Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Јас пет денари немам најдено а не паричник . :D
    Ако се важи најдов сега скоро во кола .
    Бог нека ми прости го оставив сопственикот да го жали на кратко време. 8)
    Како казна за неговото невнимание...
    Па се смилував .Зошто не го задржа ме праша?
    Затоа што не си го наполнил колку што можам да потрошам...
    Ете понекогаш Озбилна знае да биде неозбилна.
    А за мојата чесност части газдата нешто ситно. Маж ми :D
     
    На enca.69 и Abeja им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Да би го зела.
    Но, не за да го стрпам в ташна и да се насладам на парите.
    Туку со надеж дека внатре има лична карта па ќе го најдам сопственикот за да му го вратам.
    Знам колку тешко се заработуваат парите и колку боли ако загубиш пари.
    Пред се` цел новчаник со лична карта, и без грижа на совест да си ги потрошиш парите. :x
    Тоа можеби се последните пари на некој родител кој треба да купи храна за своите деца. :!:

    А, ако нема документација, и немам индикации кој е сопственикот, секако би ги потрошила парите.
    Но, со документи, ни на сон! :)
     
  3. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    До сега имам најдено 2 новчаника. За среќа брзо и успешно ги пронајдов сопствениците :) Во ниеден случај не би ги потрошила парите, дури и да нема документи. :!:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Би го земала.
    Ако има лична карта и слични ствари - арно, ако не, пак арно.
    Доколку станува збор за првиот случај, фино лепо би се потрудила да ја исконтактирам дотичната личност и не би ги пипнала парите доколку ги има, баш би било невкусно од моја страна да потрошам нешто.
    Ако нема документи, ондак сигурна сум дека ако ги потрошам парите после ќе ме јаде совеста. :tmi:
    Искрено, не би сакала да се најдам во таква ситуација, се надевам и нема. :|
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Би го зела, и ако има податоци обавезно би го вратила, а ако нема, а има парички, ќе си ги потрошам, би немала друг избор нели :lol:
    А цел живот викам јас нејќам да најдам пари, тоа значи дека некој ги изгубил, и немам најдено, ни 5 денари :lol:
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Би го земала, и како и повеќето на форумот ако има документи би ја нашла личоста што го изгубила.Не толку колку за парите, посо се потрошна ствар, туку за документите, пошо сите знаеме дека е процедура и се чека додека да се извадат :) ако не ќе ги потрошам парите (како би ја нашла личноста ако нема документи внатре :D ) ама искрено не би сакала да најдам туѓ новчаник по сигурна сум во она што си е мое, мое си е. Туѓо некам
     
  7. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Не, не би го земала. Би се направила како да не сум го видела и готово. :)
     
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    да и би ги потрошила парите :$ :P :)
     
  9. beautiful11

    beautiful11 Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Јас еднаш чекајки автобус на станицата за да појдам до школо, забележав дека на земјата има 1000 денари. Незнаев чиви се бидејки бев замислена нешто и кога дојде автобусот пред да се качам ги видоф на земјата а никој не стоеше до нив. Арно ама имаше и други луге што чекаа за автобус и не ги зедов за да не се зборува после вака и така за мене ме сфакате нели :) Инаку да бев сама на станицата би ги зела, убаво би ми дошле :D

    П.С имаше едно машко што исто чекасе за автобус па тој последен се качи и си ги зеде парите од земјата 8)
     
  10. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Да. Ако има документи ќе го побарам човекот, а ако нема и паричникот е со пари внатре, ќе си ги потрошам. :)
     
  11. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    време на рецесија е секако дека да :D ама ако има документи внатре и картички би го вратела,што се мора се мора :worried:
     
  12. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Ако има лични документи веднаш би го вратила на сопственикот,а ако нема-моја среќа бил:)
     
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ма не го враќам бре па што сака нека биде! (ќе се правам дека не сум ги видела документите) :devil:
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Би го зела новчаникот и право во полиција да се врати кај сопственикот.Нема ни да го отворам внатре.
    (Можеби само за да видам дали има документи или слично но парите ќе се на број и на место!! :P
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Само еднаш сум нашла новчаник на улица, сигурно на некое дете бил бидејќи немаше ништо од документи и со барбика беше новчаникот розов.50 ден. имаше внатре. :D Го земав што да му правам, го дадов на братучетка ми таа помала беше.
    А и сега да најдам повторно ќе го земам. Можеби сум ѓаволче ама... :devil:
    Ако има лична карта внатре нема да го барам сопственикот бидејќи нели парите ќе си ги земам :D туку ќе ја оставам личната карта некаде во центар да ја стават во излог(така прават кај нас) и да си ја види кога ќе проаѓа, да си ја земе. :D
     
  16. anastasceto

    anastasceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    6
    би го зела зошто да не еднаш најдов така одејки си накај дома и имаше 2000 денари тоа си е ксмет ако си најдеш..
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако внатре има документи, сигурно би му го вратила на сопственикот.
    Мајка ми досега изгуби и и беа украдени неколку новчаници, па знам какви се нервозите кога одеднаш остануваш не само без пари, туку и без важни документи, визит картички, запишани телефонски броеви. Па објавувај дека ти ја нема личната карта, возачката, откажувај во банка за картичките...
    За среќа, последниот пат, оној што ги нашол нејзините документи фрлени на улица (од новчаникот кој и беше украден во автобус) ни ги испрати на домашна адреса. Дури и сликите од мене и сестра ми ги имаше во пликото :)
     
  18. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Ќе го отворам новчаникот само за да видам дали има документи и веднаш би го однела во полиција.Никогаш не би се осудила да земам нечиј новчаник и јас да се збогатам па макар и 100 денари на туѓа сметка.А ако нема никаков документ и не може да се открие на кого му припаѓа тогаш дефинитивно било моја среќа :)
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Во случај да има документи во новчаникот би го однела во полиција. И да има пари во него јас би видела од чиста љубопитност колку се, ама не би ги земала парите. Инаку да незнам чив е моја среќа е тоа :)
     
  20. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Парите ќе ги земам, и новчаникот ќе го фрлам пак на улица па кој ќе го најде нека го бара сопственикот. :D