Кога би можеле, дали би ја зеле Шагринската кожа?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Avril.09, 23 јануари 2012.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Ја видов темата на друг форум, мислев да отворам тема само за лектирата, но мислам дека вака е поинтересно.
    Накратко да објаснам за што се работи. Еден човек по име Рафаел, е на самиот раб на самоубиство. Сепак одлучува да влезе во една антикварница, каде наоѓа шагринска кожа. Кожата има моќ да исполнува желби, но со секоја замислена желба се крати кожата и се кратат деновите на тој што ќе ја земе!

    Замислете дека вие сте се нашле во таква ситуација. Дали би ја зеле кожата? Кои би биле вашите желби?
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.025
    Нее, никогаш.
    Шагринската кожа не знам кој ја читал книгата ама исполнуваше се! Дури и кога он ќе помислеше дека му се пие вода- чаша со вода пред него :) ( пример ова )
    Такада не.
    Ама... Ако животот не ми зависи од желбите тогаш оф корс! :)
     
    На Lolipop23 и lolita97 им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Не.
    Несакам млада да си умрам :) со сите исполнети желби на брзина. На таков начин животот не би ми имал смисол. Ако ми се исполнат сите желби набрзина, не би ми било интересно и незнам што би ме водело во животот.
    Животот е предизвик и реални желби се осваруваат порано или подоцна со сопствен труд
     
    На Libera, thelittle17 и lolita97 им се допаѓа ова.
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Ја имам прочитано лектирава, интересна е, но јас никогаш не би го направила она што го направил Рафаел, бар јас таков живот не би сакала да живеам, тој несвесно си замислувал многу желби, а кога се намалила кожата е дури тогаш му дошла совеста, но веќе било доцна. И така е секогаш откако ќе направиш грешка се каеш, ама знаете што вика баба ми после е*ење нема каење.
    Се пресмеав од стар човек да слушнеш такво нешто којзнае од каде слушнала :lol:
    Бог да чува
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.491
    Не би ја земала.
    Радо ќе си го живеам животот како ред што е, а не вака, на овој начин.
    Ако сакам некоја желба да ми се исполни, самата ќе придонесам да влијаам на тоа исполнување.
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    Не би ја зела... Како шо ми е пишано така да си живеам :)
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    До некаде се согласувам со вашите размислувања. Но доколку таа можност ја имам кога веќе доста сум искусила и доживеала, да не кажам во стари години, тогаш со задоволство би ја зела за уште некоја авантура и не би жалела ни малку.
    :)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Јас ќе ја земам и ќе си замислам една единствена желба. Да ме нема одовде. И волкот сит и овците на број.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.533
    Ќе ја земам.
    Во животот имам една цел, една должност, една грижа и една радост.
    Ќе замислам само една желба.
    На сонцето мое сите желби во животот да му се исполнуваат и без оваа Шагринска кожа.
    Ако ми ја исполни, нека ме снема одма.


    Убава тема... поттикнува на размислување.
     
    На cresa-jagoda, Avril.09 и Offspring им се допаѓа ова.
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Не :)

    Животот би ни станал неподнослив ако се имаме на тацна. И вака можеме да добиеме се што ќе посакаме, само не брзајте многу за авиони :D

    Ако сакате да знаете животот е совршен. За секое црно, постои и по некое бело за да се балансираат работите. Постои и белко во црнко и обратно, се е идеално разработено како најсовремена машинерија. Само тргнуваме од различна стартна позиција и не викам дека тој е фер. Постои и правда, постои и неправда. Ако имаме се што посакаме ќе бидеме исто ко во земја Дембелија и ќе нема да знаеме што со себе, освен нели најлогично решение ќе ни биде јамката околу вратчето.
    А и без да не биде доделено, можеме да постигнеме речиси се што ќе посакаме, ако желбите се логични и чекор по чекор.

