Викате дека буквално се исполнувала, но се намалувал животот, а што ако некој посака долг живот? што тогаш?
Да, би ја земала Шагринската кожа , би посакала ми се исполнат малку желби во врска со оние работи кои би сакала да ги имам а ги немам мислам од три до пет желби не би ми се скратил многу животот ,па и да ми се скрати подобро би живеела краток живот но исполнет со убави работи( кога велам убави работи не мислам на материјалните работи туку мислам на оние работи кои не исполнуваат духовно и не прават среќни ).
Да. Ќе побарам да ми ги исполни оние желби кои знам дека вака имаат минимални шанси за остварување. Животот е краток. Ќе умреме сите еден ден, порано или подоцна... Зошто би ја испуштила можноста да ми се остварат најголемите желби?!
Исто ќе прашам и јас,а што доколку некој посака долг живот м Искрено многу пати сум размислувала за ова и не знам како да до дефинирам конечниот исход. Јас би ја земала,секако не за материјални задоволства туку за да ми врати една моја омилена личност, неговото враќање би вредело многу повеќе од тие мои 10 или незнам колку години помалку. Каде да ја пронајдам кожава м :geek:
Не знам...паа...не би ја земала. Научена сум за се што сакам да се борам. И да ги постигнувам работите со труд. Не би била задоволна од самата себе доколку би ја земала оваа кожа.
moze li malku podetalno da mi ja napisite sodrzinata na sagrinska koza? na pocetokot ne ja svanam mnogu objasnuva avtorot
Ќе замислам една желба , да имам супер моќи , ќе го покорам човештвото и ќе владеам со светот ... Sooooooooo easy....
Не, животот е премногу краток за да се коцкаш со него. Мислам дека ништо не ценам повеќе од животот. Се додека сум здрава, јас сум среќна. Ништо повеќе не ми треба.
Би ја земала,со тоа што би посакала една единствена желба,да бидам среќна цел живот,а штом сум среќна,значи здрава сум ,опкружена со љубов и блиските се добри.Ќе ми се скратат малку годините,но барем убаво ќе живеам.Мислам дека и не вреди баш да живееш 100 години,а сите години во животот да ти се исполнети со тага,нели?
Никогаш не би ја земала. Добро малку се размислувам... Би ја земала само за да спасуваме животи. Ама така одма јас ќе си отидам .
sweet-star Можеш да посакаш само материјални работи. Нели тој посака да живее подолго па неможеше!? Јас би ја земала да бев во таква состојба! И на писмената имав така напишано - и имав 5. Баш заради различното мислење од останатите. Еве краток дел од неа: "Но дали, дали навистина тој го "прокоцкал" својот живот? Прашувајќи ме мене, јас би рекла НЕ. Па, нели тој го заврши својот живот во прегратките на саканата?! Тој доживеа љубов, доживеа среќа, ја преживеа сиромаштијата, уживаше во богатството. Ги "вкуси" сите предизвици на животот. И тоа прави да се запрашам, навистина ли го прокоцка животот?! Тој почина среќен и тоа прави да мислам дека неговиот живот не е прокоцкан." Сама го напишав на час и цврсто стојам зад моите ставови. И онака да не ја земеше кожата, ќе се фрлеше во Сена.
Јас ја читав оваа книга и темелно ја разработував....животот на Рафаел целосно се менува со пронаоѓањето на Шагринската кожа.Кон крајот на книгата се забележува тоа дека тој е присилен да каже што му се слушува за да можат да ја растегнат кожата и сл но ништо не им успева.Кога дознава дека секоја негова желба го чини со намалувањето на животот тој не го живее совршениот живот веќе тоа не постои не сака ништо да посака...искрено тоа и не е некој живот...не го сакам таквиот живот во кој има ограничувања за своите посакувања и желби....би ја оставила кожата доколку би знаела дека ќе имам ограничувања но никогаш ништо неможеш да претпоставиш секогаш тежнееме кон подобро можеме многу лесно да се излажеме,да се предадеме....Мојот одговор е НЕ како и на повеќето или сите досега кои пред мене пишале...од оваа гледна точка би кажала НЕ но доколку ние сме Рафаел не сум сигурна дали тоа би било баш така...