Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би имале голема сума на пари, што би направиле?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    ИЗЧЕЗНУВАМ ОД МОЈОТ ГРАД...и ќе отидам некаде каде што ке ми биде помирно и нема да бидам опкружена со толку многу ИДИОТИ,само ке си бидам со најблиските и оние кој најмногу ги сакам :))))
     
  2. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Јас би отворила еден убав, голем стационар за животни. Срцето ми се распарува кога ќе се сетам на овој што веќе постои тука.. самите услови и тажните погледи на заловените кучиња ме тераат честопати да си го поставам прашањето дали имаат грам сожалување „луѓето„ што работат таму и дали можат мирно да заспијат навечер?
    Честопати и самата велам дека ги сакам повеќе животните од луѓето. До сега, ништо не ме разубедило во ова.. луѓето силуваат, убиваат, малтретираат други луѓе, а животните само си бараат свое парче земја, малку храна и љубов. Трагично е тоа што луѓе што имаат направено такви злодела престојуваат во затвор каде што добиваат храна, имаат своја келија соодветна на нивната висина и големина, топол кревет во зима, за разлика од животните кои не добиваат ништо од ова! И умираат, нормално..
    Ах..

    Втората работа што би ја направила е на оној чичко што секоја вечер продава весници на семафорите близу Југо Дрво, да му подарам убава кола, алишта и доволна сума на пари која ако ја искористи рационално најверојатно би имал средства за до крајот на животот.
    Неговата судбина е нешто што ми ги насолзува очите, посебно зимно време, кога го имам видено како пешачи од едниот крај на кисела вода до местото каде што се обидува да го заработи своето мало, скромно парче леб, не носејќи никаква заштита на рацете од студот, целиот згрбавен со цел да се затопли барем малку.. Оди од кола на кола, моли, за да продаде еден ебан весник од 15 денари.
    Страшно.

    И третата работа, би ги испратила мајка ми, дедо ми и баба ми на убав одмор. Цел месец нека не се враќаат, да поуживаат. Заслужиле..
    Претпоставувам баба ми ќе настојува за крстарење, а мајка ми за да се излежава по цел ден на некоја убава плажа.
    Они сами нека одберат, крај краева голема е сумата нели.. :)


    Ах.. да имав.
     
    На Butterfly-Girl и Edie.S им се допаѓа ова.
  3. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    хмм па повеќето тука гледам сте хуманитарни девојки..но јас еве искрено ќе си кажам да не се лажиме многу би си купила една вила покрај море кола црвена кабриолет...облекааа аа ааа аа а и ред други работи за мене еее ее еее ееееее ее е :D
    ама ко че пораснам :lol:
     
  4. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Најпрвин би купила некој стан или куќичка каде што би живееле само јас и мајка ми...а останатото би одело кај мајка ми... :)
     
  5. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Па најпрво би отпатувала некаде, а потоа за другото ќе размислам...
     
  6. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Ќе си купам нешто за себе и за најблиските
     
  7. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Добро би ги распределила парите :D Прво нешто би им дала на семејеството. Потоа ќе си купам гардероба колку што ми душа сака. Исто така би сакала да му ја дувнам од државата и да си купам огромна вила некаде во некое тивко место со прекрасен амбиент каде што ќе имам страшно добра градина 8)
     
  8. s.a.-95

    s.a.-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Би му купила мотор на дечко ми за да ме вози ( пошто јас неможам ) :D
    Би си купила убава квалитетна облека ( немора да е марка )
    Би си купила пит бул :3
    Би отишла на некое убаво место со дечко ми ( не мислам на бора бора или хаваи и слично и у село да сум со него убаво ќе ми е )
    Би купила по нешто на најблиските
    И шо знам сега за сега тоа ќе да е.. :)))
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Би и дала четвртина на мојата факултетска катедра за да пркне.

    Би ги земала другите за шетање: за мене и моите љубени. Не ми треба ништо друго освен цел живот да си шетам. Една година да си живеам во Јамајка, друга во Куба. И се така. За на крајот да се закотвам во Франција. Во моето шетање би ја избегнала Азија, некако не ми го прави меракот. Ама ако морам, морам.

