Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би имале голема сума на пари, што би направиле?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Би си решила гооооолем дел од моите проблеми :)
     
  2. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Би отворила дом за кучиња греота се сите да ги тепаат :(
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ќе одам во Монте Карло и ќе уживам и таму ќе си купам јахта и еден стан :lol: :lol: :lol:
     
  4. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Прво станбено ќе се обезбедам себеси и моето семејство, па на мајка ми ќе и кажам - напушти работа веднаш, и ќе и купам една куќичка за да си ужива а и за да и се оддолжам за се што направила за мене.
    Ќе му ставам пола пари на детето на книшка во банка за да си има кога ќе порасне, а не ко мене да се мачи за секој денар.
    Со остатокот ќе отворам салон за убавина за да си имам работа во која што ќе уживам. Потоа ќе се подложам на секакви пластични операции за да си го средам телово како пред бременоста, или бар донекаде да се стегнам, да го отстранам целулитов и салово, да ги вратам градиве во првобитната положба, и така стегната и згодна да го фатам мажот за опашка и правец на Бора Бора едно 3 месеци.
    Ех, пусто око човечко ненаситно :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Ќе си отворам некоја фабрика како прво.Послем се знае.... трошење и само трошење на парите.
     
  6. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    купувам убав голем стан, се вселувам со саканата личност, одиме на патување во Abu Dhabi, отварам некое бизнисче :)
     
  7. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Би си купила сопствена куќа и би го прошетала светот,би си ги пружила сите задоволства што би ги посакала... Оптимист сум,па така да не се сомневам воо дел од моите желби ; 8)
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Би си ги купила сите штикли кои ми се допаѓаат... :D
     
  9. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    ЕЕЕЕЕЕЕ кога би имала одам дирекно во космос и куфам се шо ке видам,после ке су купам едно станче скромно и ке го прошетам цел свет ама не сама со некој шо ми значи ;)
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Прво и најважно нешто би платила лекување на личност што најмногу ја сакам (доколку прифати се разбира), па би си купила стан, би го опремила тип -топ :D, би отишла на патување во канадаа и ако ми останат ќе си отворам некој бутик, игротека... нешто од што би имала профит :)
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Абе одма одам на липосукција брееее, ода валку вишокот од сало шо го имам на бутовите и газот има како јен два три да го снема уфффффф, аривидерчи ќе му речам, аман од диети вежбање, и после одма авион прва класа порфавор, и летам за Италија, не за друго, него филм ми е како типката од Eat Pray Love, да испробам се и сешто од јадењето таму, стрвна сум мајке ми, и после од Италија ваљда пак ќе морам на липосукција хххххххххххххх.
    И после си ја градам куќата од соништата, цела стакло и дрво, со базени, камини и градина.
    И на крај, ако ми останат пари ќе си ги потплатам некои професори :rofl:
     
    На maci95 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    уф, уф токму така! 8) јас би отишла и на пластична операција за устата, сакам полни усни :) А после одам на еден гооолем шопинг и ќе си изнакупувам се и сешто 8) следува отварање на бизнис, мора да се надополнува буџетот! :D
     
  13. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Е јас би одела на трајна депилација, зошто влакнава по телово најблаго кажано ги мразам. Потоа би направила еден пат околу светот и најмногу би се задржала во индија и африка. Земајќи го во предвид стекнатото искуство од патувањето би отворила некој бизнис.
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Дајте ми прво пари па ќе ви кажам после шо ќе напраам :rofl: :D
     
    На Glossy-girl, srcekrsacka и Ivanna2 им се допаѓа ова.
  15. Ivanna2

    Ivanna2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Уфуф најпрвооо идаам воо шопинг,послее шминките не се прескокнуваат...па незнам не ми текнува во моментот...ама мора и некое Ламбурџини!! ;)) :P :P :D :inlove:
     
  16. Mighty88

    Mighty88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Уф што би направила...најпрвин би ги подмирила некои кредити дома што ги исплаќаме, потоа би купила стан за мене и мајка ми за што побрзо да си отидеме од куќава на баба ми... Ќе си купам едно количе за мене, peugeot 107 во срце ми лежи, така да несакам поголемо доста ми е тоа...После би уплатила еден убав одмор со дада и со мама не сме биле којзнае од кога така заеднички...
    Тоа ми паѓа сеа за сеа на памет...
     
  17. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Прво кога прочитав си реков ќе вложам во себе!Сакам поубава коса доста ми е оштетена ,ќе се шишам ќе си купам46543 маски за коса,силиконски капки и уште триста чуда за заштита на косата,ќе си изнакупам производи за лична хигиена абе уште подобро прво ќе се снабдам со еден магацин па се ова таму да се стави да има и резерва нели :lol: , ќе се изнакупам алишта,35486 пара штикли абе од чорапи до шнолички за коса,стегачи,украси за коса итн.Би си купила производи за разубавување креми за раце,лице,тело и што уште не,и обавезно би си оставила пари за искачање да имам така една добра сумичка да ми стигне за подолго време да одам секаде . :lol: АМА,кога подобро ќе размислам сега зависи од сумата,доколку е поголема,би размислила и би се консултирала со некој близок татко мајка на пример и би ги инвестирала парите во нешто,еве на пример можеби некое колонијално продавниче,нешто така,нешто што ќе вреди што после ќе можам да си го зголемам буџетот мој и здравје сеа зависи од прометот ако иде добро би штедела за проширување на бизнисот и така,ама секако во меѓу време и ќе си искачам и се тоа ама нема да се расфрлам без потреба.Сега ова е на кратко нели се треба убаво да се размисли да се направи бизнис план што како само нека дојде таа сума кај мене во џеб после лесно е за размислување. :D
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Сите пари во банка, камата ќе си тече, на крајот на годината ќе им мислам :D
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Абе, јас само да ги имам парите, што ќе правам со нив е најмал проблем. :lol:

    Еден дел во банка, еден оди во хуманитарни цели, еден дел за мене и семејството. Сите снабдени со сето тоа што го сакале и што им затребало и терат уживанција у Франција на одмор. :D
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Убаво си кажаа феминките погоре, ти дај ми голема сума па тогаш ќе видиш шо ќе напраам. :D
    Некој има голема сума пари, ама пустото не знае како паметно да ја искористи и да ужива. Се е ствар укуса, така да може да си фантазирам до утре, ама пари нема :(