Досега немам сретнато некој за кого би ги дала животот,нема таква личност која досега покажала дека вреди толку многу за да го направам тоа.
Би го дала животот само за (недај Боже да треба) моите две дечиња. За мајка ми,татко ми,маж ми и сестра ми(пак ќе кажам Не дај Боже да треба) би дала се што имам по две-едното око,еден бубрег ,една рака,една нога.......Да ,да ,озбилна сум.Им требам на моите деца.
За сите, без разлика кој е . Од љубов би го направила тоа и за најголемиот непријател (оној што ме смета за тоа), а јас секако не би го именувала така.
Ќерка ми, внуките, сестра ми! Не можам да замислам дека на нив може да им се случи нешто.. од помислата ме боли, без размислување би си го дала својот живот..
За никој. Никој не може да биде повреден од мојот живот кој бог ми го дал, ни мајка ни татко.. не би се жртвувала себеси за никого бидејки не вреди, особено денес кога веќе во никој не може да се има доверба. Мојот живот е драгоцен, и ќе го живеам каков и да е.. имам право!
Не би го дала никому, сепак е тоа мој живот, не дека сум себична ама животот е скапоцено нешто не се "поклонува" туку така.
За мајка ми. Таа ми дала живот. За татко ми. Тој помогнал во давањето живот. За дада. Замена за сестра.