страшно!
     
  19. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Би отишла во Прага ,би основала свој бизнис,би се омажила за некој згоден маж (со зелени очи по можност).Би родила дете и сите тројца во пат околу светот . :D :rofl: :talk:
     
  20. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    купувам голема куќа сосе послуга, ги земам другарките и се преселувам (немора да е незнам каде куќата само да е весело :P ). Ќе му го поолеснам животот на моите родители(знаете се е сега во долгови, кредити, блабла).. би платила за нечии лекувања и би си купувала се што во моментот ќе ми се присака :rofl: