Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Се надевам дека нема ваква тема па затоа и ја отворов а ако има слободно затворете ја

    Самиот наслов на темата кажува се :)

    На пр.Чекорите по улица и наоѓате пари кои на некому му паднале дали парите би ги зеле или би му го вратиле на сопственикот (секако ако во новчаникот има лични податоци) или би ги оставиле парите каде што сте ги нашле
    :* :* :*
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    би му го вратила и не би ги ни гибнала парите и онака соственикот би ми дал некој денар како награда за добро стореното дело. бидејќи и јас самата го имам загинато ночаникот и му дадов добра сума пари на тој што ми го врати. :)
     
    На New.York му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Новчаникот не , парите ваљда .
    Освен ако не го сретнам сопственикот кај шо си ги бара парите.
    ТЕМА ?
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Никогаш не ми се случило да најдам новчаник, а ако најдам незнам дали ќе го земам или ќе го оставам. Ама ако го земам ќе го носам во полиција како што сум го нашла, нема ништо да чепнам.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Паричникот ќе го оставам, а парите ќе си ги земам :lol:
     
    На girl.09, Ruby.rose и crazylady им се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    714
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Парите ќе си ги земам :)
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    ми се има случено да најдам новчаник, и му го вратив на сопственикот, видов од личната картта, а тој не ме награди ни со едно чоколадо :devil:
    така да дај боже да најдам пак, ке си ги земам парите, а документите ке му ги пратам по пошта :D ;)
    и ич нема да имам грижа на совест, моја срека било да си го најдам, хиихихихи :devil: :devil:
     
    На LittlePinky, Ruby.rose и love23 им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Е лесно е да беа само пари.
    Колку пати сум нашла и сум си ги собрала... :D

    Ама новчаник до сега само еднаш, и тоа во друга земја. Не ми беше угодно да ги земам парите, од причина што се работеше за турист, па ми падна жалче. Се ставив во негова кожа, и пари , и документи да ми снема, ептен како изгубена би била јас. Го чував кај мене новчаникот 2 часа, додека седев на кафе, и за среќа човекот се врати на местото да го бара.
    Кога виде дека се е на место и дека не сум му ги собрала парите, беше изненаден. За фала ни ја плати сметака во кафичот. :)

    А во Скопје....па мислам дека би ги собрала парите. Тука се толку безобразни, што исто ти се фаќа ако го вратиш, или воопшто да не го вратиш паричникот. А сум губела до сега многу новчаници, и освен личнта карта, ништо не ми вратиле |(
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Би го вратила на сопственикот или би го оставила во полиција. Не би ги зела парите зожто некој се мачел да ги заработи , знам како би ми било мене доколку ми се случи истото. На што и да ги потрошам парите нема да ми биде кеф, ќе чувствувам грижа на совест :worried:
     
  10. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    ке си ги земам и ич око не ми трепнува :devil:
     
  11. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Ми се има случено да најдам новчаник со дечко ми... си ги поделивме парите а новчаникот го однесовме во полиција , дочкото беше студент и ни беше жал за документите, а иначe новчаникот беше најубав :inlove:

    Господ ке не казни цццц
     
  12. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    ае сите поштени, ќе го вратам, ќе го вратам
    Не го враќам бе, сум го нашла моја среќа, не сум го украла... Јас имам изгубено новчаник, не го најдов, се имав внатре, и возачка и лична карта... да не се загрижи некој за мене случајно. Си го зиам, пут под нозе и ич не ми е гајле!
     
  13. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    паа, не знам баш..секако дека би сакала да го земам зш кој не би сакал и веројатно би го зела, но потоа совета би ме мачела до немајкаде зашто и со тие пари не кој го истерува месецот :!:
    што да правам таква сум си, емотивно будалче :lol:
     
  14. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Јас искрено не би го ни земала, би го оставила таму каде што е, затоа што секогаш кога нешто наоѓаме, губиме нешто друго. Си знам од искуство.
     
    На Page и Phyramide им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Да е новчаник и да има лични документи во него, би го вратила со се сите пари... Дефинитивно...
    Ако си најдам пари само, ќе си ги земам :)
    Али нисам ја те срече... ретко наоѓам...
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Според товето кажување, кај и да е јас би требало значи да најдам пари или новчаник со пари, со оглед на тоа што 3 пати по ред изгубив :)
    Дај Боже да е така, ги зимам и уво нема да ме боли. Документите ке ги однесам во полиција или ке ги оставам во најблиската кафетерија или ресторан, па нека си ги најде сопственикот :)
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    ке ги земам без разлика дали има документи или не. Знам еден случај еден дечко најде новчаник со документи и пари внатре и го врати на сопственикот бидејки сме од мал град и секој со секој се знае. и сопственикот му правел проблем дека му фалеле 2 000 денари да му ги врати. А дечково не зеде ни динар како го најде така го врати. Затоа најсигурно земи си го и ич грижа на совест да немаш, ако не ти, некој друг ке го земе. И да изгубам нешто јас, знам дека и да го најде некој нема да ми го врати па не се замарам. :)
     
  18. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    3.290
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Пред неколку месеци на улица пред мене одеше еден стар човек. Изгледа дедото се враќал од пазарење, целиот беше натоварен со кеси, и му паднаа 1000 ден. Јас одма инстинктивно викнав: дедо ти паднаа парите...Се сврти, погледна долу, ги зеде парите, а мене ниту ме погледна ниту знаеше од каде доаѓа гласот, само викна - фала фала многу. Ете во овој случај така постапив, а да најдам новчаник фрлен на улица можеби поинаку ке реагирам :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Да би го вратила доколку има некој си документ внатре а сигурно не би отишла во полиција да ме шетаат од шалтер на шалтер со давање на изјави а ако нема документ внатре би го дала на првиот што проси.
    (суеверна сум а и ќе ме гризе совеста, ако ги земам парите знам дека после дупло јас ќе изгубам толку)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Јас би го земала односно - ако има пари внатре и документи, парите ќе си ги земам, а од документите ќе видам на која адреса живее човекот што го изгубил и ќе му го пратам новчаникот само со документи :)
    Едит. Темава е за во општи дискусии :)