1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Пред некое време ми се случи на улица да најдам новчаник со документи немаше многу пари околу 400 денари и веднаш го пријавив во полиција, не вредеше за толку малку пари на човекот да му направам проблеми за доклументите, да ги немаше податоците на сопственикот немаше да пријавам сепак тогаш ќе беше моја среќичка :)
     
  2. ButterflyWings

    ButterflyWings Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Во живот немам најдено пари на улица,ама подобро ако размислам колку многу ме имаат крадено мене ,ич нема да се мислам да ги земам ако најдам ,ЌЕ СИ ГИ ЗЕМАМ :emo: (кој ќе си ги најде негови се) :hai:
    а ако има документи ќе ги вратам и документи и пари и се ...проклета да е хуманоста во мене :tmi:
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Ни минута не размислувам си ги земам, моја среќа :rofl: :lol:
     
  4. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    Па најверојатно би ги зела,а документитие ќе ги вратам т.е. ќе ги пратам на адресата на тој што ги изгубил. И сите задоволни,јас пари-другиот документи 50/50 :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Кога би нашле новчаник со пари на улица дали би ги зеле?

    па искрено парите би ги земала а ако има документи ќе му ги вратам оти знам како е да се оди да се вадат нови документи!
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.521
    Немам срце да ги земам парите и не би го направила тоа.Би го вратила комплет онаму каде што припаѓа.Прво,затоа што ете не можам,совест ќе ме изеде,а второ сум била во ситуација да изгубам новчаник со пари и не го добив назад,ниту документи,ниту ништо.Исто така мајка ми изгуби новчаник,утредента го најде празен со документите пред влезот на работа,веројатно и паднал кога излегла да си оди накај дома.Потоа се деси,татко ми да најде паричник и го врати комплет на една женичка,немате поим колку беше благодарна.
    Не е моја среќа во прашање,туку туѓа несреќа.Од каде да знам за што му биле парите,па можеби и последни биле...
    Пред некоја година другар кој живее со баба му и брат му и сестра му,немаат родители.Сестра му била во банка да ја земе пензијата на баба му,враќајки се ете од невнимание,го изгубила новчаникот...и немаа пари до крајот на месецот,едвај се снаоѓаа од тоа што тој работеше колку што можеше,а студент...
    Така што...не би,не фала.Она што е мое,ќе си го заработам чесно.Ајде да нема документи и сето тоа,стварно,ете можам да го доживеам ко своја среќа,ама ако има документи,ќе го вратам па што сака нека биде.
     
    На LittlePinky, Angelche, sweetheart10 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кога би нашле паричник пол со пари на улица дали би ги зеле?

    Не сум била досега во ваква ситуација. Кога ќе размислам подобро, мислам дека би го вратила, комплет со документи и пари. Што да правам, таква сум-ќе ме изеде совеста. :tmi:
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ми се случи пред некое време пред влезната порта од дома, да најдам новчаник во кој имаше околу 800 евра...Откако го здогледав само го зедов и дојдов дома...Го отворив и внатре покрај парите имаше лична карта, верска книшка, специјален работнички пасош за Италија...Го зедов новчаникот во мене и тргнав пак кј што бев тргната. Човекот кој што беше во продавницата близу мојата куќа беше сопственикот на новчаникот. Кога дојде да ја плати сметката, а јас чекав на ред, почна да паничи поради што во себе не го најде својот новчаник. Јас можеби малку иронично но го прашував за него, дали тој е тој и тој ( со име и презиме )... Откако потврди го извадов новчаникот и му го вратив. Човекот беше преблагодарен, богато ме награди за тоа и дури ми рече: -„Да ги земеше сите пари и се друго само да ми го вратеше пасошов за Италија“....

    Така да кога би нашла новчаник со потадоци би го вратила таков каков што сум го нашла, а кога би бил без податоци или би нашла само пари би ги зела - МОЈА СРЕЌА :)
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Кога би нашла паричник со пари на улица не би го зела, без разлика колку пари има или пак што и да има во паричникот :)
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Без пари, што ке ми е?
    Шала. :lol:

    Ако има лична карта или некој документ кој ми ја посочува личноста, би му го вратила новчаникот и ни денар нема да пипнам, ама ако нема никакви лични податоци џабе да се правиме светици сите, би си ги џапнале за себе парите + ако има и некоја илјадарка, трговски here i come! :D
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ќе си го земам и ич око нема да ми трепне.
    Тоа е мојот најголем сон - си одиш ноншалантно по пат и оп - новчаниче со пари.
    Замислувам евричи, доларчиња, богородички, ма полн внатре! ^_^
    (yeah, right, dream on) ;)
     
    На plawa, femina90 и Offspring им се допаѓа ова.
  12. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    329
    ако најдам новчаник со лични документи ќе го вратам со се пари
    ама ако најдам пари како пред некој ден на улица 50 денари :) одма ќе ги потрошам на нешто благо :)
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.862
    Имам најдено.. Беше со евра, на дечко моја возраст..
    Го вратив, дечкото се спремал за на пат и затоа имал евра. Си добив 100грама кафе како фала :D
     
  14. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Имам најдено пари на улица и си ги земав. Да не ги земев јас некој друг сигурно :D
    Но доколку најдам новчаник и има лични податоци сигурно ќе го вратам. Ќе бидам среќна поради моето добро дело и ќе се надевам на заслужна награда :)
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ќе го задржам, зашто знам дека јас да изгубам мојот - НИКОЈ нема да ми го врати...

