Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би имале голема сума на пари, што би направиле?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ozbilnazena, 12 мај 2010.

  1. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Прво ке купам цел камион облека обувки и накит,потоа станови и куќи,па коли,исто така и ке донирам пари и ке си платам возач кога сакам да ме разнесува кај ке сакам :)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас кога би имала голема сума на пари би отворила домови за старци ... нови болници со најнова опрема ... засолниште за животни и за деца без родители ... би изградила и најубав луна парк ...

    После би си купила жолта кола ... и куќа ... би посвоила многу деца и би направила хотел бесплатен каде сите гладни ке можат да јадат... би отишла на пластична операција да ме направат пониска ... би си купила некои алишта и многу тренерки ... и би живеела исполнет живот до крајот на мојот живот . :) ама кога би имала ...
     
  3. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Веднаш би отворила засолниште за животни. Дел ќе им дадам на моите родители за да не ги мислам дали имаат доволно за живот. За мене би купила кола ( не мора најнов модел важно е да вози) и малечко станче. А да и најубав апарат за да сликам се и сешто :)
     
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    или пак:
    -би купила 5,6, стана и би ги издавал по кирија....
    -би купила 10 камиони и би ги пуштила да возат по европа...(од овиа двата бизниси би тргала пари на сметка,на нив да оде камата,и како што некој спомна би купила акции)
    -би отворила такси компанија(овој бизнис за децата да имат голем џепарлак се што сакат да си купуват)
    -би отворила една сендвичара со екстра понуди доле под гимназијата таму би било најпрометно(тие пари би ги трошела за облека за мене,за дотерување,се разбира и за маж ми)
    ...а после 30 години ако одат бизнисие погоре зборувам за првите два,од заштедата и матните стапки и ќе ги продадам акциите,би подигнала и кредит би отворила ревизорска куќа,........................ама сето воа ако имам некоја голема сума пари :!:


    хмм.....чекај да се вратам во реалноста....... |(
     
  5. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Кога би имала голема сума на пари би го шетала цел свет со мојот сакан. дел од парите би ги дала на моите блиски да живеат спокоен зивот а другиот дел би ги дала за хуманитарни цели . :)
     
  6. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Оф мори мајко...а што не би направила! Прво пола сума би му дала на брат ми да си започне бизнис затоа што го бива сто пати повеќе за такви работи отколку мене. Со другата половина, еден дел оди во банка, а другиот дел ќе го искористам за да си прошетам низ светот, малку одмор и уживање, малку волонтерска работа, ке викнам неколку другарки со мене и мајка ми, ке си купам стан каде што највеќе ке ми се допаѓа, ке платам некој добар композитор да ми напише некое хитче, а кога ке ги потрошам парите ке барам уште од брат ми хаха :D Сигурно би направила уште многу работи ама не ми текнува во моментов...
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Би вложила во недвижнини, би купила еден голем возен парк со луди автомобили (и покрај тоа што не знам да возам :lol: ),би си дозволила нааајголем шопинг, би ги обезбедила моите родители финансиски за цел живот и веднаш би ги натерала да престанат да работат и би отишла на едно големо патување со дечко ми низ повеќе дестинации во светот! Само толку сакам, ништо повеќе! :P
     
  8. Pink.Princess

    Pink.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да имам многу многу пари прво ке ги земам сестра ми,мајка ми,татко ми и ќе отидам и ке си купаме се што сакам .После се пакувам и заминувам да го шетам светот :rock: .Ќе ги посетам сите чуда во светот ке свратам во Данска ке одам во Тиволи,Дизниледн обавезно....ќе одам сегде каде што сакам.Ќе си купам еден стан или куќа во странство(некој убав град) може и во повеќе градови и да си одам таму преку лето/зима.Исто така тука во Македонија ќке си купам еден убав стан/куќа и ќе си ја уредам најубава што може.Обавезно ќе си направам куќа(виќендица) на Пелистер.И мислам дека тоа е тоа :D :rock: :clap: :P
     
