Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Можеби се за да се исплати платен убиец или некоја мафија... :!:





    :P
     
  2. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    Кога бев во Австриа со братучед ми на улица најдовме паричник и го зедовме внатре имаше 800 евра и документи го најдовме човекот и му го однесавме дома паричникот :) и за благодарност ни даде 50 евра прво ги одбивме но откако многу инсистираше ги зедов :) :D
     
    На anakond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Сум нашла и вратила новчаник во Грција на еден гост во истата вила каде што престојував и јас и имаше 2000 евра :o Но сепак човечкото во мене преовлада и го вратив, па човекот од благодарност што ли не ми изнакупи :D
     
    На anakond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Зависи до ситуацијата. Ако познавам некој на кому навистина му се потревбни пари во моментот, а јас немам за да им дадам, би им ги дала тие пари. За мене никогаш не би ги задржала. А, ако се` е во ред, и секако, ако има документи за идентификација, веднаш би ги вратила на сопственикот. :)
     
  5. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Да земам туѓи пари, не тоа не ми можела да го сторам. После да ме колне. Не сум толку лакома сепак тој човек со пот ги заработил, може и долго време правел се за да ги добие, или пак може е во криза и секој денар му е битен. Не не би можела да земам нешто што мене не ми припаѓа. Инаку ако најдам некое динарче ситниш на улица си ги зимам, пошто и да не ги земам исто ми се фаќа не се знае чиви се,ако не ги земам јас друг ќе си ги земе :)
     
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Доколку има лични документи би ги вратила, а доколку има само пари, би ги задржала, сепак јас лично без податоци нема да можам да го најдам сопственикот а полиција не би вмешала( таа би ги земала парите и ќе го фрли паричникот).

    Не сум личност што прави такви работи, секогаш што најдам враќам, дури и на пазар кога од 500 денари кусур ми вратија како да сум дала 1000 ден ги вратив парите, си кажав колку имам дадено. Но од трафика со дечко ми земавме 2 пакли цигари а плативме една. Девојката дала една пакла и дечко ми ја земал, јас барајќи се во новчаникот за ситни пари не видов, девојката оставила уште една пакла, јас дадов ситни пари и си ја земав паклата. хахах. Подоцна сватив што направив.
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Немам срце јас да ги земам парите.
    Цел живот би ме прогонувало тоа. Значи не би земала ништо од никого.
    Една другарка најде еднаш новчаник заедно бевме двете се чудевме што да правиме и ја извадивме личната карта и се погоди да имаме една другарка од местото од каде што беше лицето на личната карта па таа одма најде број и ја исконтактира.
    Замисли она не ни знаела уште кога и се јавија дека и го нема новчаникот.
    Дојде одма и ни кажа дека внатре и се сите картички со пинови запишани, имало евра за запишување магистарски. Кој знае колку пар бил полн.
    Не и се веруваше дека не ни и проверивме колку пари има, и нормално после бевме заедно на ручек.
    Но оваа другарката истата што го најде новчаникот и се случи после некое време во градски да и го грабнат нејзиниот со цела плата, како ја извадила платата влегла во автобус и кога се симнала нема пари.
    Хаос.
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Кога би нашла паричник со пари на улица,прво нешто би го земала да го погледнам,да видам дали има некои документи или сл.Ако нема,ќе го оставам повторно на улица или таму каде што сум го нашла.Можеби нема да ми верувате,но јас 10 денари да видам на улица не ги земам,од каде да знам може некој малер ќе ме тера потоа.Ќе ми рече некој среќа било,каква среќа,јас не земам ништо туѓо,макар 10 денари изгубени да се.Да,знам дека не е крадење да најдеш така нешто на улица,но сепак јас тоа го сметам за туѓо,не е мое и нема што да го земам. :wasntme:
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Па ако има во него над 20.000 денари би си ги земал и ќе отидам да си купам нешто облека. А ако има ситни 2-3.000 денари ќе ги оставам. Може некое циганче ќе си ги собере и ќе ги даде на мајка му.
     
