Кога би го дала животот за мајка ми, што ќе и е тогаш животот без мене... Ќе мора да живее со помислата дека ради неа, мене повеќе ме нема. Ако го дадам за дечко ми, тогаш ќе тагува и пати по мене. Јас не би дозволила некој да го даде животот за мене. Би го дала за своите деца. Во нив знам дека ќе продолжам да живеам. И ќе знам зошто. Која мајка би можела да живее без своето чедо? Тие ќе си оформат свое семејство, ќе се сеќаваат на мене и ќе бидат среќни што живеат и продолжиле да живеат токму поради мене.
Моментално, јас не би го дал мојот живот на никој.Ако некогаш се одлучам да имам деца, тогаш за нив би го дал.
Јас не би го дала животот ...прво тоа спротивно законите и религијата. Второ ако почувствувам таква потреба тоа ќе биде за блиска личност која сакам да ја одржам во живот ама нема логика јас да умрам а она да остане затоа би дала орган од мене па да можеме да се спасиме и да го продолжимр животот, исто ми е желба да ги донирам своите здрави органи после смртта