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Ако имам пари би отишла прво на шопинг, па ке си уплатам за кола и ке си купам една кола од овие спортските порше ми се свига како марка 8 :lol: , ке си купам огромна куќа со базен надвор од градот опремена со штала и ке си купам неколку коњи оти ми се убави како животни а јавање ми е многу привлечен спорт иако досега не сум имала прилика да го осетам тоа искуство( иако ми е голема желбата), потоа би отисла на крстарење со моите од 2-3 месеца и тоа се по егзотични места хаваи, малдиви итн, и така ке си се ладкам до крајот на животот 8)
     
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    би ги вложила во себе за да изградам кариера т.е. за да ги размножам :) би отишла во Дубаи и Абу даби, цела гардероба би ми била марка, би купила БМВ и нормално ќе му поможам на родителите, брат ми, поблиските роднини и другарките позз
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Би ги инвестирала за понатамошно образование.
     
  12. Marissa24

    Marissa24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Ако би имала мнооооооооогу пари, прво би изградила дом за животинчиња, би направила посебни институции и би им купувала облека, би им го развеселила животот на болните дечиња и дечињата со посебни потреби, би ги вработила сите сиромашни луѓе и со парите што ќе ми останат еден фин шопинг :D
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Прво ќе си купам мобилен на тач, некој најубав што многу ми се свиѓаа :inlove: После ќе си изнакупам гардероба, колку сакам и каква сакам, после шминка и ќе си се облакам во рок стил хаха :D После сакам да ја посетам Австралија а посебно Сиднеј и Мелбурн. Ќе си се запишам на бокс, сеа у моментов неможам заради две работи. |( Сакам да се тепам во ринг и да станам познат боксер, најдобар ..ахахах многу сакам бе! :D И незнам не ми текнува ич на други работи во моментов. :)
     
  14. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ке ги инвестирам во мене,во мојата професија да се надградам,да си го проширам бизнисот и со останатиот дел од сумата ке го прошетам светот :)
     
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    браво! и јас сакав истото да го пишам :)
     
  16. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    ке си започнам бизнис и ке си ја изградам мојата куќа од соништата ;) добро и патувања не се на одмет :hai: :D
     
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Прво ќе идам на шопинг и ќе си купам многу облека ,чевли ,шминки ....
    Второ ќе си организирам патување некаде далеку со муценцето да си бидеме сами неколку недели
    и другите пари ќе си ги урочам во банка за да ми се размножат
    коа ќе ми се направат пак толку пари пак ќе го направам истото
    еден е животот
    денес не има :)
    утре којзнае :^) ;)
     
  18. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    Најверојатно би вложила во нешто за да ги дуплирам, па после дел ќе дадам во хуманитарни цели а дел во патувања и подобра иднина се разбира ;)
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    значи зборуваме за ептен голема сума на пари ? :D

    па најпрво би му дала на тато за да се врати дома и да престани да работи и да уживаат со мама и да си почнат бизнис во македонија. на баба и вујче исто така за да престанат со крпниот живот, потоа би ги инвестирала да купиме удели во фирмата кај што работи вереникот и во фирмата кај што работам јас за да можеме уште поуббаво да работиме.

    онда купуваме стан за да си го решиме станбеното прашање и уплаќам за возачка и би ставила пари во банка за студии за внук ми и внуката кој ја чекам секој момент да се роди.

    и се разбира едно патување околу светот :rock:
     
  20. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Ми се допаѓаааа овааааа :)
    Прво би отишла на еден доооолг шопинг, и ќе им изнакупам подароци на сите мои драги... Е потоа би си отворила некој бизнис, секако нели да се ствараат уште пари хаха
    Како најдраго нешто за мене би си приуштила патување околу светот и би ги повела со мене двете најдобри друарки... мх мх баш се занесов :lol: