Кога би можела, би променила некои работи, мои постапки од пред 2 години, и сега животот ќе ми беше тотално различен...
Ако би можела би го вратила времето многу наназад за да се исправат некои грешки а не сега да се одразуваат Ех ама АКО БИ МОЖЕЛА
кога би можела извесно време да заминам некаде далеку и да бидам сама со себе и да се одморам од се т.е. да ги наполнам батериите па да продолжам понатаму
Кога би можела да го вратам времето назад немаше да ми се случат некој работи.Кога би можела би заминала за Белград онака да се шетам.Кога би можела да отидам овој викенд некаде да отседнам во хотел да лежам спијам одмарам и да шетам во природа далеку во планина.
Зошто кога ми треба не ми текнува на ништо? А толку работи има. Ете, кога би можела да се сетам на се што сум помислила на оваа тема. Нешто најпросто што ми текна...Кога би можела да си копкам низ ископини во Каиро, Луксор, Александрија. . . Кога би можела да си ја купам сета шминка што ќе посакам. . . Кога би можела да знам што сакам, барем еднаш!
кога би можела да го вратам времето назад би сменила многу работи, не би запознала луѓе кои сега веќе итоа како ме повредиле, не би ги направила истите грешки.. би сменила мноооогу но самата јас како личност НИКОГАШ!
Безвредно е да мислам дека би можела да го вратам времето кога не можам. Кај себе би ја сменила својата карма. Не знам секогаш привлекувам чудни луѓе. Тоа на еден начин ме прави уште позатворена. Мислам дека можам да љубам, а всушност се плашам и не дозволувам никој да допре, бргу се повлекувам. Другото борбенооста, енергијата, добродушноста дур и инсоминјата не би ги менувала, ме направија она што сум денес, и знам дека растам полека, само не си комплетен кога двете љубови не се до тебе, ќеркината и онаа што треба да биде сопатничка љубов.
Кога би можела да го вратам времето... Да сменам некои мои постапки за кои сега се каам бескрајно. Мислам дека се ќе беше поинаку. Би сменила некои работи, би било многу подобро.
Би се направила невидлива барем на еден момент , или би се вратила во минатото да спречам некои работи да се случат или пак да избегнам да направам некои грешки.
кога би можела ... барем еден ден да беше со мене,да ме види девојка,како се нервирам за љубовни проблеми.. кога би можела би отишла горе каде што е, на еден ден за да им се пофали на сите и да каже да таа е мојата внука
Ова е хипотетичко прашање,кое само по себе дава нереализиран дговор. Кога би можела би го променила мојот животен тек на настаните.