    Ете така!
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Женски
    Најпрво поголем дел од сумата ќе донирам за социјално загрозените семејства,во дом за стари лица, :!: и пред се' на инвалидите.Сакам да помагам на секој,едноставно така се чувствувам посреќна и поисполнета :)
    На крајот една куќа за мене да не биде мноогу голема туку скромно, тоа е мојот стил.

    Да имав пари... многу луѓе би усреќила ...
     
  11. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Прво да ги имам,после лесна е :)
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    1.Би купила на моите милион работи
    2.би си купила кола
    3.шоп шопинг
    4.дечкоми ке го одведам на некое убаво место
    5.ке дадам на луѓе кои што немаат
     
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    1.И јас би отворила голем стационар за животни. Таму би вработила многу луѓе да се грижат за нив. Тогаш не би постоеле гладни,жедни, бездомни и болни животинчиња.
    2. На оние кутри луѓе кои просат по улица, оние кои се стари и кои навистина неможат сами да работат и да заработат би им обезбедила се што им е потребно храна,облека...
    3.На мајка ми би и купила убава кукичка покрај море, баш таква каква што посакува.
    4.На татко ми би му ја купила најубавата кола.
    5.На дечко ми би му отворила една теретана.
    6.За себе би си купила еден куп облека.
    7.Би купила една убава кукичка за мене и за дечко ми
    8.Би отишла на пуст остров со дечко ми
    Ииии има уште многу... :lol:
    Ама ајде доста филмови. :D
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheItGirl

    TheItGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Ќе ги поделам на три дела.

    Првиот дел ќе биде за мои лични потреби. (Образование, туризам, шопинг, дом, итн)
    Вториот дел ќе биде за моите најблиски, односно за позајмување на одредени суми.
    Третиот дел ќе биде за донации.
     
  15. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    1. заминувам од Македонија ЗАСЕКОГАШ (еднаш годишно би дошла) :lol:
    2. куќа на плажа,стан во Менхетен
    3.приватен авион
    4.ќе ги посетам најскапите бутици во светот
    5.ќе го прошетам светот
    6.ќе одам на остров со дечко ми
    7.ќе си купам BMW х6 и Audi Q7
    8.галакси 4с
    9.ќе си купам јахта
    10. ќе имам слугинки и обезбедување
    ах.... пректасен живот :D
     
  16. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Пак би си купувала на намаление :rofl: од навика :?:
     
  17. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Би ги вложила во нешто за иднина а другите лесно ќе се определат.
    Ќе си купам стан или дуќан и ќе го издавам под кирија :)
     
  18. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    би ги вложила во нешто убаво ,животна желба ми е да имам бензинска или ресторант голем луксузен на отворено за свадба,но и бмв х3 ,тоа ми се најголемите животни желби,секако би дала и на тие што немат но одредени суми,би донирала и за некој манастири цркви што се во изградба или деца без родители,и секако би отпатувала со дечкото на малдивите и шпанија ке му ја остварам желбата и на дечко ми :D
     
  19. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Би отворила сајт на кој би имале пристап само жени, и на кој би можеле сите ние кои сме згоди и имаме што да покажеме да можеме да постираме наши слики, на кои ке можеме да го покажеме нашето тело бидејки не се срамиме од него. Инаку тој сјт би бил налик на http://www.reddit.com/r/gonewild/ на кој ке мозе да се постираат аматерски фотографии.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Шопиииииинг :dance:
    После може еден концерт на Дестинис Чајлд. И да не им е планиран, ќе им платам. Нели ќе имам голема сума на пари :lol: Па ќе си купам едно куќаре во Варошон, натурализирана Варошанка да се сторам :D После си уплаќам еден така подолг курс по германски, зашто срамота е после 7 години учење абер да немам :D За крај си уплаќам едномесечен одмор во Лондон... а може и три. Или да се подзапишам на некој факултет таму :geek:
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover и Kaley им се допаѓа ова.