1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас го заобиколувам, искрено имам страв и предвремена совест, па се правам дека не гледам. Ни пари ни документи, не мислам да одговарам за тоа, не е мое и крај :angel:
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Имам најдено новчаник, во тревникот во школкиот двор, арно ама беше празен а со убав дезен и си го задржав, до ден денес си го користам. Немам најдено полн новчаник досега, а пари имам наоѓано паднати. Лани неколку дена пред нова година си најдов пари стуткани на тротоарот, ваљда на некој му испаднале од џеб и претпоставив дека деца собирале за нова година па ги загубиле, кога ги видов очињата ми светнаа. Како што бевме шворц со дечко ми тој беше тогаш за кратко невработен и немавме пари за нова година. Само се наведнав ги собрав и почнав да трчам. Како да бегав, божем некој ќе ми ги земе. Што е најтрагично само ги бутнав во џеб парите и ги стиснав, не ни видов колку се и така трчам накај дечко ми, стигнав му тропам на вратата, тој ми отвори и му викам целата задишана и под импресии: јас си најдов пари :o И дури тогаш ги извадив и ги пребројав :D Имаше 1230 денари.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истото мислење уште мислам дека ако ете на пример ги земам и некако ми е страф да не ми се врати па јас да изгубам нешто дупло или тродупло повредно од тоа што сум го нашла :D
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    би си ги земала парите и ич око нема да ми трепне ;)
    а баш сакав да споделам една случка со вас.Пред околу 6 години маж ми тогаш дечко најде актовка полна со пари и тоа евра.Актовката си ја заборавил некој ГОСПОДИН човек на хаубата од колата на маж ми.Тоа се случило пред една продавница за мебел.Овој мојов бил на излегување од продавницата кога го видел човеков како збори на телефон покрај колата и ја оставил актовката на хауба.Најверојатно заборавил на неа си се качил во сопственото возило и си отишол.Маж ми викнал но доцна било.Само ја ставил во кола не ни ја отворил.Кога си дошол дома одма ми се јави и ја трк кај него :lol: Сеуште ја немаше отворено и на никој друг немаше кажано.Кога ја отворивме(не беше заклучена) внатре имаше па одприлика околу 10 000 евра,така фино стокмени.Сакав да ги пребројам но маж ми не ми дозволи,бидејќи ќе има отисоци од прсти и сл.Освен парите имаше и документи од некоја фирма.Му велев да не ги враќа ама беше решен да ги врати и така и направи.Утредента се јави на телефон во таа фирмата и се дозна дека газдата на фирмата бил тој што ги изгубил парите(да не кажувам која фирма,да не правам реклама)само ќе споменам дека се занимава со репроматерјали за мебел.Кога се договорија да се сретнат за да може да му ги врати парите и документите,маж ми го препознал дека бил тој човек,му ги вратил културно,овој само му се заблагодарил и си отишол.ААААААААА колку само викав тогаш.Да загубиш 10 000 евра ако не и повеќе и да не дадеш ни 10 евра како благодарност !!! Каков лик ќе да беше тоа,а и овој мојов од што е поштењачина жива си остана со куси ракави :D Секогаш кога ќе се присетиме му вика аххх камо таа среќа јас да најдам к*р што ќе ги вратам :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Ако, ако, пишувајте вие, ама јас ќе го начекам тој што ги зел парите што ми паднаа пред некое време, според вашиве постови :devil: па ако ви стигне од мене ЛП поарно не ја отварајте :D

    Да најдам пари - ќе ги земам.
    Да најдам паричник - ќе го земам, ама ќе го барам сопственикот.
    Имам загинато паричник, ми го најде една личност и ми го врати. Само јас си знам колку бев исплашена тогаш :sweat: а личноста и ден денес ми е драга поради тоа.
    Исто така еднаш додека одев ми паднал без да почувствувам, па еден љубезен постар господин ме викна и ми кажа (а можеше слободно да си го земи).
    Така да не можам да го земам за мене.
    Можеби ова звучи вештачки или не знам како ама многу подобро за мене е чувството кога ЈАС му го враќам новчаникот на една испаничена личност( абе кој филинг ејј, јас сторив добро дело 8) ), откако да си ги најдам парите и со насмевка да ги пикнам в џеб.
    Море јас како што сум ваква, не би можела да заспијам после тоа :( И цело време ќе си правам слика од тој што го загинал новчаникот, па ќе ми доаѓа во главата дека тоа е некој кутар човек :tmi:
     
    На FortuneTeller.xD и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Хммм..... Зависи ...

