Уффф не знам, повеќе личности се, ама сум размислувала досега за сестра ми, а би го дала и за други личности што најмногу ми значат.
Животот е само еден, и мислам дека никој не заслужува да го добие мојот живот.Значи ако умира тој/таа и сега сите се во паника дека тој/таа ке умре и ооп умирам јас,а тој/таа и сите други продолжуваат со животот и за месец дена ке заборават сите вклучувајќи го и тој што го има твојот живот зошто е сеуште жив/а.Ако ме разбравте баш ми е мило
животот е само еден ама со самото тоа што сум подарила два животи со доаѓањето на моите два сина на свет,приоритет давам на нив....ако некогаш дојде ситуација мојот или нивните животи го давам својот...ниедна мајка не можи да поднеси да ги гледа своите деца како се мачат или да не дај боже најстрашно да се случи...што корист за кого би живеела јас???????.....пу,пу,пу....
Не се заборава смртта на некој близок така лесно за месец дена, посебно ако ти е ептен близок, како на пример, брат, сестра. Нека не те залажува надворешниот изглед на таквите семејства, кои иако изгледаат како да продолжиле најнормално, нивниот живот секогаш ќе биде неисполнет и болката од загубата не верувам дека би заминала некогаш...Само можеби би научиле да живеат со неа, да ја поднесуваат, но не и да преболат како ништо да не било.
Моментално, за никого.Имаше две личности за кои би го дала животот, ама, едната не го цени сопствениот живот, па не гледам зошто би и го дала мојот , а другата, премногу несериозна ми е и не сум повеќе сигурна колку ме сака Исто како и Marbella, би го дала животот, за тој што би го дал својот за мене
До пред некој месец би одговорила дека животот би го дала за моите родители, брат ми и за сопругот. Но, откога се случија некои работи животот не би го дала за никого. Може звучам себично но сватив дека животот е еден и мора да го земеш во свои раце и да го живееш како што сакаш.