    Едноставно, ги добиваш работите кои ги посакуваш и плус добиваш живот :D
    Само да дигнеме задниците од пред мониторите, молам :D :D
     
    На Fallin-ForHisSmile му/ѝ се допаѓа ова.
  11. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    380
    Да, ќе ја земам. Вака-така, само една до две желби имам во животов :)
    А и што знам, мојата филозофија повеќе се сведува на тоа дека е подобро уште 10 години да живеам по мое, онака како што сакам отколку уште 60-70 години да се мачам да сврзам крај со крај.
    Идеално за мене би било да имам и долг живот, ама ако ми се нудат условите што му биле нему понудени, не му ја мислам многу. И однапред знаејќи дека можеби ќе се покаам, сепак ќе ја земам, не сакам после цел живот да го поминам во размислување ,,што би било кога би било?,, Вака барем ќе ги имам работите во свои раце.
    И колку што се сеќавам од книгата (пред нешто повеќе од пет години ја читав, и тоа во доста ограничен рок), тој умре затоа што не успеваше да си ги контролира желбите кога се заљуби во таа Полина... Плус, не ми е јасно, кога ја имаше кожата не можеше да направи со нејзина помош некоја заврзлама во договорот ... или премногу беше поштен за такво нешто :D
    Ајде да не правам некое ново сценарио сега...

    Туку книгата навистина е поучна сама по себе... Но и покрај тоа, не верувам дека некој што претрпел мака во животот, дури и да ја сфатил целата поента и да е свесен за можните последици не би ја зел...
    Потполно го разбирам овој Рафаел кога се согласи да ја има кожата. Во негова ситуација, најверојатно и јас ќе постапев исто.
     
    На delfinaa и atala им се допаѓа ова.
  12. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Apsolutno se soglasuvam so Antilla zatoa sto jas licno spagjam vo tie lugje sto ne mozat da si go ziveat zivotot kako sto na niv im odgovara i sepak e podobro da ziveam uste samo 10 godini kako sto veli taa,otkolku 60,70 godini da se macam i da stradam,a da ne mozam nisto da postignam!sepak jas ne sum vooopsto alchna,taka sto mislam deka vo mojot slucaj kozata ce mi se smiluva,pa nema taka brgu da se skrati,taka sto bi dobila 20,30,pa i povece godini od zivotot,a ne samo uste 10!Knigata za zal ne sum ja procitala,no ce najdam vreme vo idnina da ja procitam!a za glavniot lik mislam deka ona sto mu go skratilo zivoto i kozata e negovata preteranan alcnost,toa e smrten grev koj ne moze da pomine nekazneto,a rezultat od grevot e smrtta!
     
    На delfinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Тешко прашање... но сепак мислам дека би ја зела. Имам неколку желби што толку силно посакувам да ми се остварат, мислам дека не би одолеала. Знам дека исполнувањето на тие желби би ме направило најсреќна, па после тоа нека биде што сака. Ќе живеам за моментот. :)
     
    На delfinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    651
    Можеби, но најверојатно не. Нема таква желба која не можеме да издејстуваме сами да ја оствариме. А и подобро ќе се чувствувам кога ќе знам дека сама сум постигнала нешто. :)
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Книгата која буквално ме промени, ме порасна и духовно ме збогати, омилена е мал епитет!
    Сум размилсувала, ама премногу на темава, или теми поврзани со книгава.
    Еднаш викам би ја земала, друг пат не, променливи ми се мислењата, но знам дека со сигурност би ја земала само ако може да ми врати некои луѓе кои прерано ми ги зема од животот, ако тоа е можно :(
     
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    770
    Би ја земала. :) Можеби работите што ги посакувам никогаш нема да ги имам, желбите никогаш нема да ми се остварат без разлика на тоа колку ќе вложувам труд. Не постои гаранција за ништо.
    Ќе се сложам со дел од претходните мислења - подобро би живеела неколку години со исполнети желби отколку да имам долгогодишен живот со неисполнети...
     
    На delfinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.029
    Не, зошто на желбите им нема крај... би си рекла сакам да имам се што ќе посакам, но кога ќе треба да посакувам ќе биде се пожестоко и пожестоко. Така што, не.
     
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    16.938
    Пол:
    Женски
    не би го заменила животот само за исполнување на желби. Со самиот тек на животот,можеби ќе ми се остварат желбите,не сакам да живеам еден ден во раскош, сакам да живеам колку што е пишано ,со помалку раскош, сама да трагам по она што го сакам и да уживам во секој ден.
    Животот не е еден беспрекорен ден. животот е долга патека која ние самите треба да ја направиме беспрекорна.
     
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ќе ја земам, но со желбите контролирано. Па нели кожата ги исполнуваше ама баш сите желби, па така 2-3 не претерани желби добро би ми дошле.
     
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Би ја земала,да ми го врати дедо ми.
    Уште еднаш да го видам. ;(