Ако некогаш, да не даде Господ, се најдам во таква ситуација, мислам дека би го дала за сестра ми, мајка ми и татко ми, а кога ќе имам деца и за нив. Мислам дека ако имав посреден живот, т.е. дечко кој ме сака и го сакам, ќе ми се уживаше во животот, па тогаш изгледа поише би го ценела животот и не би го дала за никој. Сега за сега - можам да се жртвувам
Би помогнала колку што ќе можам,но да го дадам мојот живот за друг во никој случај,на кој како му била судбината,па тоа е со Господ напред
Сега за сега, само за моето семејство затоа што знам дека тие ќе ме подржуваат секогаш во се' и никогаш нема да ми свртат грб.
За мајка ми и сестра ми !!! Единствено за нив би го дала животот... За дечковци и такви ствари никогаш не би го дала иако дечко ми го сакам ама давање живот не... Само за мајка ми и сестра ми...
Не си го давам животот за никој Можеби сум малку себична, но со никој не сум толку блиска, во никого толку не верувам за да го направам тоа Можеби ке се појави нова личност која толку ке ја засакам, толку ке и верувам и можеби би го дала животот за неа
Чудно прашање, интересни мислења и ставови. Јас искрено одма помислив дека би го дала за некој од семејството, иако е животот е најнајголемата жртва што може да се даде. И потоа си помислив, а за кого конкретно? Испадна за мојата внука најмногу. Можеби дека е најмала, ја гледам како ангел, како нешто незаменливо. Порано луѓето умирале за ништо. Некои можеби за нешто конкретно и вредно. Да дадеш глава од почит кон кралот не ми е сфатливо. Да се бориш во војна, тогаш си изгубил живот, не верувам дека со свест одиш во војна за да го дадеш животот. Живот. Чудесии. Не знам. Не сакам никогаш да се најдам во таква ситуација. Не знам другиот како би се чувствувал понатака, како би го сносил тоа.
За било кој од најблиските ( сосе домашните животинки ,дури ми се чини дека побргу за нив би го дала животот ).
Колку год себично да звучи, јас својот живот не би го дала никому. Ниту кога би можела би прифатила туѓ. Тешка филозофија крие ова навидум просто прашање. Ти ќе се одречеш од животот, но како примателот ќе го доживее тој чин, дали ќе му биде чиста совеста, дали ќе го мачи тоа, дали ќе му/и недостигаш? Ниту една мајка не би посакала да биде жива за сметка на животот од своето дете, ако детето и е мртво тогаш има причина помалку за живот, а не причина плус и можност за живот. Ниту пак јас би сакала некој да се откаже од својот живот за мене, не благодарам. Секој има свој животот, колку ќе трае никој од нас не може да одлучи, затоа секој момент треба максимално да се искористи.
Не го давам животот за никого. Ма да колку ова и себично да звучи. Еден е и треба максимално да го иживееме...
Исто.Сите што се присутни во мојот живот или некогаш биле присутни, на еден или на друг начин ме предадоа, ме изневерија, ме скршија.Научив да бидам силна и покрај се што ми прават, и покрај се што се случува околу мене.Затоа, не би го дала животот за никого, се додека не најдам некој кој ќе биде доволно вреден за тоа...
Јас би го дала за оние што ми значат најмногу. Татко ми, мајка ми, помалите ми брат и сестра и Тој... Животот многу вреди, а тие ми значат повеќе отколку што си значам сама на себе, па би сакала тие да го проживеат..