    Најверојатно ДА :lol: ама ако забележам дека има малку пари па пре ми се исплати да изигрувам добра вила одколку да ги земам парите :lol: , ако забележам документи од некој згоден, секси хооох :P ај на кафе па ќе ти го дадам :lol:
    А сега сериозно ако најдам од старци го враќам некако жал ми е па со вакви мизерни пензии фала му на Бога не сум допрела до тие пари ... А уствари и по самиот паричник можеш да препознаеш кој до кај е .... ама ако најдам полн пари со евричи ... сега да не глумиме лудило секоја би го зела ;) :)
     
  7. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Мене ми се деси во пешачење најдов кумпче со пари од по 5000 и 1000 денари ставени во проѕирна кеса и јас ги видов ама продолжив да си одам и парите ги оставив а позади нас имаше човек возрасен и јас откако заминавме се свртев назад да видам дали се уште тука и парите не беа тука.Што ззначи дека човекот озади нас си ги зел :lol:
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ;( Зошто мене не ми излезе на пат кеса со 5000ки?
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Не сум се нашла во ситуација да најдам паричник, ама кај братучетка ми во двор најдовме фрлен, претходно земени парите и само документите и слики внатре. Веднаш се јавивме кај сопственикот и дојде жената со кафе и сокче. Благодарна беше до бескрај, особено зошто личната карта и била нова.
    Инаку ако најдам пари на улица најверојатно ќе ги земам, како деца ќе најдевме денарче или две и си ги земавме, среќа ни беа, па ги чувавме. :$
    Од новчаник не би зела пари, комплет ќе го вратам. Шубе ќе ми е да ги земам парите, а од друга страна да глумам финоќа, па да ги вратам само документите. И секако би сакала од сопственикот да добијам едно БЛАГОДАРАМ, а ако не се случи тогаш знам и во фаца да му плеснам за некултурата.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Имав 10-11 год...пред мене одеше една жена и и падна паричникот. Се стрчав , го земав и и го подадов. Уште да ме истепаше :@
    Си ветив ... НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОБИДАМ ДА ВРАТАМ НАЈДЕН ПАРИЧНИК :!:

    и се случи.....повторно најдов..и убаво си се почастив ( за да не ме јаде совеста најубавото беше што најдов маица , а во џепчето имаше пари...девизички :) , а немаше податоци за сопственикот)
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ако најдам пари на улица - ги земам, не размислувам. Ако не ги земам јас, некој друг ќе ги земе сигурно. А ако најдам паричник со податоци за сопственикот, ќе се обидам да исконтактирам со истиот и да му го вратам паричникот во состојба во која сум го нашла. Сепак, може и мене да ми се случи такво нешто, па не би сакала некој да ми го најде паричникот, да има можност да ме исконтактира, а да не го направи тоа или да ми го врати без пари.
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Не! доколку има лична идентификација во него преку која можам човекот да го најдам, но доколку нема би ги земала.
     
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Парите ќе ги замам - новчаникот НЕ - не ми треба :$
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еххеххехех и јас постојано си го замислувам истото кога одам по улица ;) да не излезам од дома да не го помислам ова :lol: секогаш си викам во себе како не најдам сега некој загинат новчаник со поке парички внатре ]:)
     
  15. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Па ако не го земам јас друг ке го направи тоа целиот проблем е тоа сто ако во него има документи или само лична карта епа ептен ке ме гризе совеста а така само пари па не би му ја мислела ке се почестам ваква срекја нема секој ден :tmi:
     
  16. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имам чичко кој живее во странство веке 40 години. Пред 15 години, кога дошол во македонија, граделе куќа. Отишол во банка да извади пари, во тоа време извадил 10 000 марки. Оделе по стоваришта, да купуваат материјал за куќата и со себе ги носел парите во длабок внатрешен џеб од пролетна јакна, заедно со сите документи.
    Си отишле дома, и што да видат пари нема, пасош, лична карта ништо.
    Чичко ми уште болен што не паднал.
    После 2 дена на врата со полицаец дошол постар човек Албанец, му ги вратил до последен денар.
    Чичко ми ако кажам не ке излажам, на човекот одма му дал 500 марки, не за друго туку најмногу за документите што му ги вратил.
    Ах јас да најдам 5000 евра... ке ве частам сите што сакате! :D
     
  17. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Никогаш не би го зела затоа што можеби човекот за да ги добие тие пари и не му е било баш лесно ..па затоа душата не би ми дала да му ги земам ..туку да му ги вратам на сопственикот :)
     
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Не сум нашла, а ако би нашла најверојатно би го зела, би ми завршил огромна работа во моментов :|
    а ако не го земам јас сигурно ќе го земе тој позади мене...
    а имам една другарка што трипати наоѓа пари на улица... два пати „поситно“ 1000ка ама еднаш поквалитетно ...евричи беа у прашање
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Па... ако не го земам јас, ке го земе тој после мене... затоа подобро јас да се жртвувам и клетвите да ги јадам отколку некој друг.
    Хумана Мерлин.
    За доброто на народот. :!:
     
    На plawa, Jojoba и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Еее ради совеста јас изгубив 50 денари како мала |( Видов кај мене пред зграда 50 денари на трева и ги гледам така .. Ја викам другарка ми да дојде да види што сум нашла .. Страв ми беше да ги земам , да не ме види некој . И дојде таа си ги зема :swear: :tmi: Колку сум глупа еј :D
    Јас би го земала . Вака викам а пред 2 недели на автобуска видов новчаник и не го земав . Викав да го земеме ама не ме подржаа а и жената се врати откако видела дека и го нема :D
    Иначе татко ми има најдено Своч саат , телефон самсунг и уште си ги користи :D