  10. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Фалабогу , би му ги вратила , се ставам одма себе во таква ситуација , па колку мене би ми значело некој да ми ги врати истите ..и 1,000,000 + да има внатре ..не би зела ни денар :)
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Aко во паричникот има лична карта или други документи на кои пишува чив е паричникот ќе го вратам. Сите знаеме како тешко се преживува и од каде да знам може последните пари му биле на човекот може со нив семејство треба да храни цел месец. А ако нема никакви документи ќе ги земам парите не дека сум алчна или себична ама имам комшија полицаец кој еднаш зимата дојде кај нас на седење, на кафе и кажуваше дека секој најден/пријавен паричник со пари не го барале сопственикот туку парите ги делеле со колегата со кој биле на смена. :x Подобро јас ќе го земам отколку тие што за дремење земаат плата плус малку им е па и најдени пари делат, за срамота. Ако нема документи секако ќе го земам и скријам се случува кога и на моите им требаат пари па немаат во моментот па да им излезам во пресрет и помогнам. Инаку кој не осетил на своја кожа незнае како е. Татко ми има изгубено паричник со се лична карта внатре, елаборатот нешто за куќата некој лист и 2500 денари пари. Сабота беше зимата мајка ми дојде од работа а требаше во град да оди по плата ама многу и беше лошо и не отишла.Носот и течеше, грлото ја болеше и уште што не целата беше пребледена а во неа немаше ни скршен денар. Требаше да извади плата ама не отишла оти лошо и било. Му се јавив на татко ми тој во болницата бил инсолин требаше да и препише или земе и рече имам пари ќе земам се што треба. Во болницата се бркал по џепови ваму таму и новчаникот со се му испаднал. Примертил дури во Макпромет ама џабе веќе се вратил во болницата никој ни видеш ни слушнал. Можел барем личната карта да ја врати оти за да извадиш друга треба и време и пари. И ништо се врати дома така. Ајде апче најдовме ама требаше лимони, кисело млеко и уште што не. 5 минути го молев продавачот да му даде и во понедленик ќе му однесам пари ама многу клет човек е не дава така ако не платиш одма нема. Додека очите не ми се насолзија не ме сфати сериозно ми велеше дека сум се мајтапела со него јас му викам на мајка ми и е лошо тој ми вика нека дојде татко ти. Па зарем и него да го малтретирам по ладното. И ајде некако се сожали ми даде тоа што требаше. Затоа ако има документи сто посто ги враќам ама не ги давам на полицијата туку лично ќе го побарам човекот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема! Не се раководам по девизата: “Кој си го најде, негово си е“... зашто не сум ни лакома, ни алчна и нема зашто да се грабам по нешто што всушност не е мое!
    Туку, ќе се потрудам да го најдам сопственикот на паричникот, а ако не го најдам ќе ги донирам парите у хумани цели или на некој што нема! (без разлика колку пари има во паричникот, и да се малку за некого ќе бидат многу) сведоци сме дека немаштијата е и тоа како присутна во денешно време!
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Ако има внатре документи, ќе се обидам да го најдам сопстввеникот и да ги вратам. Ако има само пари, ќе си ги земам. Можеби тој што ги изгубил навистина има потреба од истите, но тешки времиња се за сите. Колкава и да е сумата, ќе послужат за нешто. Ако има фотографии, според нив ќе го побарам сопственикот. Ако е празно, ќе го фрлам.
     
  14. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Исто како и претходниот пост, доколку има документи, фотографии ќе го најдам сопственикот и ќе го вратам. Но ако нема такви работи ќе однесам во полиција. :)
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Веќе два пати сум вратила нечиј новчаник, мислам дека ако не го вратам одма дупло ќе изгубам а и греота е.
     
  16. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ако има пари и документи или слика, ќе го вратам. Можеби на некој тие пари му биле последниот денар, може му биле за лекови, за храна или неговата плата или пензија. Но ако нема ништо за идентификување, и ако никој не се врати по паричникот, би си го зела.
     
  17. Loss

    Loss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    14
    Ако видам дека некој си го бара или внатре има лична карта, возачка или некои документи тогаш ќе го побарам сопственикот и ќе го вратам. Но доколку нема ништо од тоа и нема некој кој во близнина го бара ќе си го земам.
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Доколку внатре има возачка, лична карта или пак некои други документи, би го пронашла сопственикот на новчаникот и би го вратила. Ако пак нема никакви информации за сопственикот во новчаникот и никој не го бара, тогаш би го зела.
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Секако ќе си ги земам парите ако нема некој друг документ како лична карта или нешто друго.
     
  20. sinorinJa

    sinorinJa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Не.прво би се потрудила ако е можно фа дојдам до сопственикот да му го вратам.Преку лична карта ако е внатре или некој друг документ .