Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Да можев би го дала својот живот на мајка ми за да ја спасам, ама ете за жал не можев. Сега ми остана само татко ми и тој е единствениот човек кој заслужува се! А утре кога ќе имам деца без размислување би си го дала живото за нив.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? без размислување за мојот татко би го дала мојот живот и дечкоми го сакам премногу но сеуште има помеѓу нас едно НО
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Па понатаму само за своите деца,мислам дека никој не толку вреден да го дадеш животот за него.Тоа што е мое,мое си...ИСКРЕНО не сум јас толку хумана.Само за своите деца здравје.Дај боже да нема потреба од тоа,баш морбидна темичка
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Животот би го дала за брат ми, мајка ми, татко ми и секако мојата најверна другарка Ивана.. Без сите нив овој живот не би ми бил вреден на овој начин на кој што ми е денес.. И секако за мојата баба која знае да ме насмее до солзи и да изнервира за различни глупости.. Сите подеднакво ги сакам !!!
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Животот би го дала само за мајка ми и татко ми, они ми значат најмногу, за никој друг на светов
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Колку и да изгледа патетично и безвезе, јас мојот живот би го дала за мајка ми и за НЕГО. Тоа се двете личности во мојот живот без кои истиот неможам да го замислам. Понекогаш замислувам, што би правела без нив, ама веднаш се ужаснувам од самата помисла Тие секогаш биле покрај мене, безрезервно ми давале поддршка во сите тешки моменти, поготово мајка ми, без чии совети не би можела да постојам ниту еден момент. А тој ... ако тој не постои целиот свет би бил само еден страотен збир на потсетувања дека тој постоел и дека јас сум го изгубила. Со таа празнина никогаш не би можела да живеам
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? ЗА СОПРУГОТ МИ НАЈМИЛ....без двоумење... Јуник извини, те цитирав, ама во моментот си ја срочила најубаво причината поради која јас би го направила ова... Не би можела да живеам без него, едноставно не би можела...
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Дефинитивно за моето братче и за дечко ми, без нив неможам да си го замислам животот, иако мислам дека можеби брат ми не би го сторил ова за мене. А еден ден кога ќе имам деца тоа би го сторила и за нив. Spoiler Дечко ми тоа најмногу го заслужува и мислам дека и он истото би го сторил 1000 пати се жртвувал за мене, а еднаш се деси една случка од која мислев дека ќе го загубам и тогаш сватив дека дефинитвно да можам да го дадам мојот живот одма би го дала, јас без него не би можела да живеам Заслужува и повеќе од тоа
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? За мојот иден маж, неможам да си замислам живот без него, се би дала за него. Човек како него никогаш нема да најдам и го сакам највеќе од све на овај свет! Spoiler Но исто и за мама и тато и за мојата мала внукичка и без нив неможам да живеам и си ги сакам многу многу
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? За никого...Господ еднаш ме спасил кога сум била најбеспомошна, кога немало реална надеж,така што премногу си гo ценам животот. Би помогнала на оние кои ми се нашле, за тоа нема муабет, секогаш, но животот да си го дадам-не, не до толку.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Норамално за семејството тие се овде со мене со нив дојдов до овде ,без размислување би го дала животот за моето сакано семејство
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Би го дала гратис, на кој сака, на кој му е потребен нека си го земе слободно.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? И јас истото би го рекла и така и така не гледам веке ништо фајда ни па позитивно у него...Џабе е се, се раѓаш, растеш, трпеш секакви болки и страдања и на крајо умираш. Смисол на животот никаков!
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Многу е комплексно прашањево а многу ви се едноставни одговориве на повеќето мама,тато,бато, маж ми... Секако дека на нашите најблиски им посакуваме се најубаво, нивните здравствени проблеми не погодуваат најмногу на светов, нема поголема болка од загубено здравје на некој наш близок. Но јас никогаш не би побарала некој да го даде здравјето за мене. Таква е судбината, нема потреба некој да ги сноси последиците а јас да живеам до 120 и назад. А и обратно. Зар мајкави, татко ви, брат ви, сестра ви, љубениот би ви го земале вашиот живот за тој/таа да живее и понатаму и да ужива на вашата несреќа? Ако прифатат, тогаш не ве сакале и почитувале! Наш живот, наша среќа, наша судбина!
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? ех да можев да го дадам животот за мојот брат...ама ете невозможно е да се даде својот живот за нечиј друг, така да нема полза да размислувам за тоа