    Сепак, татко ми еднаш најде куфер со документи, печати, чекови и новчаник. Од печатот го виде бројот на сопственикот и му ја врати.
    А тој кога го видел, само си ја земал и си отишол. Ни фала ни бутур... толку од благодарноста... |( - (сфаќате што сакам да кажам...)
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Татко ми кога го изгуби новчаникот со се пари и документи, никој не му го врати. Човекот се нервираше со денови, а со месеци додека направи скорз нови документи.

    Така да од ова искуство ако најдам новчаник документите би ги вратила по пошта или било како, а парите, е за нив не се мислам :lol: 8)
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    На темава ќе раскажам еден настан кој се има случи на моја блиска личност! Мене ми звучи помалце како прикаска :lol: ,ама е вистинска случка,искуство на мој блисок!
    Пред отприлика 20 години човекот нашол ташна заборавена во дуќанот каде што тој работел како продавач! Не ја отворил надевајќи се дека сопственикот ќе се врати! Сепак никој не се вратил по ташната! Ја зел човекот дома ташната и во неа нашол гоолема сума пари :o (колку за една куќа (така ми рече самиот ,,среќник,,кој ги нашол парите))
    Цела вечер не спиел и наредниот ден по документите кои биле во ташната го нашол сопственикот! Му отишол на врата и го затечел целото семејство во солзи! Луѓето биле разочарени дека изгубиле голема сума пари што ги заработиле многу тешко во странство!
    Ги вратил парите до денар и одбивал било каква награда :!: ! После случката станале пријатели и сеуште одвреме навреме се гледаат!
    Реално кажано,ретко кој така би постапил! Мислам дека голем процент на луѓе би полакомилие по големата сума и би ги задржале парите!
    Се имам замислено во таква ситуација и имам поделено мислење! Од една страна си велам дека ќе ги задржам парите а од друга страна пак жал ми паѓа за несреќниот кој го изгубил новчаникот! |(
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право изгубен новчаник сум нашла три пати. Секој пат имало документи во нив, во два имаше повеќе пари, а во едниот 50 денари. И сите ги вратив, два оставив во полиција, а третиот беше на еден комшија. Само пари кога ќе најдам на улица(што е реткост)ги земам, бидејќи немам на кого да ги вратам. Па и тогаш ми е шубе, зашто знам дека после може ќе изгубам повеќе од што сум нашла, или нешто друго ќе ме снајде. И телефони имам наоѓано, ама се си враќам, што од страв од кармата, што од тоа, бидејќи и јас сум целата изгубена, знам како е кога губиш работи. Личната карта еден Господ знае колку пати ја имам изгубено, еднаш по пошта ми ја имаа пратено :)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не. Се се враќа, се се плаќа. Штом сте земале нешто што не е ваше, ќе ви се врати од друга страна - karma is a bitch.
    Ако земам нечии пари како прво ќе ми биде шубе. Од кај да знам каква судбина и приказна се крие зад нив?
    Можеби некој штедел, тргал залчиња храна на страна за тие пари и јас да му ги земам из чиста мира?
    Како второ, еднаш бев ограбена, и да ви кажам ја гушкав низ солзи жената од ЈСП која ми ја пронајде зафрлената чанта и наовчаникот со документите и се потруди да ме пронајде на секаков можен начин и да ми ја врати. Знам какво е гадно чуството кога нешто ќе изгубите или ќе ви снема. Не би сакала да си ги трошам паричињата на некој кој во тој момент тагува или пак да не се потрудам да му го вратам паричникот и да му предизвикам насмевка на лицето и да го стопам каменот во срцето.

    Не сум во таква очајна состојба да ми притребаат туѓи пари, најдени, кои не ми припаѓаат и не сум ги заслужила. Сакам да сум една од тие за кои се вели - дека светот не е отиден во неповрат.

    Наречете ме патетична и крајно егоцентрична будала (да, причината е делумно себична), ама јас сеуште верувам дека луѓето се добри. Зошто? Затоа што верувам дека кога мене ќе ми се случи нешто лошо, не дај Боже, ќе има уште една ваква патетична будала која ќе сака да ми помогне.
    Убаво е чуството дека колку и да сте сами, не сте осамени и има кој да ви помогне и да биде чесен со вас.
     
    На LittlePinky, Nevermore, Angelche и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ако најдам пари без документи или пак новчаник без документи парите ќе си ги земам. Ама доколку има документи ќе го вратам со се внатре.