Мајка ми, татко ми и сестра ми се единствените личности за кои би го дала својот живот. Би ја дала својата среќа и радост само да не ги гледам како се мачат или нешто сл. во негативна смисла.
За ќерка ми, додуша замалку и ќе го дадев, бидејќи имав високо ризична бременост. Но во ниту еден момент не се поколебав.Докторите велеа дека ако работите се искомплицираат, мене ќе ме спасуваат, а бебето ќе го жртвуваат (оти мајката можела пак да роди бебе, а бебето не можело да ја роди мајката), ама не се предадов, се борев за неа со сите сили, им кажав дека таа мора да се роди и успеавме- е тоа е мајчинска љубов!Господ не сочува, живи, здрави и прави! И ако треба, не еднаш, сто пати би го дала животот за неа.
Не би го дала за никој сега за сега затоа што знам дека тоа не би го усреќило никого. Кога би можела да помогнам некако би им помогнала на моите најблиски. Кога би имала дете верувам дека би го дала за него животот, како што и нашите родители би го дале за нас. Но прашајте ги нив дали би го дале животот на нивните родители? -Не! живото тече на тој начин што родителите би се жртвувале за детето, но не и обратно. Јас само не можам да сфатам и простете ми- како велите дека животот ќе го дадете за вашиот дечко? Зошто нему? Можеби го сакате, но тој е сега тука, некогаш може нема да биде. Без навреда.
Потполно се согласувам. Или пак некои пишуваат дека за другарките би го дале својот живот, ма немој. другарките и дечковците можеме да ги смениме,ама не и родителите.
За внуците! Без размислување би го дала својот живот за тие мали, чисти, искрени, невини душички, тетини ангелчиња ! Ги сакам толку многу и чувствувам колку многу тие ме сакат мене ! Без размислување, се давам цела за нив!
Животот би го дала само за мајка ми и сестра ми и еден ден за моите деца..а за дечко не, оти никогаш не се знае што можи да биди понатаму, најблиските се оние кои се секогаш тука за нас и кои се жртвуваат за нас, а не дечковците и другарките
За моите деца. За моите сестри. За моите родители. Иако не верувам дека родителите би ме жртвувале мене,сепак јас за нив животот би го дала.
За ќерка ми, за брат ми, сестра ми, родителите, за мажот ми не знам, во моментов додека пишувам и тој ми иди на памет, значи и за него би го дала животот
Мислам дека родители нема да дозволат да го дајш животот твој за нивниот..но сигурно би го дала мојот живот за мојата внука од сестра и за мојата сестра
Животот би го дала за ќерка ми, сестрите ми, мајка ми и татко ми и маж ми. Луѓе без кои неможам да живеам!
само за даде не дека не си ги сакам родителите ама сестра ми ми е најважна. се караме можеби но кога ќе размислам ние сме едно а читам тука за дечко... дечко може да ти биде секој па дури и за маж да станува збор ќе ве прашам кога ќе имате(имаме- и јас немам сеуште ) деца дали уште ќе викате дечко/маж