Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би нашле паричник со пари на улица дали би ги зеле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PinkPrincess, 5 мај 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Познавајќи се себе си, како Мајка Тереза сум :lol: , ќе го земам и нема да однесам во полициска станица туку сама според личните податоци ќе го најдам сопсственикот и ќе го вратам. Ако го земам и ги искористам парите знам дека ќе ме јаде јанза, ако па не дај Боже се случи нешто ќе се изедам...затоа ќе го вратам.
     
  2. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    А исто така заедно со другарка ми најдовме 100 денари на улица паднати и другарка ми вика ајде да ги земеме ама јас не се согласив и таа оди до парите и ги зема.И потоа појде во породавница да раситне да има за двете по 50 но јас одбив да ги земам ако ги земев потоа ке ме гризеше совеста иако во прашање беа само 50 денари,и другарка ми вика епа тогаш фала и си ги стави у џебот и моите и нејзините 50 денари :D :D :D

    А исто така моите другарки на голем одмор во училиште нашле паднати пари не ми текнува колку и ги зеле и отишле во продавница и си купиле мастики а кога ми кажаа од каде ги начле јас ги одбив и мастиките си ги зедоа тие
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Никогаш немам најдено ни денар..ама изгубено..ехеее :lol: . А и кога би нашла мислам дека би пробала да го вратам некако..па можи на некој му биле последни парички :( , знаеме како живееме денес. А инаку братучед ми најде актовка со 5 илјади евра и не ги врати :| . Јас така би умрела од страв, ама ете до ден денес не го дознаа а тој си извади еден преубав одмор со жена му. Мене ми донесе сувенир од Египет. |( . Тнх куз. :| .
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Порано често наоѓав пари на улица, ама сега изгледа мојава среќа отишла на годишен одмор :lol: Ако најдам новчаник, или како што пишува во темава паричник, не знам дали би го земала.... :?:
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Никогаш не сум нашла пари, макар ни 100. А ако најдам ќе си ги земам, зошто јас миљон пати сум губела и повеќе пари па никому ништо(да си надокнадам :!: :lol: )

    Ако најдам новчаник со лична карта ќе му ги вратам, а ако е без документи ќе си ги земам сега што :$

    А кога би нашла мноооооогу пари, абе не би ги зела, цел живот совест ќе ме гризе, ќе полудам. хаха :D
     
  6. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    ќе си ги земам парите а новчаникот ке го оставам на истото местоо... толку се гнасни лугето во Македонија што не заслужуваат човек да прави добри дела за нив... сите пишувате дека нема да ви биди убаво да се најдете во иста ситуација а не размислувате дали ако најдат ваш новчаник на некој ке му биде гајле за вашите парии....нема вејке хумани луге... ;) :D
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ако видам кому му паднал ќе го земам и ќе ја гонам личноста да го вратам :D
    Ако е така паднат само, а незнам чии е и нема никој околу, ќе го земам, ако има внатре податоци ќе го вратам, ако има само пари - моја среќа :) Не би чувствувала вина зашо ионака оној што ќе налета после мене ќе го собере. Кутриот што си го изгубил секако ќе страда, жал ќе ми биде за него али ако неможам да помогнам, тоа е.
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Ако е со документи ќе го вратам, т.е. ако видам новчаник па не знам дали воопшто и ќе го земам, некако шубе ми е. Ама пари... :o одма без размислување. Имам една познаничка константно наоѓа пари на улица и тоа 500, 1000, понекогаш и евра. Последно најде 10 евра |( и јас имам најдено да... 10 денари како мала и тоа во двор |(
     
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936

    И на крај сфаќаш дека биле твои. :D
     
  10. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    851
    Па доколку има и документи не би ги зела зошто ќе чувстувам грижа на совеста како да сум ги украла од човекот,а доколку најдам само пари ќе земам и ич нема да му ја мислам.Зошто да ги оставам на наредниот минувач да им се радува!? :D
    А најмногу би била среќна кога некој загуби пари на училиште и ги најдам,е тоа ќе ми биде баш по ќеф зашто многу пати сум изгубила пари и никој не ми ги вратил,а и 500 имам загинато во шесто одделение,за на екскурзија требаше да платам.Ама ете,некој воопшто не се интересираше како ми е мене,а и на моите кои дупло повеќе се потрошија за екскурзијата.
    Аа,и исто така и шалче си имам загинато,подарок од тетка ми,а едно девојче од другиот клас си го најде в соблекувална и секој ден го носеше без срам на училиште! Пред мене ми се кити со мое нешто! :@
    Еех,тоа ти е светот...
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да најдам еднаш, ќе го земам без размислување,чисто да се пофалам дека сум нашла новчаник полн со пари.
    А понатака ако наоѓам,ако има податоци,ќе го враќам,ако нема ќе си го земам сепак. :lol:
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Зависи од расположението :)
     
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Ако најдам само пари без наовчаник би ги зела (моја среќа),а ако најдам наовчаник со пари би го зела и доколку има податоци за сопственикот би го вратила без денар да фали од него, а доколку нема податоци би со го задржала за себе. Ма да не се сеќавам кога последен пат сум нашла скршен денар. :lol: Нешо ксметот не го бива.
     
  14. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Паааа....ќе го земам и ќе го вратам али без пари :rofl:
    Сигурно во тој момент на никој нема да му биде дојдено до парите,кога ќе помисли на сите работи што треба да ги помине за да извади нови документи.
     
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    ми се има десено и мене и на моите и верувајте ми и чесен збор како што сме го насле така сме го вратиле со пари со се документи :)
     
  16. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Си имама најдено паричник, али онака со визит карта, лична карта, воазачка, и имаше доста пари..:$ Земав личните податоци ги исцепав, новчаникот оти беше кожен си го земав, и парите ги фрлив оти некој можел да ми ги препознае..

    бев мала...глупачка..а новчаникот го скрив дома..xD
     
  17. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Ако најдам само пари, ги ставам во џеб и бегам! 8)
    Ако најдам новчаник со пари, пак ке си ги земам.
    Ако има лични податоци се ќе му вратам на човекот без денар да фали,се надевам ке биде благодарен :)
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    исто скроз исто :D
     
  19. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Ми се има случено да најдам новчаник во такси ама коа го видов,веднаш му кажав на таксистот,кој како возел и он го зема,незнам после што направил он.Неможам туку така да земам,нешто што не е мое,не е мое и би ми било жал...може на некој тоа му се последните пари...
     
  20. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Да најдам новчаник го зимам ич не му ја мислам, моја среќа негова несреќа :) можеби документи ако има ќе му ги вратам само документите, ама реков Можеби! :D